Општина Богданци                                                                                          

HomeОпштина Богданци

Општина Богданци

СРЕЌЕН БОЖИЌ - ХРИСТОС СЕ РОДИ

На сите верници од католичка вероисповед им го честитам големиот празник, Раѓањето Христово-Божик.Посакувам во сите домови давладее среќа, спокојство, благодет, почит и христијанската љубов. Во здравје и празнично расположение, да ја потврдиме вредноста  на нашата духовност споделувајќи безусловна љубов со најблиските.

Среќен Божиќ – Христос се роди.

Профил на општината

Основни информации
• Седиште на општината: ГРАД БОГДАНЦИ
• Број на жители: 8707
• Површина: 114,54 km2
• Густина на население: 76,02 жители/km2
• Број на населени места: 4
• Населени места: градот Богданци и селата: Ѓавато, Селемли и Стојаково
• Градоначалник: Анастасија Олумчева
• Членови на совет: 11
• Адреса: Општина Богданци, Маршал Тито 62, Богданци 1484
• Телефон: 034/222-333, 034/221-077
• Факс: 034/222-333
• Електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
                                         Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
  Рурални - урбани средини
 
      Населбата Богданци е општинско седиште која се наоѓа на надморска височина од 65,0 м.н.в. Атарот на Богданци зафаќа површина од 6.700 ха, од кои под обработливи површини се 1.561,4 ха, пасиштата зафаќаат 2.107,7 ха, и на шумите отпаѓаат 2.719,5 ха.
      Богданци е урбанистичко добро уредена населба со потребна инфраструктура, современо изградени згради, продавници и угостителски објекти.
       Населбата Ѓавато (60,0 м.н.в) спрема бројот на жителите спаѓа во населби со средна големина. Се наоѓа во западната зона на територијата на Општината на левата страна на реката Вардар, чиј атар се допира со Општина Гевгелија. Селото е рамничарско и неговиот атар зафаќа површина од 1.381,6 ха, од кои под обработливо земјиште се 405,7 ха, на шуми отпаѓаат 591,9 ха,  и на пасишта 174,1 ха. Главна активност во населбата е полјоделството, во него постои и училиште до 4-то одделение, има амбуланта, земјоделска задруга, продавница и дом на културата.
       Селемли е населба која се наоѓа на југоисточниот дел на Општина Богданци чиј атар се допира со државната граница на Република Грција. Селото е рамничарско на надморска височина од 150 м.н.в. Атарот на Селемли зафаќа површина од 608 ха, од кои обработливите површини зафаќаат 370,8 ха, пасиштата 160,3 ха, и шумите зафаќаат површина од 3,5 ха. Селото има полјоделска функција. Поради пораст на бројот на населението селото преминало од мала во средна населба.
     Стојаково е голема населба која се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Богданци чиј атар со мал дел се допира со државната граница на Република Грција. Селото е рамничарско на надморска висина од 60 м.н.в. Атарот зафаќа површина од 2.746,2 ха од кои обработливото земјиште зафаќа 1.577 ха, пасиштата 610,5 ха и шумите зафаќаат површина од 142,1 ха.
    Селото има полјоделско - сточарска функција. Во него работи осумгодишно училиште, амбуланта, пошта, дом на културата, земјоделска задруга и услужни објекти.

Историја

 

Историјат на општината
 
Општина Богданци постоела уште од 1955 година и во тогашната општина освен Богданци како седиште, влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавото, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз.
Со новото територијално распоредување на општините во 1965, Општина Богданци била присоединета кон Општина Гевгелија за подоцна пак да стане самостојна единица на локална самоуправа во 1996 година.
Со последното уредување на општинските граници преку Законот за територијална организација на Република Македонија од 2004 година, Општина Богданци остана во рамките на својата постојна територија и се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Ѓавото и Селемли.

