Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

ПРОМОТИВНИ ВИДЕА

https://www.youtube.com/watch?v=A66vN1W-8ec  - Jugoistocen region na Republika Makedonija (promotivno HD video)

https://www.youtube.com/watch?v=DCKX4zpZB7Y  -  Veteren park Bogdanci

Настани

ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ ОДДРЖАНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРОЕКТОТ ОТВОРЕНА ВРАТА ЗА КУЛТУРНА РАЗМЕНА – ГРАДЕЊЕ НА ЗАЕДНИЧКА ЕВРОПСКА ИДНИНА

Општина Богданци во партнерство  со општина Ќустендил од Република Бугарија, започнува со реализација на проектот „Отворена врата за културна размена – Градење на заедничка европска иднина“.

По тој повод, денес, во салата на Советот на општина Богданци беше оддржана прес конференција со почеток од 11:00 часот на која присуствуваа Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, проект координаторот Ирена Ѓоргиевска и проект тим лидерот, Илијан Митков Фусков.

Проектот ќе се реализира со средства обезбедени од ИПА – Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, а рокот предвиден за завршување на активностите е Декември 2015 година. Фокусот на истиот е да се изгради трајно пријателство и соработка помеѓу граѓаните на Ќустендил и Богданци, преку културна размена и зачувување на културното наследство на територијата на овие две општини.

Активностите ќе се спроведуваат главно во две насоки:1) Прекугранична културна соработка преку организација на заеднички културни настани и активности  и 2) реконструкција на инфраструктурни објекти од областа на културата со цел нивно трајно ставање во функција.

Проект координаторот, Ирена Ѓоргиевска, објасни дека реализацијата на проектот ја сочинуваат повеќе активности, а една од најголемите за општина Богданци е реконструкцијата на Домот на културата „Бранд Петрушев“. Истата опфаќа замена на кровот и подот, обнова на ѕидовите, реновирање на кино салата, аудио и видео опрема. Помеѓу другите активности објасни дека предвидени се уметнички настани со фолклорни настапи, како и поетски и ликовни работилници на кои ќе се презентира традицијата и културата на двете општини. Традициите – културни, фолклорни и историски ќе бидат презентирани во каталог со уникатен дизајн, а резултатите и мапирањето додаде дека ќе бидат претставени и на ЦД.

Градоначалникот, Анастасија Олумчева го објасни значењето на овој објект за граѓаните на општина Богданци, кој е изграден во 1962 година, кога прераснал во самостојна библиотека и го добил името на починатиот сопственик на книгите кои биле зародишен фонд, Бранд Петрушев. Низ годините, овој објект бил база за културен и образовен прогрес на населението во општина Богданци, преку оддржување на филмски проекции, драмски претстави, настани од јавен карактер и дом на градската библиотека.

Имајќи во предвид дека општина Богданци денес не располага со никаков центар за развој на културата, ниту било каков простор за оддржување на јавни настани, со реконструкција и надградба на истиот би се исполнил со содржини кои се секојдневна потреба на населението, со цел да се овозможи негова самоодржливост, во функциолна, економска и енергетска смисла

 

Кампања за запознавање со влијанијата на климатки промени во општина Богданци

 

Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија како дел од кампањата посветена на климатските промени во четири општини каде се спроведува овој проект денес престојуваше во општина Богданци.

Целта на оваа кампања чиј почеток беше на пладне (12:00 ч.)  во центарот на општина Богданци беше  да ги запознае граѓаните со феноменот на климатските промени, а воедно и да ја подигне свеста кај за нивните влијанија  пред се – во нивната општини.

Настанот беше масовно посетен од страна на граѓаните на општина Богданци, а присуствуваше и градоначалникот на општината, г-ца Анастасија Олумчева. 

Активностите во оваа општина Милиеуконтакт Македонија уште од самиот почеток на проектот ги спроведува во соработка со Мрежата за рурален развој како партнерска организација.

Кампањата која започна во општина Кривогаштани  (11 Јуни), продолжи во општина Теарце (13 Јуни), денес беше во посета на општина Богданци (15 Јуни), а утре ќе ја посети општина Пехчево (16 Јуни) е од едукативен карактер, односно еден вид  вовед вопоимот „климатски промени“.

 „Што претставуваат  климатските промени?“, „Кои се нивните влијанија?“,  „ Кои се начините за нивно ублажување?“,  „Што можам јас како поединец  да сторам во мојата општина?“ итн.

Поедноставно кажано: „Климатски промени  - за почетници”.

Горенабројаните четири општини се првите општини кои во Македонија благодарение на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени изработија општински стратегии за адаптација и митигација со климатските промени.

Столб на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени.

Методот на Зелена Агенда е партиципативен метод на креирање и имплементирање на локални развојни стратегии и планови, со активно вклучување на различни сектори во локалната заедница каде што се спроведува процесот.

