Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавност

Односи со јавност

ОДДРЖАН КОНСТИТУВИЕН СОСТАНОК НА ЛЕСС НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Согласно усвоената одлука од страна на Советот на општина Богданци за формирање на Локален Економско Социјален Совет и  потпишаната спогодба за формирање на ЛЕСС во општина Богданци, на ден 14.07.2015 година во 18.00 часот во просториите на ООУ Петар Мусев Богданци се оддржа првиот конститутивен состанок на ова тело.  На состанокот беше најпрво усвоен предлог деловникот за работа на ЛЕСС, беше извршен избор на Претседател/заменици на претседател на ЛЕСС како и избор на секретар на ЛЕСС- Богданци, а беа договорени исто така и основните принципи и динамика на функционирање на ова тело во иднина.

На состанокот присуствуваа претставници од општина Богданци, претставници на синдикатите, претставници на работодавачите и секако претставници на граганските организации.

Локалниот економски социјален совет се очекува во иднина да има советодавна-консултативна функција преку која ќе се реализира социјалниот диалог и значаен дел од преговарачката функција на социјалните партнери за економско – социјалните прашања и економскиот развој кои се од интерес за општина Богданци.

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1010536
Joomla template by Joomlashine.com