Географска положба

 

Локација на општината 
 
 Површина, надморска височина 
Општина Богданци со населбите: Богданци, Ѓавато, Селемли и Стојаково спаѓа во југоисточниот регион на Р. Македонија и зафаќа површина од 11.438 ha. Од западната страна се граничи со општина Гевгелија, северно со општината Валандово, а на исток со општината Дојран. Јужната граница на општината се поклопува со државната граница со Р. Грција.
        Општина Богданци е рамничарски крај со благо изразени брда. Повисоките брда ја обиколуваат Општината, почнувајќи од Мамино со висина од 426 м.н.в. северозападно од Богданци, границата северно од Богданци се движи преку Ранковец и Кучелот со 436 м.н.в., потоа минува преку Пунтот со 453 м.н.в. Источната граница минува низ планините Бандера и Карабалија чија висина се движи од 532 до 697 м.н.в. Од Карабалија каде границата на Општината се сече со државната граница со Грција теренот се спушта во рамничарскиот дел.
 
 
        Клима
 
       Богданско Поле е под влијание на медитеранско и континентално климатско влијание. Овде е изразена посебна локална клима со изменети медитерански и ублажени умерено континентални обележја, која се манифестира преку доста топли лета и релативно студени зими. Ова подрачје со просечна годишна температура од 14,20С спаѓа меѓу најтоплите во Р. Македонија.
       Летата се карактеризираат со високи вредности на максимални температури. Најтопол месец е јули со просечна месечна температура од 250С. Летната топлина продолжува и во месец септември. Средната вредност на температурата во трите зимски месеци е 4,70С. Режимот на врнежите е под медитеранско климатско влијание. Летните месеци се со мала количина на врнежи, а максимумот паѓа во доцните есенски месеци. Просечна годишна сума на врнежи изнесува 711 mm. Врнежите се главно од дожд, додека врнежите од снег се мали, снежниот покривач е со просечно годишно траење од 6 денови. Почвено - климатските карактеристики на Општината даваат поволни услови за развој на градинарски култури и за подигање на лозови насади.
Обработливи површини
       Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ha. Обработливите површини, од кои 3.199 ha се ниви, 83.5 ha се овоштарници и 631.5 ha се лозја, се простираат во рамничарскиот терен, а на падините на планините и ридовите се простираат пасишта. Од обработливите површини вкупно 1.100 ha се под системи за наводнување, но од тоа само 220 ha се наводнуваат.
 
       Шуми
 
       Под шуми во општината Богданци се наоѓа површина од 3.457 ha. Климатските карактеристики, распоредот на врнежите и високите температури не даваат можности за развивање на високо продуктивни шуми. Во структурата на шумите во Општината доминира дрвна маса чија коњуктурна и економска вредност е мала, застапени се грмушките честарите и макиите, додека дабовата шума е застапена во помал процент. На десната страна на патот Богданци - Дојран, на 2 km. од Богданци, се наоѓа локалитетот “Честе јавори” каде егзистира ендемичен вид на ореово -чинарова заедница “Југландо Платанетум ориенталис”.
      Општината е сиромашна со водотеци и извори. Подрачје побогато со вода е алувиумот на р. Вардар каде што се изградени и бунари за водоснабдување и наводнување на обработливите површини. Во близина на населеното место Ѓавато изградени се бунари за водоснабдување на населението во Богданци и Ѓавато и бунари како дел од проектот “Спас на Дојранско Езеро” за обезбедување дополнителни количини на вода за Дојранското Езеро. 
      Низ Општината тече реката Вардар. Од вливот на Кованска Река во Вардар, границата на Општината воглавно се движи по течението на Вардар напуштајки го на неколку места до месноста Лагот од каде почнува границата со општина Гевгелија. Реката Вардар на овој дел често се излива од коритото.
      Од површинските води главен водотек е р. Луда Мара која не се одликува со поголеми и постојани протеци. На реката е изградена акумулацијата Паљурци чија намена е наводнување на обработливите површини. Акумулацијата е со корисен волумен од 2,8 х 106 м3. По изградбата на акумулацијата често коритото на р. Луда Мара е суво. На р. Луда Мара во општината Дојран изградена е уште една акумулација “Чинарли” со корисен волумен од 0,25х106 м3.
     Притоките на р. Луда Мара се од пороен карактер, често пресушуваат и во време на поголеми врнежи предизвикуваат проблеми со носење на нанос и поплавување. Притоки на реката од десна страна се: Габровска Река и Медурска и Камилска Река кои минуваат низ Богданци. На лева страна од реката позначајни притоки се: Поландере кој се влива во Луда Мара после акумулацијата Паљурци; Сува Река, Маторска Река и Таљусница се реки кои директно се вливаат во акумулацијата.Северно од Ѓавато е Маминска Река кој се влива во р. Вардар. И оваа река е со непостојан водотек. 
     На територијата на Општината има и поголем број на други непостојани водотеци односно суводолици кои предизвикуваат проблеми во време на врнежи.Во близина на селото Селемли на Селемлиска Река изградена е акумулација “Селемли” со корисен волумен од 0,84х106м3 чија основна намена е наводнување на обработливи површини.За обезбедување на вода за наводнување и поење на добиток на територијата на Општината изградени се 7 микроакомулации.
 

