HomeОдноси со јавностИнвестирај во општина Богданци

Односи со јавност

НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

  (СИЛЕН ВЕТЕР, КРАТКОТРАЕН ОБИЛЕН ДОЖД, НАГОЛ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРАТА)

      Согласно дописот од РЦУК Гевгелија, утре,25.03.2014 година, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд,на планините од снег а на некои повисоки места во западните деловиод дожд и снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни особено во крајните западни и североисточни делови на земјава. 

Локално е можна појава на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, нагло опаѓање на температурата и ретки грмежи а не е исклучена ниту појава на град. Ќе дува умерен а повремено и силен јужен ветер, кој околу пладне и попладне повремено ќе достигнува брзина до околу 70 км на час.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

 

 

БОГДАНЦИ ВО ПЕТОК ОД 05 ДО 07 ЧАСОТ БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

         Поради приклучување на паркот на ветерни електрани Богданци во дистрибутивната мрежа, во петок од 5 до 7 часот наутро без електрична енергија ќе бидат населените места во општинаБогданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

 

Број на гледања на артикли
1015293
Joomla template by Joomlashine.com