Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Католичка црква

 

   Католичката парохија од источен обред во Богданци е од самиот почеток на Кукушката унија. Првата црква е изградена во 1884 година. Посветена е на светите браќа Кирил и Методиј, а ја осветил владиката Лазар Младенов.
   Интересно е да се спомене дека парохијаните се автохтони со еден дел дојдени од Паљурци.
 

Настани

Успешно затворени „Отворени денови за социјална заштита во рурални средини“

   Врз основа на Програмата за спроведување на проектот „Отворени денови за социјална заштита во рурални средини“ од Министерството за труд и социјална работа Центарот за социјална работа – Гевгелија и Општна Богданци оддржаа Отворени денови во населените места Стојаково, Ѓавото и Селемли.
 
   Директорот на центарот за социјална работа – Гевгелија, г – н Лазар Трајков изјави дека:
   „Информативните средби имаа за цел информирање на граѓаните за условите, начинот и постапката за     остварување на права од социјалната заштита.“
 
   Покрај информативните средби службите заедно со директорот од Центарот за социјална работа – Гевгелија ја искористија можноста да лично посетат неколку семејства и граѓани кои се вклучени во ранливите социјални категории.

„Недела на грижа за старите лица“

  Од 18 -25-ти овој месец, под мотото „Ние сакаме, вие знаете, заедно можеме“  во Македонија се одбележува Неделата за грижа на стари лица. Одбележувањето на Неделата на грижа за старите лица има за цел да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, за нивната грижа и помош како и да го промовира активното стареење и меѓугенерациската солидарност со која старите лица ќе имаат достоинствен  живот, комплетно интегрирани во општеството.
 
  Во рамки на одбележувањето, Црвениот крст на Македонија со поддршка на ЕВН и Министерството за труд и социјална политика оваа недела спроведува активности носочени кон подигнување на свеста и зголемување на грижата на старите лица преку бесплатни прегледи на шеќерот во крвта и крвниот притисок, едукативни и превентивни работилници и хуманитарни изложби.

 Нашите институции континуирано работат на се подобра заштита на старите лица, на унапредувањето на социјалниот живот и олеснување во пристапот до социјалните права. Овој начин на делување е неопходен затоа што старите лица треба да водат активен живот во кој ќе бидат целосно ангажирани нивните потенцијали и во кој ќе ја добијат потребната поддршка од општеството.
 
  Во тој контекст, на територијата на Општина Богданци веќе се спроведува Проект за општинско- корисна работа во кој крајни корисници се пензионери, стари и изнемоштени лица кои сами не можат да си ги извршат дневните потреби и имаат потреба од дополнителна грижа. Овој проект веќе се спроведува од 1 ноември и ги бележи првите резултати. Три лица од Општина Богданци ги посетуваат домовите на старите и изнемоштени лица и им помагаат во нивните домови.
 
 
 

Одбележан Светскиот ден за сеќавање на сообраќајните незгоди

  По повод Светскиот ден за сеќавање на сообраќајните незгоди, претпладнево (15.11.2013) во салата на Совет на Општина Богданци, Општина Богданци во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) одржа тркалезна маса на тема: „Како до помалку сообраќајни несреќи со фатални последици“.
   Покрај членовите на ОСБСП учесници на тркалезната маса беа Командирот на ПС при МВР Гевгелија, Илија Делев, претставници од сообраќајната секција при СОУ „Богданци“, вработени во Општина Богданци и медиуми.

   Според податоците коишто ги презентираше Митко Попов, вработен во Општина Богданци, на републичко ниво минатата година во земјава загинале 132 лица, а годинава во првите девет месеци 139 луѓе ги загубиле животите во сообраќајни несреќи. Најчести причини за сообраќајни незгоди на републичко ниво според статистиката се возење под дејство на алкохол, непочитувањето на правилата на првенство на минување, недржење правец на возење, непрописно свртување и непрописно престигнување.

   Според изводот на податоците за Општина Богданци кој го презентираше Командирот на ПЕ Гевгелија, Илија Делев бројот на случени сообраќајни незгоди селектирани по последици во нашата општина се следниве: Во 2011 година во населено место со материјална штета се случени 9, а со телесни повреди 2 сообраќајни незгоди; надвор од населено место во 2011 година со материјална штета 8, а со телесни повреди 11 незгоди, а на автопат/магистрален пат сообраќајни незгоди нема регистрирано. Во 2012 година во населено место се слушиле 9 со материјална штета и 2 со телесни повреди, надвор од населено место 3 со материјална штета и 3 со телесни повреди, а на магистрален пат и во оваа година не се регистрирани. Во 2013 година во населено место има 12 со материјална штета и 12 со телесни повреди, надвор од населено место 10 со материјална штета и 18 со телесни повреди, на магистрален пат повторно нема регистрирано сообраќајни незгоди.

