Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавност

Интервјуа

ОГЛАС За вработување на Координатор за одржлив развој и поддршка на приватен сектор во рамките на проектот - Формирање на Бизнис Центар

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст ''Сл. Весник на РМ'' бр.145/2014), член 7 став 1 алинеја 4 од Одлуката за основање на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а согласно Проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион" потпишан помеѓу Центарот за развој на ЈИПР и УНДП бр.08-599/1 од 13.11.2014 год. и Одлуката за вработување од 05.12.2014 година, Раководителот на Центарот, објавува

ОГЛАС
За вработување на Координатор за одржлив развој и поддршка на приватен сектор во рамките на проектот - 1 извршител на определено време

Покрај општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи (да е државјанин на Р.Македонија, да е полнолетен, да не му е изречена казна - забрана за вршење на професија, должност или дејност) кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- VII / 1 степен – факултет од областа на општествени или природни и технички науки
- Работно искуство од 3 години
- Активно познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутери
- Познавања од регионалниот развој и системот на локалната самоуправа
- Познавање на позитивните законски прописи, подзаконските акти и Владините регулативи релевантни за планирање, имплементација и евалуација на Програми за развој и поддршка на приватниот сектор
- Искуство во подготовка, раководење и имплементација на проекти
- Комуникативност, аналитичност, креативност.

Работникот ќе работи на спроведување на проектните активности на Проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион".
Огласот е отворен 8 (осум) дена од денот на објавувањето, вклучувајќи го и денот на објавувањето (12.12.2014 година, петок до 16 часот)
Работодавачот ќе изврши избор во рок од 21 работен ден по истекот на рокот за пријавување.
Заинтересираните кандидати да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат условите наведени во огласот заедно со Мотивационо писмо за работа и CV во Европски формат.

Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:00 до 16:00; Работни денови: од понеделник до петок
Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до: Центар за развој на Југосточниот плански регион - Струмица, ул.„ Боро Џони" бр.10, 2400 Струмица, лице за контакт: Жулиета Ѓуркова тел: 034/340-139.

ИНТЕРВЈУ СО ВИКТОР СЕМЕНПЕЕВ, ОДОГОВОРЕН НА ЗДРУЖЕНИЕТО ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА

Проектот насловен како „Едукација и обука од областа на графичката ликовна уметност на учениците од општинските училишта преку организирање сесија за работа со деца и младинци“ поднесен од апликантот Здружение на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Богданци  беше оценет како најповолен при оценувањето на апликациите во врска со вториот Јавен  повик за прибирање предлог-проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните од областа на Локалниот економски развој, заштита на животната средина, спортот, образованието и културата, финансирани од Буџетот на Општина Богданци за 2014 година.

Организирањето на сесија на која преку графичка работилница ќе се едуцираат и обучуваат деца и младинци  која ќе ја води професорката Инес Класиќ од Академијата за ликовни уметности во Загреб, Хрватска има за цел учесниците на сесијата да се упатат во основите на графичките техники со што би ги збогатиле своите знаења и вештини од областа на културата и уметноста.

За тоа како е осмислен и како ќе се одвива целиот процес одговор побаравме од Виктор Семенпеев, одговорен за работата на Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА.

 

  Општина Богданци:  Кој е Виктор Семенпеев?

Виктор Семенпеев:       Виктор  Семенпеев е роден во Богданци, живее во Богданци, по струка е дипломиран графичар со диплома од Академијата за уметности, Отсек  графика во Нови Сад, Србија. Вработен е во Печатницата „Софија“, Богданци и е претседател на Управниот одбор на Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Богданци што значи дека од таа позиција ја претставува и застапува ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА и е одговорен за нејзината работа.

Општина Богданци:  Што е, всушност, ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА?

Виктор Семнпеев:    Графичката работилница е самостојна  и независна граѓанска организација чија цел е да посредува во размена на искуства, знаења и вештини од областа на графичката уметност.  Нејзината главна задача е да организира  графички работилници на кои, под менторство на професори од факултетите за ликовни уметности од земјава и странствои познати и докажани творци од областа на графичката уметност, младите графичари ќе ги надградуваат своите знаења и вештини со особено внимание кон негувањето на старите традиционални графички техники.

