Општина Богданци                                                                                          

Географска положба

 

Локација на општината 
 
 Површина, надморска височина 
Општина Богданци со населбите: Богданци, Ѓавато, Селемли и Стојаково спаѓа во југоисточниот регион на Р. Македонија и зафаќа површина од 11.438 ha. Од западната страна се граничи со општина Гевгелија, северно со општината Валандово, а на исток со општината Дојран. Јужната граница на општината се поклопува со државната граница со Р. Грција.
        Општина Богданци е рамничарски крај со благо изразени брда. Повисоките брда ја обиколуваат Општината, почнувајќи од Мамино со висина од 426 м.н.в. северозападно од Богданци, границата северно од Богданци се движи преку Ранковец и Кучелот со 436 м.н.в., потоа минува преку Пунтот со 453 м.н.в. Источната граница минува низ планините Бандера и Карабалија чија висина се движи од 532 до 697 м.н.в. Од Карабалија каде границата на Општината се сече со државната граница со Грција теренот се спушта во рамничарскиот дел.
 
 
        Клима
 
       Богданско Поле е под влијание на медитеранско и континентално климатско влијание. Овде е изразена посебна локална клима со изменети медитерански и ублажени умерено континентални обележја, која се манифестира преку доста топли лета и релативно студени зими. Ова подрачје со просечна годишна температура од 14,20С спаѓа меѓу најтоплите во Р. Македонија.
       Летата се карактеризираат со високи вредности на максимални температури. Најтопол месец е јули со просечна месечна температура од 250С. Летната топлина продолжува и во месец септември. Средната вредност на температурата во трите зимски месеци е 4,70С. Режимот на врнежите е под медитеранско климатско влијание. Летните месеци се со мала количина на врнежи, а максимумот паѓа во доцните есенски месеци. Просечна годишна сума на врнежи изнесува 711 mm. Врнежите се главно од дожд, додека врнежите од снег се мали, снежниот покривач е со просечно годишно траење од 6 денови. Почвено - климатските карактеристики на Општината даваат поволни услови за развој на градинарски култури и за подигање на лозови насади.
Обработливи површини
       Вкупната аграрна површина во општината зафаќа 10.652 ha. Обработливите површини, од кои 3.199 ha се ниви, 83.5 ha се овоштарници и 631.5 ha се лозја, се простираат во рамничарскиот терен, а на падините на планините и ридовите се простираат пасишта. Од обработливите површини вкупно 1.100 ha се под системи за наводнување, но од тоа само 220 ha се наводнуваат.
 
       Шуми
 
       Под шуми во општината Богданци се наоѓа површина од 3.457 ha. Климатските карактеристики, распоредот на врнежите и високите температури не даваат можности за развивање на високо продуктивни шуми. Во структурата на шумите во Општината доминира дрвна маса чија коњуктурна и економска вредност е мала, застапени се грмушките честарите и макиите, додека дабовата шума е застапена во помал процент. На десната страна на патот Богданци - Дојран, на 2 km. од Богданци, се наоѓа локалитетот “Честе јавори” каде егзистира ендемичен вид на ореово -чинарова заедница “Југландо Платанетум ориенталис”.
      Општината е сиромашна со водотеци и извори. Подрачје побогато со вода е алувиумот на р. Вардар каде што се изградени и бунари за водоснабдување и наводнување на обработливите површини. Во близина на населеното место Ѓавато изградени се бунари за водоснабдување на населението во Богданци и Ѓавато и бунари како дел од проектот “Спас на Дојранско Езеро” за обезбедување дополнителни количини на вода за Дојранското Езеро. 
      Низ Општината тече реката Вардар. Од вливот на Кованска Река во Вардар, границата на Општината воглавно се движи по течението на Вардар напуштајки го на неколку места до месноста Лагот од каде почнува границата со општина Гевгелија. Реката Вардар на овој дел често се излива од коритото.
      Од површинските води главен водотек е р. Луда Мара која не се одликува со поголеми и постојани протеци. На реката е изградена акумулацијата Паљурци чија намена е наводнување на обработливите површини. Акумулацијата е со корисен волумен од 2,8 х 106 м3. По изградбата на акумулацијата често коритото на р. Луда Мара е суво. На р. Луда Мара во општината Дојран изградена е уште една акумулација “Чинарли” со корисен волумен од 0,25х106 м3.
     Притоките на р. Луда Мара се од пороен карактер, често пресушуваат и во време на поголеми врнежи предизвикуваат проблеми со носење на нанос и поплавување. Притоки на реката од десна страна се: Габровска Река и Медурска и Камилска Река кои минуваат низ Богданци. На лева страна од реката позначајни притоки се: Поландере кој се влива во Луда Мара после акумулацијата Паљурци; Сува Река, Маторска Река и Таљусница се реки кои директно се вливаат во акумулацијата.Северно од Ѓавато е Маминска Река кој се влива во р. Вардар. И оваа река е со непостојан водотек. 
     На територијата на Општината има и поголем број на други непостојани водотеци односно суводолици кои предизвикуваат проблеми во време на врнежи.Во близина на селото Селемли на Селемлиска Река изградена е акумулација “Селемли” со корисен волумен од 0,84х106м3 чија основна намена е наводнување на обработливи површини.За обезбедување на вода за наводнување и поење на добиток на територијата на Општината изградени се 7 микроакомулации.
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
634634

Посетители

1034129
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
573
1085
7913
30805
1034129

Server Time: 2017-06-26 13:41:31
Joomla template by Joomlashine.com