Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Мирче Џочков - општественик и стопанственик

 

    Се родил во 1912 година, починал во 1967 година.Од 1947 година до 1963 година бил раководител на земјоделската задруга "Изворски".
    Иницијатор е за градење на каналскиот систем за наводнување со што во Богданци, од 1954 година се  создадени услови за градинарство и лозарство.
    Под негово раководство се подигаат одрините и ладните оранжерии и се калемат крушките во Паљурци.
 

Настани

ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕДЛОГ СТРАТЕГИЈАТА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ 2020

 

На ден 24.02.2014 година во холот на ОУ „Петар Мусев“ Богданци беше одржана презентација на „Предлог-стратегијата за климатски промени наопштина Богданци – 2020“

Активностите за изготвување на оваа стратегија се поддржани од Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени кој се спроведува од страна на Милиеуконтакт Македонија.

Работните групи од Мрежата за рурален развој на Република Македонија, заеднички во партнерство со Општина Богданција ја изготвија стратегијата, како партнери на Милиеуконтакт Македонија во овој проект, чија цел е да допринесе кон поголема отпорност на климатските промени со подобрување  на подготвеноста  и способноста за реагирање на влијанието на климатските промени на локално ниво.

Општина Богданци е трета општина во Македонија која подготви стратегија за климатски промени.

Од страна на локалниот координатор на овој Проект за општина Богданци, Надица Маџирова, како и координаторите на трите работни групи Јованка Ампова - Локални земјоделски производи, Дејан Маџиров - Водни ресурси и Марјан Пеев - Енергетски потенцијали на присутните им беше презентирана предлог верзијата на стратегијата. Документот беше отворен за забелешки од граѓаните на општина Богданци, а после сите негови ревизии истиот ќе се даде на усвојување на Советот на општина Богданци.

Свое обраќање на овој јавен собир имаше и Градоначалникот на општина Богданци -  Анастасија Олумчева, како и проект координаторот - Столе Георгиев, кој  го истакна следново:

-  „Според третиот национален извештај, општина Богданци се наоѓа во регион кој е најмногу изложен на климатските промени. Од оваа причина, имаме за цел да го подготвиме локалното население да се справи со последиците.“

Членовите на работните групи во процесот на изготвување на стратегијата за климатски промени ја составија следната визија:

ОПШТИНА БОГДАНЦИ 2020 Е ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА СО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СЕКОЈА КАПКА ВОДА И ПРОИЗВОДСТВО НА КВАЛИТЕТЕН ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ.

 

                

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ДИПЛОМАТСКИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА НА Р.СРБИЈА И Р.БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

 

    

 

Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, вчера, 22.02.2014 година, оствари средба со Амбасадорот на Р.Србија, Н.Е. Душанка Дивјак - Томиќ и амбасадорот на Р.Босна и Херцеговина Н.Е. Здравко Беговиќ.

На средбата се разговараше за развојните потенцијали на општината во областа на земјоделието каде се истакнаа климатските услови, близината на граничните премини, железницата и пристаништето како можност за транспорт на производите. Амбасадорите потенцираа дека е неопходна преработувачка индустрија на земјоделските производи заради заштеди при транспорт и поголема трајност на производите.

Амбасадорот на Р.Босна и Херцеговина особено изрази интерес за изворите на топла вода, како можност за развој на бањски и спа туризам.

На средбата беше потенцирана потребата од превземање на различни мерки за мотивирање и привлекување на инвеститори како и за можностите за соработка со компании од нивните земји.     

На крај гостите уживаа во прекрасната програма на КУД „Бранд Петрушев“ Богданци збогатена со настапот на КУД „Никола Маринкович“ (Митанче) од Белегиш, Р.Србија.

 

      

 

ПРОМОТИВНО СЕ ОДДРЖА АКЦИЈАТА ЗАЕДНО ЗА НАШИОТ ГРАД

Денес, 22.02. 2014,  промотивно се оддржа акцијата за чистење  „Заедно за нашиот град“, која ја организираше општина Богданци во соработка со ЈП „Комунална Чистота“, а вклучува чистење на дворови, подруми, јавни површини, кастрење на дрвја и сл

Голема благодарност до сите граѓани кои земаа учество и повик за помасовно учество во следните акции, бидејќи чистата животна средина е наш заеднички интерес.

