Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Вработување

Агенција за вработување 

http://www.avrm.gov.mk/

Мерки за кредитирање  

http://www.avrm.gov.mk/oglasi2-ns_article-kreditiranje-do-29-godin.nspx

Анализи за потреби од вештини

http://www.avrm.gov.mk/content/APV20132014.pdf

Програма за работа на Агенцијата за вработување за 2014

http://www.avrm.gov.mk/content/Programaza2014.pdf

Програма за самовработување

http://www.samovrabotuvanje.mk/

Корисни линкови

http://www.vrabotuvanje.com.mk/

http://www.najdirabota.com.mk/

http://www.dobrarabota.mk/

http://kariera.mk/

Интересни статистики

http://www.avrm.gov.mk/pregled-na-evidentirani-nevraboteni-lica-spored-stepen-na-obrazovanie.nspx

HomeОдноси со јавност

Односи со јавност

УРЕДУВАЊЕ НА ВЛЕЗ ВО БОГДАНЦИ И „ГЕГОВА РЕКА“

Согласно Програмата за уредување на градежно замјиште во општина Богданци за 2015 година, при крај е уредувањето на влезот во Богданци.

 Со средства од Буџетот на општината (4.065.105 денари) поставена е атмосферска канализација со должина од 712м, поставени се 14 ревизиони шахти и канализациони цевки ДН 400 со должина од 450м и ДН 800 со должина од 220м. Активностите ги изведуваше правното лице ЕУРО-ИНГ Гевгелија.

Преку годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта, со средства од Владата на Република Македонија изведено е и асфалтирање на влезот во Богданци (припрема, порамнителен и завршен слој) во должина од 712м. Изведувач на активностите е „Македонија Пат“.

Во соработка со ЈП „Комунална Чистота“ Богданци извршено е уредување и на „Гегова река“ во должина од 30м и ширина 5м. Исчистено е старото речно корито од наноси и ниско стеблести дрвја и направена е регулација на речното корито.

Јавен повик за финансирање на културните активности од Буџетот на општина Богданци за 2016 година

Врз основа на член 41 став 1 точка 14 а во врска со член 16 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Богданци(„Службен гласник  на Општина Богданци“ бр.04/05, 04/11 и 04/15), Градоначалникот на Општина Богданци објавува:


Јавен повик за финансирање на културните активности од Буџетот на општина Богданци за 2016 година

Право на учество имаат здруженија на граѓани и други правни лица одобласта на културата кои делуваат на територијата на Општина Богданци.

Здруженијата на граѓани и другите правни лица кои учествуваат на овој повик потребно е :
- да придонесат за збогатување на културниот живот во општината; 
- да ја реализираат утврдената програма за развој на културата;
- да придонесат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Богданци;
- да го поттикнат и афирмираат културното творештво  на младите уметници;
- да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

-да обезбедат континуитет на традиционалните културно уметнички манифестации кои се од локален карактер;
- да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

Потребна документација која здруженијата награѓани и други правни лица одобласта на културататреба да ја достават:

- Пријава за аплицирање
- Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
- Годишна програма за работа за 2016 година;
- Извештај за потрошените средства добиени од ОпштинаБогданциза 2015година (да се достави најдоцна до 30 Јануари 2016 година);  

Рок и начин на доставување на пријавите 


Крајниот рок за поднесување на пријавите е 16.10.2015година (Петок) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави во архивата на општина Богданци или преку пошта на адреса:

Општина Богданци
Ул.„Маршал Тито“ Бр.62
1484,Богданци 
                                                                                                                                                                                                                           Градоначалник

                                                                                                                                                                                                                      на општина Богданци

                                                                                                                                                                                                                      Анастасија Олумчева

  

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
581336

Посетители

942325
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1304
1365
7089
29976
942325

Server Time: 2017-03-24 21:50:35
Joomla template by Joomlashine.com