Во споредбa со други процеси кои имаат слична цел, Зелената Агенда се разликува во најмалку три аспекти: процесот започнува со идентификување на локални вредности наместо проблеми; учествотото во процесот не еограничено, на експертско ниво или на одредени групи на чинители, туку е отворен за сите; процесот и резултатите потекнуваат и се сопственост на локалното население.

       

соопштение до здруженијата на граѓани и фондации од територијата на општина Богданци

Се известуваат сите здруженија на граѓани и фондации од територијата на општина Богданци дека Утре, (Среда) 11.06.2014 година, во 12:00 часот во салата на Советот на општина Богданци закажан е состанок во врска со Јавниот повик за прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од областа на локалниот економски развој, заштита на животната средина, спорт, образование и култура, финансирани од Буџетот на општина Богданци за 2014 година.

СЕ ПРОМОВИРАШЕ ПРОЕКТОТ ПРОГРАМА ЗА ЦЕЛОСНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО НИВНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

 

Денес, 09.06.2014 година, во Гевгелија, во Дневниот Центар за деца со посебни потреби во периодот од 10:30 до 11:30часот беше оддржана промоција на проектот „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“, кој го спроведуваат Фондацијата „Аполонија“ и МНЗА – „Македонското научно здружение за аутизам“.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права во износ од речиси 77 000 евра. Главна цел на истиот е да се зголеми социјалната интеграција и развој на децата со посебни потреби во 4 општини во Југоисточниот регион: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. Целни групи се децата со посебни потреби, наставниците, дефектолозите, невладиниот сектор кој работи со деца по посебни потреби како и родителите на децата со посебни потреби од четирите општини.

По промоцијата на проектот и отворањето и посетата на Терапевтската соба во „Дневниот центар за деца со посебни потреби“ во Гевгелија, следуваше отворање и на сензорната соба во ООУ „Петар Мусев“ Богданци.

На свечениот чин по поздравниот говор на директорот на училиштето, Здравко Иљачев, свое обраќање имаше и Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова и Н.Е. Аиво Орав, ЕУ Амбасадор.

   

Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, изрази особено задоволство што преку проектот Сензорна соба ќе се приближат новите методи на учење до дечињата кои имаат вистинска потреба од нив, возрасните ќе доживеат ново директно искуство, а сите заедно ќе се радуваме на постигнатиот успех.

  

Од свое лично име и од името на сите граѓани на општина Богданци, упати голема благодарност до фондацијата „Аполонија“, училиштето „Петар Мусев“, родителите и сите неуморни учесници во проектот, за нивната будност да ја препознаат потребата, да го водат процесот и да ги организираат активностите околу реализацијата на овој проект.

Општина Богданци во Сензорната соба донираше трамболина која ќе послужи за изведување на сензорни стимулации за дечињата со посебни потреби.

Посакуваме успех и уште многу вакви дела.

 

ОДДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА НА СКУЛПТУРИ ОД ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА

    

Вчера попладне во Градскиот парк во Богданци во рамките на проектот „Намалување на испуштање на НОЗ (Неразградливи Органски Загадувачи) преку намалување на пластичната амбалажа со рециклирање во Гевгелија и Богданци“ беше оддржана манифестација на која беа изложени склуптури од пластична амбалажа направени од ученици од СОУ „Богданци“, ООУ „Петар Мусев“ и ООУ „Кирил и Методиј“.

На манифестацијата свое учество зедоа ученици од основните и средното училиште кои меѓу другото се претставија со неколку музички точки, драмска изведба и хорски настап.

Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), НВО „Поддршка“ и Општините Богданци и Гевгелија.

За најдобро изработената скулптура општина Богданци додели награда, од која учениците доброволно се откажаа и средствата одлучија да ги донираат за настраданите од поплавите од Србија и БиХ.

                 

 

Се оддржа Фестивалот на слатко од дива смоква

И како што претходно беше најавено, во организација на регионалната женска организација ЕКО РОЗАЛЕС од Богданци, а под покровителство на Општина Богданци, вчера, 18.05.2014 година, на Градскиот плоштад во Бoгданци како и секоја година се оддржа традиционалниот „Фестивална слатко од дива смоква“.

Познато едека ова слатко од диви смокви се приготвува по народен рецепт кој стана Президиум на светската листа на еколошки чисти производина меѓународната фондација “SLOW FOOD“.

Покрај презентација на подготовката на слатко од диви смокви од страна на членовите на президиумот на СЛОУ ФУД, следуваше дегустација на истото, размена на рецепти и искуства, како и културно уметничка програма исполнета од „Распеани Богданчани“, КУД „Бранд Петрушев“ КУД „Македонски Брод“ а свој настап имаше и Марија Ичкова со својот бенд.

Регионалната женска организација ЕКО РОЗАЛЕС од Богданциупатува голема благодарност до покровителот Општина Богданци и до спонзорите: ЕУРОЛИНК – осигурување АД, Печатница Софија, Лебопекара ММ.

      

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981292

Посетители

1556262
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1453
1620
9832
41461
1556262

Server Time: 2018-05-26 19:29:05
Joomla template by Joomlashine.com