Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавност

Односи со јавност

ПОВИК

Вработените во Одделението за ЛЕР , општина Богданци, во овој период од годината ја подготвуваат Нацрт-Годишна програма за активностите на Општина Богданци во областа на Локалниот економски развој  во 2016 година. Со цел вклучување на што поголем дел од локалната заедница во планирањето на Буџетските средства во областа на локалниот развој ги повикуваме  сите заинтересирани граѓани, преставници на НВО, претставници на бизнис заедницата, индивидуални земјоделци, преставници на земјоделски задруги, млади, претставници на бизнис заедницата и други, да достават свои мислења, предлози и  идеи за активности од споменатата област кои би ги вклучиле во Годишната програма. Реализацијата на Предлог активностите треба да се однесува за територијата на цела општина.  Сите Ваши предлози ќе ги разгледаме со посебно внимание и  сите издржани идеи ќе ги вклучиме во Програмата без исклучок. Затоа Ве охрабруваме слободно да предлагате, и Вашите предлози да ги доставите до одделението за ЛЕР, лично( усмено или писмено), или преку електронска пошта на подолу доставените контакти. Рокот за доставување на Вашите предлози е до 15.10.2015 година.

Ви благодариме за соработката!

Е-маил адреси за контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ;

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ;

СООПШТЕНИЕ ЗА ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

Општина Богданци ги известува сите деловни субјекти регистрирани на територијата на општината дека во тек е јавниот повик Бр.2 за поднесување на предлог проекти за финансирање

- Инструмент за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „Старт-ап“ и „Спин-оф“,

- Инструмент за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, -- -- Инструмент за кофинансирани грантови за трансфер на технологии

Објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој

Во тек се инфо средби, истите ќе се одржат на:

29.09.2015 (вторник) на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, свечена сала на Земјоделски факултет – Кампус 2, (амфитеатар бр. 84, 3ти кат) со почеток во 10 часот,

30.09.2015 (среда) на Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово, во амфитеатарот, со почеток во 10 часот,

01.10.2015 (четврток), на Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје со почеток во 10 часот,

14.10.2015 (среда), х. Кристал палас, Прилеп, во 10 часот.

и две дополнителни инфо средби за можностите за финансирање како и презентирање на обрасците за аплицирање за финансиските инструменти на  28.09.2015 (понеделник) во Сала на општина Битола, почеток во 10 часот и на  02.10.2015 (петок), сала на о. Охрид, со почеток во 10 часот.

За повеке информации искористете го линкот во прилог

http://www.fitr.mk/

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
760458

Посетители

1240243
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
499
1669
8529
40003
1240243

Server Time: 2017-11-24 12:37:21
Joomla template by Joomlashine.com