Општина Богданци                                                                                          

Настани

проширување на уличната мрежа во општина Богданци

 

Согласно Програмата за улично осветлување на подрачјето на општина Богданци за 2015 година,во тек е проширување на мрежата за јавно осветлување.

Беа поставени нови канделабри и нови светилки на ул.Браќа Миладиновци, Крушевска, Васо Марков, Бошко Буха, Братство Единство, Првомајска, Браќа Миладиновци и Осоговска, како и на дел од ул.Ѓуров Дол.

Паралелно со инсталирањето на нови линии за улично осветлување и докомплетирање на постојните се вршат и интервенции за отстранување на оштетените сијалични места и се вградуваат нови. На овој потег поставени се 35 нови светилки.

Општина Богданци продолжува со активноста за проширување на мрежата за јавно осветлување  во сите населени места во општината, согласно планираните локации во Програмата.

Проширувањето  на  мрежата за јавно  осветлување  значително ќе ја подобри осветленоста на локалните патишта и ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

 

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК ВО ООУ ПЕТАР МУСЕВ БОГДАНЦИ

На 30.04.2015 година ООУ „Петар Мусев“ Богданци  го одбележа  Патрониот празник со Партнер училиштето„Мехмет Дерала“ од Градец, општина Врапчиште во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција.

По полагање на цвеќе на спомен бистите во паркот, програмата беше збогатена со бројни активности и истата беше проследена од гости како и претставници од канцеларијата за локален економски развој, Државниот просветен инспекторат, МЦГО - УСАИД и ТВ Вис. На заедничко задоволство на сите учесници се реализираа сите планирани активности: Час во природа на Паљурци, Спорски игри, Мала хемиска лабораторија како и  Заеднички настапи во културно-уметничката програма со вкупно 150 ученици. 

 

САД Помага во реновирање на средно училиште во Богданци

Денес, 22 Април 2015 година, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) заедно со општина Богданци го прославија завршувањето на реновирањето на средното училиште „Богданци“. Процесот на реновирање, финансиски поддржан од Владата на САД преку Европската команда на американската војска (ЕУКОМ) ја покажа моќта на заедничката работа преку ангажирање на сите членови на заедницата во процесот. Фондовите беа овозможени преку учеството на училиштето во ПМИО на УСАИД.

Импресивно е што сé можеме да постигнеме кога работиме заедно. Обезбедувањето на помош за луѓето од Македонија преку програми како што е ПМИО е еден начин на кој можеме да го зајакнеме нашиот однос со вас и да работиме заедно за да поттикнеме и изградиме меѓуетничка интеграција во вашата заедница и низ целата земја“ рече Потполковник Џенифер Форд, Воздухопловното Аташе при Амбасадата на САД во Скопје.

Градоначалникот на општина Богданци, г-а Анастасија Олумчева, Директорот на средното училиште Богданци г-ѓа Емилија Минева, исто така одржаа свои говори и и помогнаа на Потполковник Џенифер Форд во сечење на лентата.

Едно од клучните достигнувања на овој проект е дека сите основни и средни училишта во Македонија се дел од проектните активности, како и општините, родителите и локалните заедници. Дополнително, советниците и просветните инспектори од Бирото за развој на образованието (БРО) на национално и регионално ниво се вклучени во постигнувањето на одржлива промена и во активностите за зајакнување на капацитетите. Воспоставени се повеќе од 100 партнерства во кои наставниците и учениците од училишта со настава на различен наставен јазик соработуваат. Повеќе од 250 ученици беа дел од креативните работилници организирани со етнички мешани групи. Повеќе од 260 ученици учествуваа во Дебатниот клуб.

Училиштата кои работат со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието имаат можност да аплицираат за средства за реновирање достапни од Европската команда на Американската војска. До сега, ПМИО помогна на 35 заедници во нивните напори да ги подобрат училишните објекти, овозможувајќи им достапност на ученици со посебни потреби, и заложувајќи се да помогне на уште 13 во следната година. ПМИО е четири годишна иницијатива вредна 5.2 милиони долари која соработува со сите релевантни образовни институции, поддржувајќи ги напорите на Владата на Република Македонија во процесот на етничко интегрирање. Проектот има за цел да обезбеди повисоко ниво на свест кај луѓето, обуки за разновидност, техничка помош и стимул за училишните одбори, директори, наставници и претставници на администрацијата. 

ОТВОРЕН ДЕН НА АВРМ ВО БОГДАНЦИ

Во рамки на проектот „Отворен ден“ директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, вчера во 15:00 часот во Богданци се сретна со невработени лица и работодавачи.

На средбата, во присуство на раководителот на Центарот за вработување Гевгелија,  Даница Гаврилска, беа разменети мислења и искуства околу мерките на АВРМ за вработување и планирањата за во иднина во врска со зголемување на вработеноста.

Поповски ги објасни четирите нови мерки кои ќе бидат објавени во периодот Мај/Јуни и во истите ќе бидат опфатени невработени лица од сите возрасти. Оперативниот план најмногу ги бенефицира младите, како и другите невработени лица, а сите кои имаат потреба ќе ги добијат услугите на Агенцијата, потенцираше Директорот.

Тој информираше дека наскоро канцеларија на Агеницијата за вработување во Богданци ќе работи пет дена во неделата.

 

ОТВОРЕН ДЕН НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО И ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Агенцијата за храна и ветеринарство денес во општина Богданци со почеток во 09:30 часот организираше отворен ден, на кој беше промовиран Водичот за новите правила за означување  на храната во Европската Унија.

На оваа средба,  компаниите од земјоделско – прехрамбениот сектор добија информации за прашања во доменот на работата на оваа институција како и за начинот на обезбедување на информации за храната на потрошувачите, кој секогаш треба да биде транспарентен и во согласност со домашните прописи кои треба да се усогласат со прописите на Европската Унија.

 

промовиран проектот пристап на микропретпријатијата до јавните набавки

УСАИД, Центарот за грагански комуникации и Едукативно хуманитарната организација (ЕХО) Штип во соработка со општина Богданциво вторникот на ден 16.02.2015во кабинетот по информатика  во ООУ Петар Мусев  го промовираа  проектот „Пристап на микропретпријатијата до јавните набавки“, со оддржување на еднодневна обука на истата тема наменета за локалните микро претпријатија .

Целта на овој проект е да го олесни пристапот на малите и на микропретпријатијата до пазарот на јавни набавки, придонесувајќи за нивен одржлив развој и подобро искористување на нивните потенцијали за создавање работни места, раст и иновации. Од друга страна, на договорните органи проектот треба да им овозможи постигнување пониски цени и повисок квалитет во јавните набавки.

Обуката во општина Богданци ја посетија претставници на 10 локални микро претпријатија.   Општите услови за учество на претпријатијата во проектот и за нивно квалификување за добивање помош се претпријатието да има производи и услуги кои се барани на огласите за јавни набавки и да има максимум до 9 вработени. Предност им се дава на оние мали и микропретпријатија кои немаат никакво или имаат сосем мало искуство со јавните набавки, како и на оние кои имаат барем основна информатичка опрема.

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
940785

Посетители

1494442
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1854
1548
15651
35631
1494442

Server Time: 2018-04-21 13:29:53
Joomla template by Joomlashine.com