Општина Богданци                                                                                          

Грешка
  • Грешка при вчитување на компонентата: com_imageshow, 1

Настани

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ЗА БРЕНДИРАЊЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

На ден 08.10.2015 во просториите на салата на советот во општина Богданци беше оддржан Грагански форум за брендирање на општина Богданци. Форумот беше организиран од страна Националниот демократски институт во соработка со општина Богданци. Настанот беше модериран од страна на Славица Билјарска консултант а со свое присуство не удостои и директотрот на НДИ Македонија Крис Хеншоу.

На форумот свое учесто земаа засегнати невладини организации, правни субјекти, јавни институции и грагани.

МЛАДИ УМЕТНИЦИ ОД ОПШТИНА БОГДАНЦИ НА „ПРАЗНИКОТ НА ПЛОДОРОДИЕТО“ ВО ЌУСТЕНДИЛ ЦРТАА НА ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО ЕСЕНТА И ПЛОДНОСТА

Во рамки на проектот за прекугранична соработка помегу општина Богданци и општина Ќустендил “Отворена врата за културна размена – градење на заедничка европска иднина”, млади уметнициод општина Богданци во периодот од  02.10 до 04.10.2015 присуствуваа на фестивалот на плодноста, кој традиционално секоја година се оддржува во Ќустендил.

На настанот се црташе на теми поврзани со есента и плодностаа, а фотографиите ќе се изложат во новиот објект во Ќустендил „OBJECT“366 што се реконструираше во рамки на проектот.

„Празникот на плодноста“ ја крунисува есента во гр. Ќустендил и го покажува повторно како град –„Мајка на овоштарството“.

На настанот меѓу другото, можеа да се забележат убаво аранжирани катчиња со овошје и зеленчук, а во богатата уметничка програма организирана од Општина Ќустендил учествува ансамбли од Бугарија, Македонија и Србија.

 

 

И ОПШТИНА БОГДАНЦИ БЕШЕ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД

 

Во соработка со ЈП „Комунална Чистота“ и општина Богданци беше дел од акцијата „Македонија без отпад“ која се спроведе на 03.10.2015 година.

Истата беше спроведена надвор од оградата на градската депонија во Богданци.

Во рамки на оваа кампања беа соберени околу 100м3 отпад кои со помош на ЈП „Комунална Чистота“ беа депонирани на градската депонија.

Во реализација на акцијата беа вклучени и учениците од училиштата на територијата на општина Богданци кои ја спроведоа истата во своите училишни дворови и внатре во своите училници.

ЛЕТЕН КАМП НА ПАЉУРЦИ

Во периодот од 18 до 20 Септември 2015 година со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Католичката црква во Македонија во соработка со општина Богданци организира камп за млади на локалитетот Паљурци.

На кампот, свое учество ќе земат повеќе млади лица од повеќе места од Македонија, а тема водителка е „Година на семејството“.

Кампот ќе заврши во Недела, 20 септември, со Молебен до Пресвета Богородица Утешителка со почеток во 14.00 часот. Покрај учесниците на кампот на молебенот се повикани да присуствуваат и верници од парохиите.

ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Општина Богданци се вклучува во одбележување на „Европската недела на мобилност“ и по тој повод организира настан на 22 септември – „Ден без автомобили“, во кој ќе бидат вклучени учесници со велосипеди, тротинети, ролери, скироли и пешачење.

 Во таа насока, Ве известуваме дека истиот ќе се одржи на ден 22 септември (вторник), со почеток во 08:00 часот.

Старт: Автобуска станица - Богданци

Цел: ООУ„Кирил и Методиј’ Стојаково

На настанот ќе учествуваат: учениците од средното општинско училиште, основните училишта и градинките во општина Богданци.

 

СО ЉУБОВТА ШЕГУВАЊЕ НЕМА

ИНТИМЕН ТЕАТАР – Битола
СО ЉУБОВТА ШЕГУВАЊЕ НЕМА
по текстови од: Алфред Де Мисе и документарни материјали

датум на оддржување: 22.08.2015 (Сабота), 20.30 часот

место: Дом на Културата „Бранд Петрушев“ Богданци

режија: Софија Ристевска
играат: Здравко Стојмиров, Катерина Аневска и Стефанија Милевска
кореографија: Кире Миладиноски и Стефанија Милевска
костими: Модно студио Анастасија
дизајн на звук и избор на музика: Златко Кузевски
дизајн на светло: Игор Мицевски

„СО ЉУБОВТА ШЕГУВАЊЕ НЕМА“, е создадена врз идејата за денешниот неолиберализам, којшто го проголтува и уништува секој човечки напор за живеење надвор од матрицата на истиот. Во денешниот свет, конструиран само и единствено врз правилата на КАПИТАЛОТ, човекот за жал нема многу избор за алтернативи, освен да се потчини и да се постави во функција на парите. И кога капиталот е основниот параметар по којшто се конструира и структурира еден живот, тогаш доаѓаме до заклучокот дека всушност СО КАПИТАЛОТ ШЕГУВАЊЕ НЕМА, а дека ЉУБОВТА Е ПОСТУДЕНА ОД КАПИТАЛОТ. Точно за тоа зборува и нашата претстава. Денес може да се шегуваш со љубовта, но не и со капиталот. Не со финансиите на големите корпорации, затоашто најприфатливата особина на современиот човек е неговата потрошувачка и финансиска моќ. Љубовта оди на заден план, затоашто невлегува во концептот на капиталистичко - политичките односи што во моментов владеат во светот. Во општество на несолидарност и краен финансиски егоизам, нема место за љубов. Во нашата претстава, ги спротивставуваме љубовта и капиталот, ги ставаме во арена и ги анализираме резултатите од тој чин. Во свет на потрошувачко општество, љубовта којашто некогаш била основната жива и движечка сила за човекот, денес е константно поставувана на испит и секојдневно и масовно манипулирана. 
„СО ЉУБОВТА ШЕГУВАЊЕ НЕМА“, е повик за создавање на еден похуман, посолидарен и социјално рамноправен свет, кадешто индивидуата ќе има право на слобода и љубов, затоашто точно игнорирањето на овие две категории, може да не чини многу!
Софија Ристевска - режисер

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1010493
Joomla template by Joomlashine.com