Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Поважни телефони

ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Централа 034/222-333; 034/221-077;

Одделение за финансиски прашања 034/222-335;

Одделение за урбанизам, комунални работи , заштита на животната средина и јавни дејности 034/221-332;

 

ЈП „Комунална Чистота“ 034/221-038;

Здружение на пензионери 034/221-113;

Министерство за правда, Подрачна канцеларија Богданци 034/221-067;

 

Амбуланта Богданци 034/222-111;

Др. Магдалена Гогова ПЗУ (општа медицина)034/221-025;

Др. С.Карастојанова  ПЗУ (општа медицина) 034/221-221;

Др. Сашка Аврамова ПЗУ (општа медицина) 034/222-100;

Др.Мики Шутаров ПЗУ (стом.ординација) 034/221-789;

ПЗУ Ројал Медика 034/034/223-600;

 

Македонска Пошта АД (работна единица) 034/221-016;

Комерцијална Банка АД експозитура 034/222-663;

Стопанска Банка АД експозитура 034/221-118;

 

МПЦ Св.Атанасиј Велики 034/523-963;

Католичка Црква Св.Кирил и Методиј 034/222-967;

 

СОУ Богданци 034/223-077;

ООУ Петар Мусев 034/221-034;

ООУ Кирил и Методиј 034/235-325;

ЈОУДГ Коста Попристов Делчев 034/221-742;

 

Радио Такси ГОКИ 034/223-355;

Радио Такси МИЛ 034/222-522;

Радио Такси СТАРС 034/223-000;

Настани

ОПШТИНА БОГДАНЦИ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА ДЕН НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

И во општина Богданциуспешно беше спроведена акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, еколошка акција која се спроведува низ цела Македонија.

Се пошумуваше на м.в. „Паљурци“, а пошумувањето се изврши на површина од околу 2 ха со 3000 садници на чемпрес, јасен, јавор и багреми, како и декоративни палми одгледувани од сопствен расадник на ЈП „Комунална Чистота“ Богданци.

Во акцијата беа вклучени ученици, наставници, вработените во општинската администрација, вработенитево ЈП „Комунална Чистота“ Богданци и заинтересирани граѓани, за што бешеобезбеден автобуски превоз од автобуската астаницадо местото на пошумување.

Локацијата каде што се пошумуваше беше посетена и од страна на Министерот за одбрана на Р.Македонија, г-ин Зоран Јолевски.

ЕДУКАЦИЈА НА ТЕМА: ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НА ПРИХОДИТЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ

Ве известуваме дека Управата за јавни приходи врши едукација на тема: Паушално оданочување на земјоделците на приходите од земјоделска дејност и нивна преработка за 2014 година.

Локација:Сала на Совет на општина Богданци.

Термин: Четврток со почеток во 12:00 часот.

Ги повикуваме сите заинтересирани земјоделци да присуствуваат на оваа едукација.

ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ АКЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД

Во сабота (18.10.2014 година)  со почеток во  08:30 часот во центарот на Богданции позади новите Градски гробишта ќе се спроведе кампањата „Македонија без отпад“ која има за цел да допринесе за здрава и чиста животна средина и развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

Сите заинтересирани граѓани  можат  да се вклучат во акцијата . Целиот отпад што ќе биде собран ќе биде подигнат од страна на ЈП„Комунална Чистота“.

Годинешната акција е поддржана од општина Богданци во соработка со ЈП „Комунална Чистота“, а организатори се Министерството за животна средина и просторно планирање и асоцијацијата „Ајд'Eе Македонија“.

ТРКАТА ЗА МИРОТ И ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Учесниците на трката за мирот, која оваа година се организира по 27ми пат, ја посетија и општина Богданци откако ја поминаа границата на Македонија кај Богородица денес во 15:00часот.

На влезот во Богданци тие беа пречекани од ученици и спортисти од нашата општина и така придружувани поминаа низ улицата Маршал Тито по што следуваше мала свеченост во Градскиот Парк.

Трката на Мирот (Peace Run) е глобална штафетна трка во која сите учесници го промовираат мирот, пријателството, и хармонијата помеѓу луѓето, предавајќи го факелот од рака в рака.

