Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавност

Оддржана дводневна противпожарна oбука во Oпштина Богданци

Општина Богданци во партнерство со Мировниот корпус Македонија и Дирекцијата за заштита и спасување од Скопје во рамки на проектот ,,Natural Disaster Preparedness and Response Training” успешно спроведе дводневна противпожарна обука за универзалната единица за заштита и спасување на општина Богданци, како една од активностите во самиот проект.

Проектот се состои од четири активности : Ажурирање на универзалната  единица зазаштита и спасување, Набавка на противпожарна опрема, Дводневна противпожарна обука за универзалната единица за заштита и спасување и Disaster Reduction day еден вид на настан/презентација за противпожарна заштита наменета за учениците во основно образование

Проектот,,Natural Disaster Preparedness and Response Training” е соработка на општина Богданци и Мировниот корпус Македонија, вкупниот буџет на проектот е 3265 усд.

      

 
 
Број на гледања на артикли
1008637
Joomla template by Joomlashine.com