Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Црква " Свети Атанасиј Велики" - Богданци

 

    Првичната црква во ова населено место била изградена во првата половина на 19 век, која со текот на времето неколкупати била обновувана главно со парични прилози на месното христијанско православно население.
    Во 1983/84 година е изградена нова камбанарија со градски часовник во нејзиниот горен дел.

Настани

Се оддржа Фестивалот на слатко од дива смоква

И како што претходно беше најавено, во организација на регионалната женска организација ЕКО РОЗАЛЕС од Богданци, а под покровителство на Општина Богданци, вчера, 18.05.2014 година, на Градскиот плоштад во Бoгданци како и секоја година се оддржа традиционалниот „Фестивална слатко од дива смоква“.

Познато едека ова слатко од диви смокви се приготвува по народен рецепт кој стана Президиум на светската листа на еколошки чисти производина меѓународната фондација “SLOW FOOD“.

Покрај презентација на подготовката на слатко од диви смокви од страна на членовите на президиумот на СЛОУ ФУД, следуваше дегустација на истото, размена на рецепти и искуства, како и културно уметничка програма исполнета од „Распеани Богданчани“, КУД „Бранд Петрушев“ КУД „Македонски Брод“ а свој настап имаше и Марија Ичкова со својот бенд.

Регионалната женска организација ЕКО РОЗАЛЕС од Богданциупатува голема благодарност до покровителот Општина Богданци и до спонзорите: ЕУРОЛИНК – осигурување АД, Печатница Софија, Лебопекара ММ.

      

 

 

ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВЕТИ АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ (ЛЕТЕН) – ЗАШТИТНИКОТ НА БОГДАНЦИ

Во духот на црковните и традиционалните обичаи, денес како и секоја година се чествуваше патронот на Православната црква “Свети Атанасиј Велики“ во Богданци. Со претпразнични и празнични црквени богослужби и принесување на народна трпеза  и годинава достојно се одбележа патронот – заштитник на Богданци.

По претпразничната богослужба која се одржа синоќа во 18.00 часот, програмата за одбележување на панаѓурот во Богданци не ќе беше целосна без културно – уметничкиот настап на КУД „Бранд Петрушев“ и ФА „Мегдан“.

     

Денес, пак, на главната црковна богослужба,со почеток во 08:00 часот, началствуваше Архиепископот Александриски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој отслужи Свечена Божествена Литургија посветена на нашиот светител. По завршувањето на Литургијата беа прекршени и празничните колачи.

 

ОДДРЖАН ЗАВРШНИОТ НАСТАН ОД ПРОЕКТОТ НЕ ИГНОРИРАМ - ДЕБАТИРАМ

Завршниот настан на проектот „Не игнорирам – дебатирам“, кој беше имплементиран од Здружението за едукација на деца и млади „Сложувалка“ од Гевгелија, а поддржан од УСАИД и ФООМ, беше оддржан денес, 10-ти Мај во Мотел Вардар – Гевгелија, со почеток во 13:00 часот

Во неговата реализација свое учество зедоа учениците од средните општински училиште на општина Гевгелија, Богданци и Валандово, со цел отворено да дискутираат за сите проблеми и пропусти со кои се соочиле при спроведувањето на екстерното тестирање како и начини на кои може да делуваат во насока на надминување на истите. Преку дебатниот модел на Карл Попер ги вкрстија и своите тези и аргументи за начинот на донесување на Законот за прекинување на бременоста.

Инаку, на завршната конференција од проектот, оддржана денес, свое учество зедоа  покрај средношколците од трите општини и претставници/професори од училиштата како и претставници од општинската администрација од Гевгелија, Богданци и  Валандово.  На истата беа заокружени завршните активности од проектот кои  беа насочени кон идентификување на проблемите на младите, како и заедничките интереси и можности за нивно остварување.

 

УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНИ ПРВОМАЈСКИТЕ ТРКИ ВО СТОЈАКОВО

 

Во духот на забавата, дружењето и празнувањето со право можеме да кажеме дека с.Стојаково се покажа како успешен организатор на Првомајските трки, кои се оддржаа денес, 1-ви Мај, со почеток во 08:30часот. Одлично подготвената и одбележаната патека и учесниците полни со сила и ентузијазам ги оправдаа очекувањата на бројната публика која најпрво ја проследи трката со коњи,трката со магариња,трката на сто метри (јуниори и сениори во машка и женска конкуренција), скокање со вреќи, трка на 3.000 метри и влечење со јаже.