Интернационалните тимови на тркачи преминуваат многу граници, и на тој начин ги поврзуваат училиштата, институциите, организациите и луѓе од различни професии.

Трката за Мир, која ја основал Шри Чинмој во 1987 година, досега има опфатено преку 10 милиони луѓе од повеќе од 150 земји во светот. Интернационалниот тим во Европа секоја втора година ги поврзува сите европски земји на единствената патека долга 24.000 км.

Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, упати надеж дека пораката што ја носи оваа трка ќе придонесе за светски мир и хармонија.

 
 

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ ЗА ПОВОЛНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

Општина Богданци, заедно со Гази Баба, Прилеп и градот Скопје се новите четири единици на локална самоуправа кои потпишаа договори, со кој чин и официјално започна процесот на сертифицирање за стекнување на регионален печат на локални власти со поволно деловно опкружување (БФЦ СЕЕ).

Сертификацијата на ЕЛС претставува исполнување на одредени стандарди, т.е. одредена гаранција дека постоечките стопанственици, како и потенцијалните инвеститори, добиваат услуги и информации на начин кој им ги олеснува работите кои спаѓаат во надлежност на локалната самоуправа. Сертификатот значи дека ЕЛС документирала и дека процесите и услугите кои ги спроведува во својата работа се во согласност со Критериумите. Понатаму, тоа значи дека стопанствениците можат да очекуваат и одредена помош и партнерски однос со ЕЛС, кога се во прашање работи и процедури кои спаѓаат во надлежност на институциите кои делуваат на национално ниво.

За таа цел,  на свеченоста организирана на 25 септември, 2014 година, во хотелот Александар Палас Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, го потпиша договорот за вклучување во процесот на сертификација заедно со Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС и г-дин Митко Алексов, извршен директор на ССК.

Договорите ги потпишаа и Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје, Тони Трајковски, Градоначалник на Општина Гази Баба и Марјан Ристески, Градоначалник на Општина Прилеп.

Настанот беше организиран во рамките на одржувањето на втората Национална конференција „ Сертификација на општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа”., што ја организираа Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) кои го сочинуваат Националното сертификационо тело за БФЦ СЕЕ Програмата.

На конференцијата, пред присутните градоначалници, претставниците од општинската администрација и истакнати бизнисмени, се обратија и заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов, претседателката на ССК Даниела Арсовска, како и градоначалникот на општина Струмица и Претседателот на советот на општина Велес кои како претставници на општини кои веќе се стекнаа со овој регионален сертификат објаснија за големите придобивки кои ги нуди истиот.

Оваа година, во БФЦ СЕЕ програмата во процесот на сертификација, освен четирите единици на локална власт од Република Македонија, вклучени се и 11 општини од Република Србија, 5 општини од Република Хрватска, 9 општини од Федерација Босна и Херцеговина и 6 општини од Република Српска.

Програмата за сертификација за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE) е единствена регионална програма за унапредување на конкурентноста на локалните самоуправи која се спроведува во Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. Проектот е поддржан од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Подобрување на општински услуги при Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), финансиран од Германското сојузно министерство за соработка и развој.

 

 

ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ СО РАКОВОДИТЕЛОТ НА АД ИССДП СТРУМИЦА

Каква е процедурата за откуп на станови, кој е начинот за добивање на станови под закуп, дали има слободни станови во Богданци и Стојаково.......ова беа најчесто поставуваните прашања од граѓаните на општина Богданци кои во текот на вчерашниот ден беа дел од проектот „Отворен ден на граѓаните реализиран од страна на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Околу 25 граѓани се сретнаа со раководителот Маџаров и разговараа за решавање на своето станбено прашање.

Според него, целта на отворениот ден е сослушување на корисниците, нивните барања и потреби, проблемите со кои се соочуваат како и запознавање на истите со новите законски измени.

Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, објасни дека ваквите средби се во корист на граѓаните и имаат за цел локалното население да се запознае со начинот на решавање на своите проблеми. 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
859830

Посетители

1400153
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1380
677
7470
43746
1400153

Server Time: 2018-02-24 12:02:54
Joomla template by Joomlashine.com