Контакт

 

• Градоначалник: Анастасија Олумчева
• Членови на совет: 11
• Адреса: Општина Богданци, Маршал Тито 62, Богданци 1484
• Телефон: 034/222-333, 034/221-077
• Факс: 034/222-333
• Електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
                                         Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Локална самоуоправа

 

 
Општинска власт
 
Општинската власт е воспоставен согласно Законот за локална самоуправа објавен во Службен Весник на РМ 5/02.
 
1. Совет на Општина Богданци
     Советот на општината го сочинуваат 11 советници кои се избрани на општи и непосредни избори, за мандат од 4 години. Советот на општината, од редот на советниците, го избира својот Претседател.
 
2. Градоначалник
   Градоначалникот ја претставува општината. Тој е избран на општи и непосредни избори, согласно закон, за период од 4 години.
 
3. Административни тела
    Во надлежност на Советот е поставувањето на административни тела за вршење на определени општински надлежности.

Градоначалник

 

 
Анастасија Олумчева
 
   Родена е на 6 септември 1982 година во Гевгелија. Израснува во Богданци, каде го завршува основното образование. Од рана возраст се истакнува како исклучителна личност со повеќестрани таленти, посебно во математиката и уметноста. Почитувач е на интелектот и трудот. Сака префинета музика и интересни теории. Вегетаријанец е и голем љубител на животните. Луѓето ја препознаваат како вистински пријател и одличен соработник.
   Во 2001 завршува средно образование во гимназијата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје, во 2008 година на тема од областа на алтернативна (соларна) архитектура и се стекнува со звање - дипломиран инженер архитект.
   Има работено како главен проектант и соработник во бироа од приватен сектор и самостојно: 2007-2009 – Биро за проектирање „Тетрактис“ Скопје, 2009-2010 – Биро за проектирање „Етапа Проект“ Скопје. Во периодот од 2010 до 2011 година работи како соработник за урбанизам во општина Богданци. Од 2011 година се вработува како помлад соработник во Одделението за урбанизам на општина Дојран.
   Има учествувано на работилници и конвенции од областа на архитектурата и современото живеење, како и работено на многу домашни и меѓународни конкурси за јавни објекти (www.etapaproekt.com, www.tetraktis.com.mk). Има изработено многубројни проекти за индивидуални и комерцијални објекти за приватни нарачатели.
Одлично познава англиски јазик и работа со компјутерски апликации.
 

Совет на општината

Советот на Општина Богданци е претставничко тело на граѓаните на општината.

Состав на советот

Советот на Општина Богданци е претставничко тело на граѓаните на општината. Составен е од 11 советници избрани на непосредни избори.

Совет на општина Богданци 2013-2017
Р.бр.  Име и Презиме
 
1         Блаже Шапов
2         Сузана Мандалова
3         Никола Стратров
4         Борис Ванчев
5         Риса Бејкова
6         Ристо Киров
7         Душко Енџекчев
8         Кристијан Тодоров
9         Катерина Чрчева
10       Стојан Воданов
11       Ристо Енџекчев
 
 
Совет на општина Богданци 2009-2013
 

Р.бр.

Име и Презиме

1

Душко Енџекчев

2

Горан Сламков

3

Катерина Чрчева

4

Санда Шуклева

5

Илија Карагошев

6

Блаже Шапов

7

Зоран Пеев

8

Драгица Вангелова

9

Тони Такашманов

10

Ристо Шабанов

11

Мито Манолев

 

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
659547

Посетители

1072985
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
15
869
4347
33499
1072985

Server Time: 2017-07-28 00:29:24
Joomla template by Joomlashine.com