Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Поважни телефони

ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Централа 034/222-333; 034/221-077;

Одделение за финансиски прашања 034/222-335;

Одделение за урбанизам, комунални работи , заштита на животната средина и јавни дејности 034/221-332;

 

ЈП „Комунална Чистота“ 034/221-038;

Здружение на пензионери 034/221-113;

Министерство за правда, Подрачна канцеларија Богданци 034/221-067;

 

Амбуланта Богданци 034/222-111;

Др. Магдалена Гогова ПЗУ (општа медицина)034/221-025;

Др. С.Карастојанова  ПЗУ (општа медицина) 034/221-221;

Др. Сашка Аврамова ПЗУ (општа медицина) 034/222-100;

Др.Мики Шутаров ПЗУ (стом.ординација) 034/221-789;

ПЗУ Ројал Медика 034/034/223-600;

 

Македонска Пошта АД (работна единица) 034/221-016;

Комерцијална Банка АД експозитура 034/222-663;

Стопанска Банка АД експозитура 034/221-118;

 

МПЦ Св.Атанасиј Велики 034/523-963;

Католичка Црква Св.Кирил и Методиј 034/222-967;

 

СОУ Богданци 034/223-077;

ООУ Петар Мусев 034/221-034;

ООУ Кирил и Методиј 034/235-325;

ЈОУДГ Коста Попристов Делчев 034/221-742;

 

Радио Такси ГОКИ 034/223-355;

Радио Такси МИЛ 034/222-522;

Радио Такси СТАРС 034/223-000;

Настани

ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ И ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

По повод  акцијата „Ден без автомобили“, денес со почеток во 10:30 часот учениците од ООУ „Петар Мусев“, ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково, СОУ „Богданци“ и дечињата од ЈОУДГ „Коста Поп Ристо Делчев“ масовно се вклучија во истата.

Маршутата започна да се движи од центарот на Богданци преку новоасфалтираниот пат за Ѓавото до подрачното училиште на ООУ „Петар Мусев“ во с.Ѓавото.

По пристигање во дворот на основното училиште беше организирана и мала забава.

Целта на оваа активност е промоција на алтернативните форми на сообраќај, како пешачење, велосипедизам, подобрување на условите и можностите за користење на овие алтернативни форми на сообраќај како и подобрување на безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот.

И Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, денес возеше велосипед и со тоа даде личен придонес во одбележувањето на овој дени во подигањето на јавната свест за зачувување на животната средина.

 

ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА НА МЕЃУНАРОДНАТА ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА

Минатата ноќ со почеток во 20:00 часот во просториите на печатница „Софија“ беше оддржана завршната изложба на седмата Меѓународна графичка работилница „Софија“.

На изложбата беа претставени делата што во последните десет дена ги создадоа 18 уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, кои зедоа учество на годинешното издание на работилницата.

Целта на овој собир според организаторите беше младите и талентирани автори да можат да разменат искуства и услови за реализација на нивните дела, имајќи во предвид дека графиката е помалку застапена во регионот.

Графичката работилница Софија прв пат  беше оддржана во 2008 и во истата свое учество зеле повеќе од 100 млади графичари од целиот регион.

Овој настан беше предвиден и како таков финансиски поддржан од општина Богданци согласно Програмата за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2014 година. 

 

 

ВО БОГДАНЦИ МОТО СОБИР ОД ОТВОРЕН КАРАКТЕР

 

Како што претходно беше најавено, во Саботата на паркингот на „Млаз Богданци“, мото клубот „Reapers MC Macedonia“го организираше својот мото собир кој беше од отворен карактер.

По собирот,односно пречекот на гостите кои дојдоа од цела Македонија, тргна дефилето кое се движеше од Богданци до Дојран и назад, за потоазабавата да продолжи до утринските часови заедно со неколку музички имиња, скара и пиво.

Настанот беше поддржан од општина Богданци.

