Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Ратко Јанев - Атомски физичар

 

    Роден е во 1939 година.
    Електротехнички факултет завршил во Белград, Србија. Атомска физика докторирал во Санкт Петербург, Русија.
    Работел во Институтот за нуклеарна физика во Белград; работел во Институтот за физика во Белград; предавал атомска физика на Природно - математичкиот факултет во Скопје; истражувал во Париската опсерваторија, Франција; предавал на институтот Болдер во Колорадо, САД; консултант е на Принстон во Њу Џерси, САД; предавал и истражувал во Лондон, Велика Британија и на Оук Рич во Тенеси, САД; раководел со Секцијата за атомска енергија при ООН во Виена, Австрија; работел во Институтот за фузија во Нагоја, Јапонија;  постојан соработник е на Институтот за физика во Истражувачкиот центар "Јулих" во Германија; професор е на Институтот за применета физика и компјутерска математика во пекинг, Кина.
    Во 2004 година ја добил Хумболтовата награда за физика.
    Од 1987 година е член на МАНУ.
 

Настани

КАМПАЊА ПОД МОТОТО КЛИМАТА СЕ МЕНУВА, ОД НАС ЗАВИСИ

Во саботата на 31 Октомври жителите на општина Богданци имаа можност да се вклучат во кампањата под мотото „Климата се менува, од нас зависи“ која ја спроведува Милиеуконтакт Македонија во рамките на Проектот на УСАИД Општински стратегии за климатски промени.

Со кампањата која таргетира млади луѓе на возраст од 10 – 17 години успешно беше испратена пораката дека климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници.

Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени ја користи партиципативната методологија на Зелена Агенда за креирање на локални стратегии за климатски промени во 10 општини во Македонија. Проектот се спроведува од страна на Милиеуконтакт Македонија во партнерство со 10 граѓански организации и 10 општини во Македонија.

Главната цел на проектот е да се подготват општинските чинители подобро да се справуваат со предизвиците кои ги носат со себе климатските промени, а во Богданци партнери во проектот беа општина Богданци, Мрежа за рурален развој на РМ и ПОЛИМАТ 13.

 
 

СТАВЕНИ ВО УПОТРЕБА РЕНОВИРАНИТЕ ПОДРУМСКИ ПРОСТОРИИ ВО ООУ ПЕТАР МУСЕВ БОГДАНЦИ

На пригоден начин, со сечење на лента од страна на Директорката , Стефана Демерџиева и Градоначалникот, Анастасија Олумчева, на 28.10.2015 година беа ставени во употреба реновираните подрумски простории во ООУ „Петар Мусев“ Богданци.

Целокупните активности се одвиваа во насока на целосно ставање во употреба на еден наставнички кабинет, четири училници, санитарни простории, две соблекувални и простории за физичко образование.

Со овие простории ќе се воведе едносменско работење во училиштето при што ќе се обезбеди поефикасно и поекономично одвивање на образовниот процес преку заштеда на енергија како и подобрување на условите за обавување на истиот.

 

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БОГДАНЦИ

Денес достојно се одбележа 10 Октомври,Денот на општината, 71 годинаод ослободувањето на Богданци од фашистичките окупатори. Свеченото одбележување започна со положување на свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и спомен-плочата на  Васо Марков, партизан од Серменин кој загинал при воените дејствија во Богданци, од страна на градоначалникот Анастасија Олумчева, претседателот на Советот Блаже Шапов,членови на Советот,претставници од Сојузот на борците и нивни продолжувачи, претставници од општинските училишта и граѓани кои им оддадоа достојна почит на луѓето заслужни за нашата слобода.

Потоа следуваше мала програма приредена во просториите на Дом наКултура „Бранд Петрушев“ – читање на поемата „АКО“ од Трајче Кацаров од страна на ученици од СОУ „Богданци“ под менторство на професорите Соња Србова и Верица Ризовска, а музички придружувани од професорот Бранко Сапламаев.

По повод Денот на општината, од страна на општината беше организиран награден литературно-ликовен конкурс за учениците од основните и средното учулиште на тема „Го сакам Богданци“, а резултатите за освоено прво, второ и трето место беа соопштени на оваа свеченост.

Воедно градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева и Претседателот на Советот, Блаже Шапов, на своите сограѓани им го честитаат Денот на општината, а на граѓаните на Република Македонија - 11-ти Октомври,денот на Народното востание.

Почит и слава до сите херои кои несебично ги дале своите животи во ослободувањето на својата татковина! 

 

 

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ЗА БРЕНДИРАЊЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

На ден 08.10.2015 во просториите на салата на советот во општина Богданци беше оддржан Грагански форум за брендирање на општина Богданци. Форумот беше организиран од страна Националниот демократски институт во соработка со општина Богданци. Настанот беше модериран од страна на Славица Билјарска консултант а со свое присуство не удостои и директотрот на НДИ Македонија Крис Хеншоу.

На форумот свое учесто земаа засегнати невладини организации, правни субјекти, јавни институции и грагани.

МЛАДИ УМЕТНИЦИ ОД ОПШТИНА БОГДАНЦИ НА „ПРАЗНИКОТ НА ПЛОДОРОДИЕТО“ ВО ЌУСТЕНДИЛ ЦРТАА НА ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО ЕСЕНТА И ПЛОДНОСТА

Во рамки на проектот за прекугранична соработка помегу општина Богданци и општина Ќустендил “Отворена врата за културна размена – градење на заедничка европска иднина”, млади уметнициод општина Богданци во периодот од  02.10 до 04.10.2015 присуствуваа на фестивалот на плодноста, кој традиционално секоја година се оддржува во Ќустендил.

На настанот се црташе на теми поврзани со есента и плодностаа, а фотографиите ќе се изложат во новиот објект во Ќустендил „OBJECT“366 што се реконструираше во рамки на проектот.

„Празникот на плодноста“ ја крунисува есента во гр. Ќустендил и го покажува повторно како град –„Мајка на овоштарството“.

На настанот меѓу другото, можеа да се забележат убаво аранжирани катчиња со овошје и зеленчук, а во богатата уметничка програма организирана од Општина Ќустендил учествува ансамбли од Бугарија, Македонија и Србија.

 

 

И ОПШТИНА БОГДАНЦИ БЕШЕ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД

 

Во соработка со ЈП „Комунална Чистота“ и општина Богданци беше дел од акцијата „Македонија без отпад“ која се спроведе на 03.10.2015 година.

Истата беше спроведена надвор од оградата на градската депонија во Богданци.

Во рамки на оваа кампања беа соберени околу 100м3 отпад кои со помош на ЈП „Комунална Чистота“ беа депонирани на градската депонија.

Во реализација на акцијата беа вклучени и учениците од училиштата на територијата на општина Богданци кои ја спроведоа истата во своите училишни дворови и внатре во своите училници.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
613048

Посетители

996472
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
86
1295
4483
12518
996472

Server Time: 2017-05-25 04:49:13
Joomla template by Joomlashine.com