Општина Богданци                                                                                          

Грешка
  • Грешка при вчитување на компонентата: com_imageshow, 1

Настани

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАЦИОНАЛНА ЕКОЛОШКА КАМПАЊА МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЦВЕЌЕТО – ЗЕМЈА НА РОЗАТА

Почитувани,

На 21 март 2014 година, денот на пролетта, Ве покануваме да се вклучите во спроведувањето на националната еколошка кампања „Македонија земја на цвеќето – Земја на розата“, чиј национален координатор е Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Владата на Република Македонија.

Во спроведување на акцијата ќе бидат вклучени: средното општинско училиште, основните училишта (заедно со подрачните), како и  градинките во оштината, каде во престојниот период во рамките на наставниот процес по одделни наставни предмети треба да реализираат креативни идеи на учениците, со изработување на  предмети и оригами од различни материјали. Сите изработки треба да ја отсликуваат темата на кампањата. На денот на пролетта, 21 март 2014 година ќе се реализираат изложбени продажби на изработените предмети, а концептот на овој дел подразбира од собраните средства да се набават садници од рози и истите да се засадат во училишните дворови.

Како општина ја подржуваме оваа кампања и за таа цел ќе обезбедиме  садници од рози.

За текот на акцијата за садење на рози (време, место, број на садници), ќе бидете дополнително информирани.

Од општина Богданци, номинирано лице за спроведување на кампањата е Јованка Ампова , тел.034 221 332, моб.078 321 586;

 

ОДДРЖАНА ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

На ден 12.02.2014 година во општина Богданци беше оддржана шестата седница на Локалниот Совет за Превенција по иницијатива на Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева. На седницата беа присутни претставници од СВР Струмица, претставници од ПС ОН Гевгелија, ОБСЕ, претставници од образованието, членови на Советот на општина Богданци, членови на НВО, претставник од Независен весник „Поглед“ Богданци  како и претставници од општинската администрација.

На седницата свое обраќање имаше Градоначалникот на општина Богданци, Командирот на ПС ОН Гевгелија, Илија Делев, претставникот од ОБСЕ, Дејан Стевановиќ како и Николчо Јованов, Виш инспектор за превенција.

Локалниот совет за превенција претставува алатка за подобрување и зајакнување на партнерството помеѓу граѓаните и компетентните органи на власта за тие да можат да изградат заеднички цели, да ги решат локалните безбедносни проблеми и да обезбедат подобри услуги за граѓаните.

„ЛСП не е обврска, но е мудар пристап при решавање на проблемите заедно со граѓаните“ – истакна началникот на СВР Струмица, Ѓорги Божинов.

Седницата  заврши со кооптирање на нови членови и потпишување на Договорот за локална превенција.

АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ВОЛЕРС ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

      На ден 06.02.2014 год., во официјална работна посета на општина Богданци беше амбасадорот на САД во Република Македонија, Н.Е. Пол Волерс со неколку стручни соработници од неговиот кабинет. Целта на неговата посета беше разгледување на општината, запознавање со Градоначалникот и посета на јавните објекти во кои се имаат остварено проекти финансирани преку програмите на USAID, Агенцијата за интернационален развој.  

      Со Градоначалникот, Анастасија Олумчева, разговараа за економската и социјална состојба на општината, наталитетот, иселеништвото и тенденцијата на мигрирање, процентот на невработеност и можни потенцијали за развој. Амбасадорот беше солидно запознаен со капиталните проекти во општината, Ветерниот парк и Системот за спас на Дојранско Езеро, и истите ги нагласи како можности за развој на секундарни дејности кои би ја помогнале локалната економија. Во врска со промоцијата на постоечките индустриски капацитети, го понуди Комерцијалниот сервис кој работи во склоп на Амбасадата, како помош и поддршка за остварување контакти со американски бизнис заедници.

      На темата околу функционирањето на локалната самоуправа, се разговараше за дискриминацијата, политичката одговорност на претставниците на локалните власти и нивната меѓусебна соработка и соработката со граѓаните.

      При посетата на ОУ„Петар Мусев“ амбасадорот беше запознаен со досегашните реализирани проекти во областа на IT технологијата, и го истакна големото значење на оваа област во животот и кариерата на идните генерации.

      Во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, во која пред неколку месеци се постави изолација на кровната површина, инвестиција на USAID, а реализирана во рамките на проектот „Заштита од климатски промени“ под водство на невладината организација „MilieukontaktMacedonia“, амабасадорот беше позитивно изненаден од познавањето на англискиот јазик на децата од најмала возраст, кои се претставија со неколку песнички.