 

СО МОНОДРАМАТА ДА СЕ БИДЕ МАКЕДОНЕЦ ЗАПОЧНА КУЛТУРНОТО ЛЕТО ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Со изведба на претставата „Да се биде македонец“, чиј автор и изведувач е актерот Петар Темелковски, минатата ноќ на амфитеатарот Паљурци, со почеток во 21:00 часот, започна Културното лето во Општина Богданци.

Оваа традиционална манифестација години по ред ја организира Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци, додека покровители на истата се општина Богданци и Министерство за Култура. Културното лето  и оваа година ќе го оддржи исклучителниот епитет на традиционално зближување на граѓаните од Општина Богданци со спој на музика, театар и игри.

Пред присутните се обрати и Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, која го изрази своето задововолсто за организацијата на оваа манифестација а на граѓаните на општина Богданци им порача прекрасен помин и убаво лето.

Културните содржини се распределени на повеќе локалитети во општината меѓу кои оваа година се наоѓа и Амфитетарот Паљурци, идеален за вакви манифетсации, со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се создаде можност граѓаните на Општина Богданци во што поголем бројда се доближат до културните вредности.

ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ ОДДРЖАНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРОЕКТОТ ОТВОРЕНА ВРАТА ЗА КУЛТУРНА РАЗМЕНА – ГРАДЕЊЕ НА ЗАЕДНИЧКА ЕВРОПСКА ИДНИНА

Општина Богданци во партнерство  со општина Ќустендил од Република Бугарија, започнува со реализација на проектот „Отворена врата за културна размена – Градење на заедничка европска иднина“.

По тој повод, денес, во салата на Советот на општина Богданци беше оддржана прес конференција со почеток од 11:00 часот на која присуствуваа Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, проект координаторот Ирена Ѓоргиевска и проект тим лидерот, Илијан Митков Фусков.

Проектот ќе се реализира со средства обезбедени од ИПА – Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, а рокот предвиден за завршување на активностите е Декември 2015 година. Фокусот на истиот е да се изгради трајно пријателство и соработка помеѓу граѓаните на Ќустендил и Богданци, преку културна размена и зачувување на културното наследство на територијата на овие две општини.

Активностите ќе се спроведуваат главно во две насоки:1) Прекугранична културна соработка преку организација на заеднички културни настани и активности  и 2) реконструкција на инфраструктурни објекти од областа на културата со цел нивно трајно ставање во функција.

Проект координаторот, Ирена Ѓоргиевска, објасни дека реализацијата на проектот ја сочинуваат повеќе активности, а една од најголемите за општина Богданци е реконструкцијата на Домот на културата „Бранд Петрушев“. Истата опфаќа замена на кровот и подот, обнова на ѕидовите, реновирање на кино салата, аудио и видео опрема. Помеѓу другите активности објасни дека предвидени се уметнички настани со фолклорни настапи, како и поетски и ликовни работилници на кои ќе се презентира традицијата и културата на двете општини. Традициите – културни, фолклорни и историски ќе бидат презентирани во каталог со уникатен дизајн, а резултатите и мапирањето додаде дека ќе бидат претставени и на ЦД.

Градоначалникот, Анастасија Олумчева го објасни значењето на овој објект за граѓаните на општина Богданци, кој е изграден во 1962 година, кога прераснал во самостојна библиотека и го добил името на починатиот сопственик на книгите кои биле зародишен фонд, Бранд Петрушев. Низ годините, овој објект бил база за културен и образовен прогрес на населението во општина Богданци, преку оддржување на филмски проекции, драмски претстави, настани од јавен карактер и дом на градската библиотека.

Имајќи во предвид дека општина Богданци денес не располага со никаков центар за развој на културата, ниту било каков простор за оддржување на јавни настани, со реконструкција и надградба на истиот би се исполнил со содржини кои се секојдневна потреба на населението, со цел да се овозможи негова самоодржливост, во функциолна, економска и енергетска смисла

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
859830

Посетители

1400153
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1380
677
7470
43746
1400153

Server Time: 2018-02-24 12:02:54
Joomla template by Joomlashine.com