Работата на Графичката работилница се одвива врз основа на основна програма за работа  од која понатаму се прават шестгодишни програми за работа на кои, пак, се потпираат годишните програми за работа.

Општина Богданци:  Како се подготвуваат програмите ?

Виктор Семенпеев:   Програмите ги предлага Уметничкиот совет во чиј состав се,сега веќе, пензионираниот универзитетски професор и еминентен графичар Костадин Танчев Динка, сликарот Данчо Кал’чев, вљубеникот во убавите уметности  д-р Јанко Темелков, сликарот  Драги Семенпеев Цапе и јас. Оваа е единствена Графичката работилница од ваков вид на Балканот и во неговото опкружување.

Графичката работилница постои веќе седма година и работи во текот на цела година. Од 23 август до 3 септември се одржува нејзината Глава сесија. Досега во работата на Графичката работилница учество зеле седум ментори и повеќе од стотина учесници.

И менторите и учесниците на Главната сесија на Графичката работилница доаѓаат на предлог од управите  на факултетите за ликовни уметности со кои Графичката работилница има воспоставено соработка.

Релации на тој план имаме со академите за ликовни уметности од Љубљана  во Словенија, од Риека, Сплит и Загреб во Хрватска, од Сараево, Бања Лука и Мостар во Босна и Херцеговина, од Нови Сад, Нови Пазар и Белград во Србија, од Софија во Бугарија и од Скопје. Минатата година имавме Германка која студира во Скопје. Оваа година имавме Русинка од Москва која студира во Љубљана. Пред две години имавме учесничка од Њу Џерси во САД.

На крајот од Главната седија се организира завршна вечер на која се отвора изложба со графиките што биле изработени на таа Главна сесија. Постановката на таа изложба потоа се носи по градовите во државава. Во моментот сеуште трае нашата изложба во Кавадарци. На секои три години се организираат триенални изложби во некои од изложбените салони во Скопје.

За годините 2008,2009 и 2010 изложба беше организирана во Центарот за култура и информации.

За годините 2011, 2012 и 213 изложба беше организирана во Музејот на Град Скопје.

Минатата година  беше подготвен и докуметарен филм за работата на Графичката работилница во првите пет години од нејзиното постоење.

Општина Богданци:За што се работи во проектот со кој аплициравте на вториот Јавен повик?

Виктор Семенпеев:  Тој момент годинава за првпат го внесовме во годишната програма, а како активност ја имаме запишано и во Основната и во Шестгодишната програма. Се работи за организирање Сесија на кој ученици од училиштата во Општина Богданци преку едукација и обуки  ќе се запознаат со основите на графичките техники.

Општина Богданци:  Кој се е вклучен во реализацијата на проектот?

Виктор Семенпеев:   ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА е носител на проектот. Партнер во проектот е Печатницата „Софија“. Таа ќе ни помогне со отстапување на работен простор, опрема и техника. Исто така ќе ни помогне и во обезбедување на услови за престој, преноќиште и храна за менторката.

Во проектот се вклучени и училиштата од Општина Богданци.

Веќе е стапено во контакт со нивните управи и со наставниците по ликовна уметност. Во Проектот е планирано двете основни и средното училиште да ни предложат по 3 учесници  во сесијата, а по еден учесник, како меѓуопштинска и меѓуучилишна соработка, да ни дојдат од Гевгелија, Валандово и Дојран.

Во училиштата ни предложија, а ние прифативме, тој број да се зголеми за да можат што повеќе ученици да бидат упатени во тајните на графиката.

Општина Богданци:Каде ќе се одржува сесијата?

Виктор Семенпеев:  Графичката уметност е специфична. За да се работи графика треба да бидат исполени повеќе услови. Првенствено треба да има одговарачки работен простор. Да работи со разни метеријали. Се работи со препарати кои се валкани и со разни хемиски природи. Овде зборувам за бои, други намази, растворувачи, киселини... Зборувам за камења, за метални плочи, за разни текстилни материјали, за линолеуми, за картони...

За да се произведе графика потребни се кади, преси, центрифуги, сушари и друга опрема.

Ние како графичка работилница сеуште  немаме таков простор и таква опрема. Затоа како партнер во проектот ја зедовме Печатницата „Софија“. Таа располага и со простор и со опрема. Нашите релации во тој поглед се усогласени до ниво на договори за соработка. Сепак се работи за два правни субјекта.

