Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

ПРОМОТИВНИ ВИДЕА

https://www.youtube.com/watch?v=A66vN1W-8ec  - Jugoistocen region na Republika Makedonija (promotivno HD video)

https://www.youtube.com/watch?v=DCKX4zpZB7Y  -  Veteren park Bogdanci

Настани

Македонија без отпад 2013 во Општина Богданци

   По повод националната акција за чистење „Македонија без отпад 2013 година“, на 05.10.2013 година, Општина Богданци активно учествуваше во истата со цел да се исчисти отпадот кој што се наоѓа на несоодветни места во околината.
 
   Акцијата „Македонија без отпад 2013 година“,се оддржа на 05.10.2013 година (сабота) со почеток во 9.00 часот, на локацијата м.в Самовилец, поточно патот кој води кон манастирчето “Свети Димитриј“.

   Во акцијата учество земаа вработените во општинската администрација како и вработени од ЈП „Комунална чистота“. Волонтерски и со цел соодветно развивање на свеста и одговорноста за неправилното управување со сметот активистите го искористија времето за да го докажат нивното уверување дека секој може да направи разлика доколку се потруди да оддели дел од своето време за правилно управување со сметот.
 
 

Патронат на ООУ „Кирил и Методиј“ - Стојаково

 

   По повод Денот на сесловенските просветители и учители или Денот на светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј, во ООУ „Кирил и Методиј“ од Стојаково се одржа свечена приредба по повод патроните на училиштето, каде учениците ги презентираа своите музички и фолклорни успеси во текот на учебната година која изминува.
 
   Вовед во прославата за 24 Мај дадоа учениците Елена и Клементина, а хорот на училиштето изведе песна на латински. Потоа следуваа настапите на школскиот оркестар и изведбата на „Три пеперутки“ од првото одделение.
   Со фолклорни игри и ора се претставија членовите на културно-уметничките друштва од Богданци, ЗКУД „Бранд Петрушев“ и ФА „Мегдан“. ЗКУД „Бранд Петрушев“ се претстави со ората Пајдушко, Деветка и Егејски игри, а ФА „Мегдан“ со ората Тресеница и Водарки.
  Денеска во склоп на празнувањето на 24 Мај, на најуспешните 150 ученици од ова училиште кои во текот на учебната 2012/2013 година постигнале успеси во различни области им беа доделени награди.
 
 

Културно уметничка програма на ООУ „Петар Мусев“

 

   По повод Денот на сесловенските просветители и учители или Денот на светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј, синоќа (22.05.2013) ООУ „Петар Мусев“ од Богданци одржа свечена приредба со Програма каде учениците ги презентираа своите музички и фолклорни успеси во текот на учебната година која изминува.
   Воедно овој празник, Денот на сесловенските просветители и учители кој е и државен беше повод на наставниците кои оствариле дваесет години работно искуство во образованието, да им се доделат Признанија.
 
   Вовед во прославата за 24 Мај дадоа учениците од училишниот хор, а „Песна за солунските браќа“ од Видое Подгорец ја рецитираа Милена Милошевиќ и Христина Попѓоргева. Потоа следуваа настапите на балетските групи Twist dance и изведбата на песната „Дечкото од втората клупа“ од Софија Ичкова со која настали на фестивалот „Калинка 2013“.
Со фолклорни игри и ора се претставија членовите на културно-уметничките друштва од Богданци, ЗКУД „Бранд Петрушев“ и ФА „Мегдан“. ЗКУД „Бранд Петрушев“ се претстави со ората Пајдушко, Деветка и Егејски игри, а ФА „Мегдан“ со ората Тресеница и Водарки.
  Денеска во склоп на празнувањето на 24 Мај, на најуспешните 150 ученици од ова училиште кои во текот на учебната 2012/2013 година постигнале успеси во различни области им беа доделени награди.
 
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981292

Посетители

1556262
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1453
1620
9832
41461
1556262

Server Time: 2018-05-26 19:29:05
Joomla template by Joomlashine.com