Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Ратко Јанев - Атомски физичар

 

    Роден е во 1939 година.
    Електротехнички факултет завршил во Белград, Србија. Атомска физика докторирал во Санкт Петербург, Русија.
    Работел во Институтот за нуклеарна физика во Белград; работел во Институтот за физика во Белград; предавал атомска физика на Природно - математичкиот факултет во Скопје; истражувал во Париската опсерваторија, Франција; предавал на институтот Болдер во Колорадо, САД; консултант е на Принстон во Њу Џерси, САД; предавал и истражувал во Лондон, Велика Британија и на Оук Рич во Тенеси, САД; раководел со Секцијата за атомска енергија при ООН во Виена, Австрија; работел во Институтот за фузија во Нагоја, Јапонија;  постојан соработник е на Институтот за физика во Истражувачкиот центар "Јулих" во Германија; професор е на Институтот за применета физика и компјутерска математика во пекинг, Кина.
    Во 2004 година ја добил Хумболтовата награда за физика.
    Од 1987 година е член на МАНУ.
 
HomeОдноси со јавност

Јавен повик за финансирање на културните активности од Буџетот на општина Богданци за 2018 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5од Статутот на Општина Богданци („Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11 и 04/15), Градоначалникот на Општина Богданци објавува:

 

Јавен повик за финансирање на културните активности од Буџетот на општина Богданци за 2018 година

 

Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица од областа на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Здруженијата на граѓани и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :

- да придонесат за збогатување на културниот живот во општината; 

- да ја реализираат утврдената програма за развој на културата;

- да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;

- да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;

- да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер;

- да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

Потребна документација која здруженијата на граѓани и други правни лица одобласта на културата треба да ја достават:

- Пријава за аплицирање
- Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
- Годишна програма за работа за 2018година;
- Извештај за потрошените средства добиени од Општина Богданци за 2017 година (до денот на поднесување на пријавата);  

Здруженијата на граѓани на кои ќе им бидат доделени средства  Во програмата за финансирање на културните активности од Буџетот на општина Богданци за 2018 година потребно е да достават Годишен Извештај за потрошените средства исплатени од Буџетот на општина Богданци за 2017 година, најдоцна до 30.01.2018 година.

Рок и начин на доставување на пријавите 

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 06.11.2017 година (Понеделник) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса:Општина Богданци, ул.„Маршал Тито“ бр.62 1484 Богданци со назнака „за финансирање на активности од областа на културата за 2018 година“.       

Здруженијатa, учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по донесување на годишната Програма за финансирање на културните активности во општина Богданци за 2018 година.

                                                                                                          

                                                                                                                                                                                                                              Градоначалник

                                                                                                     на општина Богданци

                                                                                                                                                                                                                              Блаже Шапов

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
812837

Посетители

1327376
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1137
1613
7677
28399
1327376

Server Time: 2018-01-18 13:27:48
Joomla template by Joomlashine.com