Општина Богданци:Кои се придобивките што ги очекувате да  бидат остварени во тие десетина дена колку што ќе трае сесијата?

Виктор Семенпеев:  Учесниците, прво, се деца. Потоа тие немаат никакви познавање од областа на графиката. Оваа е новина. Ќе мора да се почне со основните работи. Бидејќи тие се и активни ученици, ќе се примени наставната методологија со која тие се образуваат во нивните училишта. Значи  во нашиот работен простор ќе им се објаснува како се прават поедноставните  графички техники, а потоа како домашна задача ќе треба да одработуваат определни активности. На крајот секој посебно ќе си изработи графика. Сето тоа ќе го организира менторката која е универзитетски професор. И наставниците на учениците активно ќе учествуваат во работата на сесијата.

Општина Богданци:Да, но како ќе бидат видливи разултатите од реализацијата на проектот?

Виктор Семенпеев:   Секој човек, сите ние сакаме некое наше достигнување да биде изложено на јавен увид. Да се види реакцијата на јавноста за тоа што сме го реализирале и изложиле.Тое е една човечка димензија која во крајна линија дејствува инспиративно..

Тргнувајќи од тој факт, се што како графика ќе биде изработено на сесијата ќе биде изложено на увид на јавноста. Децата-учесници своите изработки ќе ги видат во  изложбена постановка. Ќе биде изработен и каталог со учесниците и графиките што тие ќе ги изработат.

Изложбата и каталогот  од каде што ќе може да се види што се работело тие десетина дена на сесијата и кој тоа го сработел, како видлив резулатат, според  сите педагошко-образовно-воспитни параметри се сериозни поттикнувачки  моменти  што  ќе придонесат  за збогатување на знаењата и вештините од областа на културата и уметноста.

Образовните процеси и немаат друга улога. Со нашиов проект само сакаме да придонесеме  тој образовен процес да биде што посодржаен и поисполнет.

Општина Богданци:  Ви посакуваме успех во реализацијата на проектот.

Виктор Семенпеев:  Сигурни сме дека со успех ќе го завршиме тоа што првично сме го испланирале. Силно се надеваме дека во иднина оваа сесија ќе стане традиционална во чие планирање  активно ќе бидат вклучени  и предметните наставници со што тоа би станало дел од нивните вон наставни активности.

Општина Богданци:Рековте дека по струка сте графичар и дека сте вработени во Печатницата „Софија“. Имате ли време да творите?

Виктор Семенпеев:  Се наоѓа.

Општина Богданци: Каде ја барате инспирацијата?

Виктор Семенпеев: Уметноста, сите уметности, се всушност само пресликување на животот.  Животот сам по себе е инспирација.

Еден познат мислител еднаш има кажано дека  уметникот не станува уметник затоа што има да каже нешто туку уменикот станува уметник затоа што тоа што сака да го каже го кажува на извесен начин.

Ме прашавте дали имам време да творам.

Имам и творам во сите ликовни техники.

Летово бев на ликовна колонија во Битола каде што направив неколку масла на платно.

Минатата година  бев на студиски престој во Париз каде што се вратив со сет акварели и илустрации со мотиви од Париз што беа изложени во изложбениот простор на Печатницата „Софија“. Париз секогаш бил и сега е, град на уметноста. Како таков изобилува со мотиви за сликање.

Тука, дома, главно работам графики, но правам и цртежи. Често се фаќам и за четката.

Општина Богданци:  Што планирате за понатаму на личен план?

Виктор Семенпеев:Ако мислите на мојот личен творечко-креативен план  ќе ви кажам дека сум во поготовка за изработка на серија тематски и технички   определени графики со што би направил пробој кон мастер студиите. На нашиве факултети магистратурите се бранат со изложени дела од областа што ја опфаќа магистратурата.

Засега планирањата ми одат во таа насока.

Општина Богданци:  Општина Богданци ви посакува успех во реализацијата на овој проект, успех во сеопштата работа на  Графичката работилница и, се разбира, успех на личен план.

Виктор Семенпеев:  Благодарам. 

  

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
582517

Посетители

944310
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
594
1264
9074
31961
944310

Server Time: 2017-03-26 16:51:15
Joomla template by Joomlashine.com