Општина Богданци                                                                                          

СОВЕТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните и го сочинуваат единаесет претставници на граѓаните избрани на општи непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Мандатот на членовите на Советот трае четири години.

Членот на Советот има право и должност:

  • да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од локално значење, како и од значење за граѓаните во Општината;
  • да дава иницијативи за донесување на одлуки и други акти од надлежност на Советот, како и да предлага амандмани, на начин и по постапка предвидени во Деловникот;
  • да бара од администрацијата на Општината, како и од јавните служби, установи и претпријатија и од други институции, основани од Општината, податоци и други информации за прашања од нивниот делокруг, а што му се потребни за неговата работа во Советот;
  • да бара и добие стручна помош во изработувањето на предлози што тој му ги поднесува на Советот, во поставувањето на советнички прашања и во вршењето на други работи што му ги доверил Советот, односно комисија во која членува;
  • да ги чува како тајна податоците, кои се класифицирани како такви, што ќе ги дознае на седница на Советот или на комисија.

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1010127
Joomla template by Joomlashine.com