  За голема среќа во сета ова статистика колоната за жртви од сообраќајни незгоди на територијата на Општина Богданци во периодот 2011-2013 година е празна бидејќи не е регистрирана ниту една жртва од сообраќајна незгода.

  Од дискусијата и поставените прашања на тркалезната маса произлегоа повеќе заклучоци и насоки за понатамошно дејствување со цел намалување на сообраќајните несреќи. Командирот на ПЕ Гевгелија повика за поголема соработка и анимирање на младината во превземање на активности со таа цел за која МВР секојдневно изработува активности и ги вклучува младите како активни учесници во истите. Заклучок беше и дека подрачјето на Општина Богданци има добра безбедносна состојба и кога има и кога нема жртви, имајќи го предвид фактот што низ нашата општина поминува транзитен пат. МВР секојдневно врши контроли на црните точки на територијата, изработени се оперативни планови за дејствување во летни и зимски услови по патната инфраструктура, се прави контрола на техничката исправност на возилата, се врши соработка со локални и републички субјекти,  а во план е во сообраќајните патроли да се вклучат  и граѓани од населените места. Исто така на тркалезната маса се посочија некои критични точки во Богданци каде треба да се одбележат пешачки премини, поставување на соодветни сообраќајни знаци и места за паркирање каде што се уште нема.

   Инаку најчеста причина за сообраќајни незгоди на територијата на Општина Богданци се непрелагодената брзина на возење, возење под  дејство на алкохол и непочитување на правилото за првенство на минување.

„Љубовна приказна“ од Драмско атеље СОУ „Богданци“

   

   Петокот 08.11.2013 со почеток во 19.30 часот во просториите на ООУ „Петар Мусев“ премиерно се изведе претставата базирана на „Љубовна приказна“ од Јукио Мишима. Преставата сеуште се оддржува во одредени термини за учениците од училиштата. Истата е во режија на Кире Ѓорѓиев и ја изведуваат Ели Минева, Мартин Крлевски и професорот пијанист Бранко Сапламаев од Драмско атеље СОУ „Богданци“ во соработка со Дом на Култура „Бранд Петрушев“.

 

Одржана работилница „Климатски промени и планирање на мерки за прилагодување“

  Изминатиов викенд, поточно во саботата на 02.11.2013 година, во  просториите на СОУ “Богданци“ во рамките на проектот УСАИД Општински стратегии за климатски промени  се одржа  работилница на тема: „Климатски промени и планирање  на мерки за прилагодување“.
 
  Како што е познато овој проект во Општина Богданци се спроведува веќе неколку месеци наназад, а крајна цел е да се изработи Стратегија за климатските промени  во Општина Богданци. Истиот е финансиран од УСАИД и го спроведува Милиеуконтакт Македонија.
 
   Општина Богданци е една од четирите општини во Р. Македонија кои што се избрани за спроведување на овој проект, така што после изготвувањето на Стратегијата, треба да произлезат предлог-проекти кои ќе бидат финансирани од УСАИД.
   

   Во рамките на овој проект, како што рековме, неколку месеци наназад, работат неколку работни групи во различни области, кои ги идентификуваат , анализираат и предложуваат предлог мерки за намалување на влијанието на климатските промени во скоро сите области од општественото живеење.
 
   Конкретно оваа работилница беше осврт на досега сработеното, со учество како на претставници од работните групи, така и претставници од  јавните институции и жители на Богданци. Работилницата ја водеа претставници од Милеуконтакт Македонија, а искуството од работата на овој проект во Казахстан со присутните го сподели гостинот од Вашингтон г-нот Глен Андерсон.
 

Кампања “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

   Во рамките на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, а  како дел од Националната стратегија за унапредување на состојбите во безбедноста на сообраќајот, во координација на Републичкиот Совет за безбедност, Општина Богданци се вклучи во оваа кампања во делот на сообраќајното уредување на пешачките премини пред образовните институции.
 
   Акцијата беше изведена вчера и завчера со сообраќајно уредување на пешачките премини пред средното и основните училишта во општината, како и пред детската градинка во Богданци.
 
   Учество во акцијата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ зедоа учениците од сообраќајната струка при СОУ “Богданци“ и вработени во локалната самоуправа.
Пешаците и понатаму се една од најранливите категории во сообраќајот, каде што во голем број се присутни децата – пешаци, затоа како критични точки се земени премините пред самите образовни институции.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1125127

Посетители

1771625
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1674
1487
3161
33567
1771625

Server Time: 2018-09-18 23:01:53
Joomla template by Joomlashine.com