Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Информации од јавен карактер

Почитувани,

Ве известуваме дека Општина Богданци, согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл.весник на Рм.бр.13/2006) го определи Државниот службеник– Даринка Пеева вработена во општинската администрација на Општина Богданци на работно место - Помлад соработник за јавни дејности и координација на процесот за воведување на стандарди,за службено лице задолжено за посредување при остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во општина Богданци.

Контакт телефон 034222-333; 078 321-532;

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

На следните линкови може да ги преземете:

Упатство за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Жалба

Листата на информации од јавен карактер

Одлука за утврдување на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации

 

МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР - МАТЕМАТИКА БЕЗ ГРАНИЦИ

Во периодот од 30.06 до 01.07. 2018 година во Несебар, Бугарија се одржа Финалето на V Меѓународен турнир "Математика без граници" .  Во финалето учествуваа 1300 ученисници од 15 земји финалисти: Бугарија, Австралија, Азербејџан, Виетнам, Иран, Казахстан, Кина, Киргистан, Македонија, Малта, Русија, Романија, Турција, Узбекистан и Филипини. Македонија учествуваше  по втор пат во финале со 42 учесника меѓу кои и учениците од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и СОУ „Богданци“ Богданци. Наградени ученици од Богданци се: Ивана Ѓорбашлиева, Илија Чрчев и Дори Иванова, сите со бронзени медали а останатите учениците се здобија со пофалници за учество.

      

 

Одговорниот организатор за Македонија на овој турнир, Адријана Тодорова, наставник по математика во ООУ „Петар Мусев“ Богданци, го доби највиското признание на турнирот доделено на наставник- странец за мотивациона дејност во областа на математиката и организациона дејност за турнирот, кое и беше доделено од Градоначалникот на Општина Несебар, под чие покровителство е и турнирот.

 

Наставници од Богданци кои, исто така, добија признание за залагање во севкупната организација на  турнирот се: Драгица Ѓавочанова, Адријана Тодорова и директорот на ООУ „Петар Мусев“, Атанас Нанчев.

Честитки до учениците и наставниците и огромна благодарност до спонзорите: Општина Богданци, Баџо ДООЕЛ, казино Фламинго, ООУ,, Петар Мусев,,  СОУ ,,Богданци,, и родителите на учениците кои овозможија да се учествува на овој натпревар. 

Учениците – учесници испраќаат  порака : ,, Се гледаме догодина на истото место бидејќи математиката не познава ниту расни, ниту георгафски граници,, .

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1125993

Посетители

1773112
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
265
1109
4648
35054
1773112

Server Time: 2018-09-20 04:18:12
Joomla template by Joomlashine.com