Еве ги одговорите на неколку од прашањата кои му ги поставивме на Дејан Арнаудов,  член на Месната Заедница Стојаково - организатор на оваа културно-спортска манифестација:

Колку време ви беше потребно да го организирате настанот?

Ø  Тргнувајќи од фактот што веќе 6-та година по ред учествувам во организацијата на традиционалните првомајски натпревари во моето Стојаково, годинава не ни беше потребно многу време да се поклопат коцките. Четири дена се спремавме за овие трки, се мисли на техничкиот дел и мислам дека на денот на оджувањето на манифестацијата на терен излезе како шо треба. Имаше и некои ситни пропусти, но коишто не беа до нас, и во иднина се надеваме нема да се случуваат.

Кај која од трките интересот за пријавување беше најголем?

Ø  Интересот за секоја трка заземаше голем интерес, бидејќи чест е и гордост за натпреварувачите да земат учество и да ги покажат своите квалитети, и фактот дека е најважно да се учествува. Да бидам реален, најинтересна трка ми беше трката на јуниори на 100 метри, и со огромна чест го поздравувам фактот што од година во година се повеќе дечиња заземаат активно учество во трките за јуниори. Патем, нели, младите се движечка сила на општеството.

Дали победниците беа задоволни од наградите кои ги додели општина Богданци?

Ø  Сите учесници што учествуваа во трките, беа задоволни од фактот што пред се имаше натпревар, другарство, нови познанства. Награда добија првите тројца, како и секоја година така и оваа беа задоволни од наградите.

Ø  Ја користам оваа прилика да испратам благодарност до Општината којашто дозволи финансиски да биде манифестацијата покриена, до училиштето Св. Кирил и Методиј Стојаково, за спонзорите и секако за она што публиката најмногу го следеше со воздишки, настапот на КУД Бранд Петрушев од Стојаково коишто со својот настап придонесе за настанот да биде побогат. Се надеваме во иднина дека ќе биде уште поубаво. Традицијата продолжува.

   

 

И ОВАА ГОДИНА ПРВОМАЈСКИ ТРКИ ВО СТОЈАКОВО

   Почитувани,

И оваа година Советот на Месната заедница Стојаково под покровителство на општина Богданци организира културно спортска манифестација по повод 1-ви Мај, Меѓународниот Ден на Трудот, во Четврток со почеток во 08:30 часот.Првомајските традиционални трки ќе бидат организирани во повеќе дисциплини: трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри (јуниори и сениори во машка и женска конкуренција), скокање со вреќи, трка на 3.000 метри и влечење со јаже.Програмата ќе биде дополнета со настап на балетска група и КУД „Бранд Петрушев“ Стојаково.

Спојот на минатото со сегашноста ги прави жителите на с.Стојаково горди имајќи во предвид дека овие натпревари се дел од нивниот живот повеке од 60 години.

Ги повикуваме сите заинтересирани жители на општина Богданци да ни се придружат и заедно да го проследиме овој настан.

 

ОДДРЖАН ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР, ДЕТСКИ СЕМАФОР - 2014

Денес на игралиштето во ООУ „Петар Мусев“ Богданци во 11.00 часот започна општинскиот натпревар „Детски Семафор – 2014“ на кој учество зедоа учениците од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково заедно со подрачните училишта во с.Селемли и Ѓавото. 

Организатор на натпреварот беше Општинскиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на патиштата во соработка со општина Богданци.

Учество на истиот зедоа вкупно 18 ученици. Натпреварот се состоеше од два дела: вешто возење на велосипед и теоретски дел кој опфаќа тестови.

Највештите ученици, кои имаа најмал број на негативни поени од двата дела, добија велосипеди кои ги додели Општина Богданци.

Од големата група првото место им припадна на Кристијан Стамков и Радица Чонева, додека од малата група победници беа Марија Пејкова и Стефан Гоцевски. Второто место го освоија Данче Банова и Ѓорѓи Ѓавочанов.

Победниците ќе земат учество на Регионалниот натпревар „Детски семафор-2014“ кој ќе се оддржи во Струмица помеѓу 15-ти Април и 15-ти Мај.

    

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1054547

Посетители

1659055
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
188
1840
8252
37952
1659055

Server Time: 2018-07-20 02:56:57
Joomla template by Joomlashine.com