                                                                                       

 
 

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЦИОНАЛНА ЕКОЛОШКА КАМПАЊА МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЦВЕЌЕТО – ЗЕМЈА НА РОЗАТА

Почитувани,

На 21 март 2014 година, денот на пролетта, Ве покануваме да се вклучите во спроведувањето на националната еколошка кампања „Македонија земја на цвеќето – Земја на розата“, чиј национален координатор е Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Владата на Република Македонија.

Во спроведување на акцијата ќе бидат вклучени: средното општинско училиште, основните училишта (заедно со подрачните), како и  градинките во оштината, каде во престојниот период во рамките на наставниот процес по одделни наставни предмети треба да реализираат креативни идеи на учениците, со изработување на  предмети и оригами од различни материјали. Сите изработки треба да ја отсликуваат темата на кампањата. На денот на пролетта, 21 март 2014 година ќе се реализираат изложбени продажби на изработените предмети, а концептот на овој дел подразбира од собраните средства да се набават садници од рози и истите да се засадат во училишните дворови.

Како општина ја подржуваме оваа кампања и за таа цел ќе обезбедиме  садници од рози.

За текот на акцијата за садење на рози (време, место, број на садници), ќе бидете дополнително информирани.

Од општина Богданци, номинирано лице за спроведување на кампањата е Јованка Ампова , тел.034 221 332, моб.078 321 586;

 

ОДДРЖАНА ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

На ден 12.02.2014 година во општина Богданци беше оддржана шестата седница на Локалниот Совет за Превенција по иницијатива на Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева. На седницата беа присутни претставници од СВР Струмица, претставници од ПС ОН Гевгелија, ОБСЕ, претставници од образованието, членови на Советот на општина Богданци, членови на НВО, претставник од Независен весник „Поглед“ Богданци  како и претставници од општинската администрација.

На седницата свое обраќање имаше Градоначалникот на општина Богданци, Командирот на ПС ОН Гевгелија, Илија Делев, претставникот од ОБСЕ, Дејан Стевановиќ како и Николчо Јованов, Виш инспектор за превенција.

Локалниот совет за превенција претставува алатка за подобрување и зајакнување на партнерството помеѓу граѓаните и компетентните органи на власта за тие да можат да изградат заеднички цели, да ги решат локалните безбедносни проблеми и да обезбедат подобри услуги за граѓаните.

„ЛСП не е обврска, но е мудар пристап при решавање на проблемите заедно со граѓаните“ – истакна началникот на СВР Струмица, Ѓорги Божинов.

Седницата  заврши со кооптирање на нови членови и потпишување на Договорот за локална превенција.

АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ВОЛЕРС ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

      На ден 06.02.2014 год., во официјална работна посета на општина Богданци беше амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Пол Волерс со неколку стручни соработници од неговиот кабинет. Целта на неговата посета беше разгледување на општината, запознавање со Градоначалникот и посета на јавните објекти во кои се имаат остварено проекти финансирани преку програмите на USAID, Агенцијата за интернационален развој.  

      Со Градоначалникот, Анастасија Олумчева, разговараа за економската и социјална состојба на општината, наталитетот, иселеништвото и тенденцијата на мигрирање, процентот на невработеност и можни потенцијали за развој. Амбасадорот беше солидно запознаен со капиталните проекти во општината, Ветерниот парк и Системот за спас на Дојранско Езеро, и истите ги нагласи како можности за развој на секундарни дејности кои би ја помогнале локалната економија. Во врска со промоцијата на постоечките индустриски капацитети, го понуди Комерцијалниот сервис кој работи во склоп на Амбасадата, како помош и поддршка за остварување контакти со американски бизнис заедници.

      На темата околу функционирањето на локалната самоуправа, се разговараше за дискриминацијата, политичката одговорност на претставниците на локалните власти и нивната меѓусебна соработка и соработката со граѓаните.

      При посетата на ОУ„Петар Мусев“ амбасадорот беше запознаен со досегашните реализирани проекти во областа на IT технологијата, и го истакна големото значење на оваа област во животот и кариерата на идните генерации.

      Во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, во која пред неколку месеци се постави изолација на кровната површина, инвестиција на USAID, а реализирана во рамките на проектот „Заштита од климатски промени“ под водство на невладината организација „MilieukontaktMacedonia“, амабасадорот беше позитивно изненаден од познавањето на англискиот јазик на децата од најмала возраст, кои се претставија со неколку песнички.

  

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
760458

Посетители

1240243
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
499
1669
8529
40003
1240243

Server Time: 2017-11-24 12:37:21
Joomla template by Joomlashine.com