Општина Богданци                                                                                          

HomeОдноси со јавност

Односи со јавност

ИЗВЕДЕНА ПРЕТСТАВАТА „СО ЉУБОВТА ШЕГУВАЊЕ НЕМА“

 

Публиката во малата сала на Дом на култура „Бранд Петрушев“ на 22.08.2015 (Сабота) со голем аплауз ја поздрави претставата „Со љубовта шегување нема“ во изведба на Битолскиот интимен театар, а во режија на Софија Ристевска.

Претставата, што се одигра во рамки на манифестацијата „Културно лето“, ја разработува тематиката за тоа како материјалните работи постепено се претвораат во нашиот Господ и за тоа колку љубовта денес е студена и површна. 

Претставата е работена по текст на фрацускиот автор Алфред де Мисе, кое дело потекнува од првата половина на 19-тиот век од епохата на романтизмот, но драмски е деконструиран и адаптиран на актуелните и современи текови за 21 век.

Пораката на оваа претстава е да се укаже на најнегативните импликации од капитализмот како што се: губењето на човечкиот идентитет и важноста на човечкото постоење, дехуманизацијата, губење на оригиналноста и солидарноста, на средната граѓанска класа и создавање на екстремно богати и екстремнo бедни луѓе.

Настанот беше во склоп на проектот „Топол Културен Бран  - 2015“ и истиот беше финансиран со заеднички средства на Министертсво за култура и општина Богданци.

 

Јавни повици кон НВО Финансирани од Буџетот на општина Богданци, програма за Локален економски развој

Во рамки на објавениот прв јавен повик кон НВО за 2015 година како проект кој беше најдобро рангиран од страна на комисијата за избор на предлог проекти е проектот Одбележување на значаен историски настан-Стогодишнина од создавањето на Солунскиот фронт (Дојрански позиции) чиј предлагач беше ЗГОР 25-мина Стојаково. Терминот за оддржување на завршната изложба во рамки на овој проектот поради потребата од дополнително време за обезбедување на присуство на претставници од земји кои се засегнати со настаните кои се одвивале на ова подрачје за време првата светска војна и кај кој побудува интерес самата поставка (Германија,Бугарија,Англија, Франција, Србија, Грција и Италија) се одложи за реализација на взаемен интерес на ЛС и ЗГОР 25-мина  во текот на месец Септември 2015 година.

Проектот Создавање на услови за развој на туризмот преку развивање на риболовниот спорт во Богданци на предлог на ЗСР Костреш Богданци е најдобро рангиран на вториот јавен повик кон НВО за 2015. Според временската рамка за реализација на самиот проект финалната активност за порибување на акумулацијата Паљурци треба да се реализира најдоцна до 13.10.2015.

Третиот јавен повик кон НВО Финансирани од Буџетот на општина Богданци, програма за Локален економски развој според временската рамка за спроведување на јавните повици за 2015 ке се објави на 18.08.2015 и ќе биде отворен за прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од областа на локален економски развој, заштита на животната средина, спорт,образование и култура од здруженија на граѓани и фондации од Општина Богданци во согласност со стратешките и програмските документи на општината.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
613809

Посетители

997921
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
52
509
5932
13967
997921

Server Time: 2017-05-27 00:28:25
Joomla template by Joomlashine.com