Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавност

Односи со јавност

ОПШТИНА БОГДАНЦИ ПОМЕЃУ ДЕВЕТТЕ ОПШТИНИ ВО КОИ СЕ СПРОВЕДУВААТ ПРАКТИКИ ЗА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ

Покрај град Скопје, Струмица, Велес, Илинден, Охрид, Битола, Карпош и Штип, Богданци е помеѓу деветте општини кои спаѓаат во групата на локални самоуправи во кои се спроведуваат практики за добро владеење. Ова го покажува истражувањето што по ЛОТОС метода го спроведе Центарот за истражување и креирање политики.

Истражувањето е за првпат реализано во Македонија ,во рамки на проектот „Размена на најдобрите ЕУ практики за следење на корупцијата на локално ниво“ финансиран од Европската унија.

Според истражувањето, просечниот резултат што го постигнале општините е 3,53, а нема ниту една општина која покажала резултати за да биде вброена во групата на општини со одлично владеење. Најдобри резултати покажале општините од Југозападниот регион, по што следат Пелагонија и Југоисточнот регион.

Според извршниот директор на Центарот, Марија Ристеска, доброто владеење не зависи од степенот на развиеност и од буџетот на општината. Пример за ова е општина Богданци, која иако има мал број жители и мал буџет во однос  на останатите, е шампион во добро владеење.

Истражувањето по ЛОТОС методата е спроведено во соработка со организацијата ГОНГ од Хрватска каде досега се спроведени три вакви истражувања.

Центарот за истражување и креирање на политики планира истражувањето да го спроведува секоја втора година, а веќе од следната најави дека ќе бидат опфатени сите општини во државата.

  

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
582515

Посетители

944302
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
586
1264
9066
31953
944302

Server Time: 2017-03-26 16:36:04
Joomla template by Joomlashine.com