  

 

ОДРЖАНА РЕГИОНАЛНА ПРОМОТИВНА СРЕДБА НА МИРОВЕН КОРПУС МАКЕДОНИЈА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА СОУ „БОГДАНЦИ“ БОГДАНЦИ

 

      На 05.02.2014во просториите на СОУ „БОГДАНЦИ“ Богданци претставници од Мировен Корпус Македонија одржаа Регионална промотивна средба. На истата присуствуваа претставници од јавниот и невладиониот сектор од општините  Богданци, Валандово, Гевгелија и Дојран.

      Мировен корпус (Peace Corps)е независна американска владина агенција, која им обезбедува волонтери на земјите низ светот што побарале помош.

      Целта на средбата беше запознавање на заинтересираните општини, училишта и здруженија на граѓани со програмата на Мировен Корпус во Македонија и претставување на новиот повик за апликации за 2014 година.

      Поздравен говор одржа Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева, која најпрво им се заблагодари и им посака срдечно добредојде на гостите од Мировен Корпус Македонија како и на претставниците од јавниот и невладиниот сектор од општина Богданци и поканетите соседни општини.  Согласно постоечките можности, вети дека општина Богданци секогаш ќе биде отворена за понатамошна соработка за вакви програми и мисии кои се стремат кон ширење и развој на меѓусебното пријателство и разбирање на двата пријателски народи.

      Потоа следуваше презентација од Надица Георгиева, претставник од Мировниот  Корпус која ги објасни Програмата за развој на наставата по англиски јазик, Програмата за развој на заедниците како и Повикот за апликација.

      Средбата беше заокружена со мал коктел,на кој волонтерите, соработниците и вработените на Мировниот Корпус разменија свои ставови и искуства.

        

 

 

ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НОВИ IT ВЕШТИНИ

                         

   На 04 и 05 Февруари во хотел „Аполонија“ во Гевгелија беше одржана обука за користење на нови IT вештини,организирана од страна на Регионален Бизнис Центар.

    Главна цел на Проектот „Регионален Бизнис Центар“ е воспоставување на бизнис партнерство и деловна комуникација помеѓу мали и средни претпријатија, претприемачи, земјоделци и други субјекти за подобар економски развој и креирање на повеќе работни места во Југоисточниот плански регион. Средствата потребни за реализација на проектот се обезбедени од Бирото за регионален развој, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општина Богданци и општина Гевгелија.

   Обуката беше наменета за сите сопственици на бизниси, менаџери, вработени, претприемачи и лица кои сакаат да се занимаваат со бизнис од регионот,при што  основна цел беше нивно запознавање со најновите достигнувања во IT светот, користење на истите за подобрување на сопствените вештини и лична надообразба.

   Учесниците на обуката се стекнаа со знаења и вештини како на најлесен, најдобар и најевтин начин да ги промовираат своите бизниси преку користење на новите сознанија на интернет маркетингот.

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ВОДОВОД СО РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ И КАНАЛИЗАЦИСКИ СИСТЕМ СО ПРОПРАТНИ ОБЈЕКТИ ВО С.ЃАВАТО

         

      „Општина Богданци не е само мала општина на југот од Македонија, туку важна алка третирана во сите стратешки документи за регионален и рационален развој. Регионалниот пат Р-111, кој минува низ седиштето на општината, асфалтираните локални врски од 30км со останатите локални места, 100 процентната покриеност со електрична енергија, 85 процентната покриеност со водоводна мрежа и 75 процентната покриеност со канализационен систем, не сместува во средина со солидни квалитети за живот кои претставуваат можност за непречен општествен и економски развој“.

       „Денес сме тука, да го поздравиме зголемувањето на овие проценти“.

      Ова беа воведните обраќања на градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева при свеченото пуштање во употреба на новиот водовод со резервоар за водоснабдување и канализациски систем со пропратни објекти во с.Ѓавато, кое се случи на ден 25.01.2014 година.

      Проектот „Водоснабдување и фекална канализација на населено место Ѓавато“, проект на Европската Инвестициона Банка, во вредност од 18 милиони денари, обезбедени од Владата на Република Македонија, а спроведен од Министерството за транспорт и врски претставува голем придонес и решавање на еден голем проблем на 438-те жители на ова место. Честиот недостаток на вода, недостатокот на фекална канализација и загадувањето на животната средина станаа минато, со што ќе се постигне подобрување на условите за живот и заштита на животната средина.

      Втората причина за одбележување на овој свечен настан  е Проектот „Реконструкција на втора фаза од локалниот пат Богданци-Ѓавато“ инвестиција на општина Богданци и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, во вредност од 8 милиони денари, кој претставува дел од заложбата за подбрување на локалната патна мрежа.

      Свеченото одбележување на овие два големи проекти со своето присуство го поздравија Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски и Министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиевски.

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1010493
Joomla template by Joomlashine.com