Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавност

Односи со јавност

И БОГДАНЦИ ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ХУМАНОСТ

Хуманоста за настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина денеска ја изразија како граѓаните, така и компаниите од општина Богданцикои организирани од општинската администрација донираа вода, средства за хигиена,  облека, постелнина и конзервирана храна за настраданото население од поплавите. 

Пунктотза собирање на донациите е поставен пред зградата на Локалната самоуправа каде ќе се работи во текот на целиот ден, до 18:00 часот. Граѓаните кои беа претходно известени, самоиницијативно и масовно доаѓаа на пунктот и донираа помош во рамки на своите можности.

И населените места Стојаково, Селемли и Ѓавото на одредени локации имаа организирано акција за донирање, во која беа собрани поголеми количини храна, вода за пиење, средства за хигиена и сл.

Во собирната акцијаденес се вклучија и вработените во општината, училиштата, детската градинка и јавното комунално претпријатие како и учениците од основните и средното училиште и дечињата од детската градинка.

Општина Богданци изразува ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ за хуманоста на своите граѓани.

 

СЕ БАРА СЕМЕЈСТВО ОД БОГДАНЦИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА ВОЛОНТЕР ОД МИРОВЕН КОРПУС

СОУ „Богданци“ Богданци се јави на повикот за апликации за волонтер од Мировен Корпус, кој е потребно да започне со работа во Декември, 2014 година. Согласно Програмата за сместување на волонтерите на Мировен Корпус, истите живеат во семејства домаќини во текот на нивните две години престој во заедниците каде што работат. Волонтерите кои живеат во семејства полесно се интегрираат во заедницата и поуспешно го изучуваат јазикот. Оваа Програма овозможува културолошка размена, развивање пријателства, како и подобро разбирање на Американската и локалната култура.

Имајќи го во предвид погоренаведеното, се бара семејство од Богданци кое е во состојба да смести волонтер од Америка во својот дом, во период од 2 години.

Сместувањето на волонтерите не треба да биде луксузно, односно треба да биде просечно и според просечните стандарди на живеење на семејството. Доколку сте семејство кое е заинтересирано да биде домаќин на волонтер, условите кои треба да ги исполнувате може да ги погледнете  на следната брошура.

Семејствата-домаќини ќе добиваат месечен паричен надомест за покривање на трошоците околу престојот на волонтерот.

Телефон за контакт: 078 238-713.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1010536
Joomla template by Joomlashine.com