Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Атанас Вангелов - писател

 

     Се родил во 1946 година.
     Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. На истиот факултет предавал и бил декан.
     Се појавил како поет, романсиер, драмски автор, есеист, преведувач, публицист, научен работник, универзитетски професор и амбасадор.
    Бил пратеник во собранието на РМ и член на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.
    Бил лектор на Парискиот универзитет.
    За ширење на француската култура Владата на Франција го одликувала со орден.
    Досега издал 10 книги поезија, 1 роман, 2 драми, 9 книги и критики, студии, расправи и есеи и 5 книги преводи.

Стопанство

Економија

 

Бруто домашниот производ во општина Богданци според податоците за Југоисточниот регион изнесуваат 6050 ( ПКМ во USA $ ) и е помал од БДП на РМ кој изнесува 6850 USA $.
 
     Потенцијали
 
      Метални и неметални суровини: По својата местоположба територијата на Општината припаѓа на вардарската геотекстонска зона и во овие рамки се среќаваат следните геолошки супстрати :
 - дијабаз на мали површини што гравитираат кон граничниот премин Богородица, 
- биотитски гнајсеви (во поголемиот дел на Пугана),
 - кварц-кератопорфири (северно од р. Вардар),
 - амфиболитски шкрилци ( северно од Богданци), 
- гнајсеви од седиментно потекло (кај Стојаково и грчката граница), 
- лиас (кон северозападните падини на планината Карабалија).
 
     Потенцијали за развој на туризмот 
 
    (бански, планински, езерски, ловен и др) 
Спортско-рекреативен туризам:
     Спортско стрелачки клуб Магнум од Богданци секоја година е организатор на Меѓународен Гран-При турнир во летачки мети (глинени гулаби). На овој турнир учествуваат стрелачи од соседните земји и тоа репрезентативци на Република Бугарија, Србија, Грција а за 2007 година се најавени и репрезентациите на Република Хрватска и Босна и Херцеговина. На овој турнир учествуваат 40-50 натпреварувачи.Стрелачките терени со кои располага овој клуб се единствени од ваков вид во Македонија и едни од ретките на Балканот. 
    На територијата на Општината е регистирано Ловечкото друштво “Тигар” Стојаково со ловна територија која се протега и на соседните три општини (Дојран, Гевгелија). Дивечот што е застапен во регионот по својот состав е мошне атрактивен и го привлекува вниманието на голем број ловци – туристи од поширокиот простор на Европа. Богата орнитофауна во регионот се истотака привлечни на немалиот број вљубеници на сафари – туризмот. Само во еко системот на Дојранското езеро се среќаваат над 80 видови на птици, а поголемиот број од нив се со статус на ретки и загрозени видови од прва, втора и трета категорија во Европа. Ловечкото друштво располага и со сопствен репроцентар за диви свињи кој се наоѓа во месноста Грамади. Со развојот на ловниот и сафари туризмот ќе се овозможи продолжено и порационално искористување на другите туристички инфраструктурни објекти во регионот надвор од главната туристичка сезона.
 
Доминантни стопански гранки: 
 
       На територијата на Општината постојат повеќе стопански субјекти. Има десетина текстилни фабрики кои спаѓаат во категоријата на лесна текстилна индустрија. Постои фабрика за производство на приколки и полуприколки,млечни капацитет за преработка на млеко и производство на производи. Исто така има и погон за преработка и конзервирање на земјоделски производи. Постои и погон за производство на средства за лична хигиена.
      Во рамките на земјоделското производство постојат посебно климатско-педолошки услови за производство на раноградинарски производи, како на отворено, така и во заштитен простор (стакленици и пластеници). На овие простори се застапени следниве видови култури: домати, краставици, зелка, кромид, пиперка, лубеници и друго. Лозарството е исто така многу застапено. Се одгледуваат повеќе сорти на асталско и винско  грозје. За складирање и одржување на раноградинарските и лозарските производи во општина Богданци постојат и одредени капацитети (ладњачи).
    Од доменот на сточарството постои и краварска фарма, како и фарма во која се одгледува специјален вид на француска коза.

Инфраструктура

 

     Поврзаност со регионални и магистрални патишта-km
 
 
    Општината Богданци со соседните општини Гевгелија и Дојран е поврзана со регионалниот пат Р - 111. Патот почнува од градот Гевгелија, минува низ Богданци и во општината Дојран меѓу населените места Фурка, Црничани и Ѓопчели се спојува со регионалниот пат Р - 604 кој е врска меѓу градовите Валандово и Дојран. 
    Населените места Ѓавото, Стојаково и Селемли меѓусебно се поврзани со регионалниот пат Р - 123 кој е и истовремено и врска на општина Богданци со општината Валандово. Правецот на регионалниот пат Р - 123 е од Марвинци кон Ѓавото, потоа се сече со регионалниот пат Р-111 и продолжува кон Стојаково и кон Селемли. Овој патен правец од Маринци до Грчиште е асфалтиран, од Грчиште до Ѓавото е земјен, а од Ѓавото до Селемли е асфалтиран со широчина помала од 4 м. Од населеното место Селемли кон акумулацијата Паљурци постои земјен пат.
  Во функција е и регионалниот пат заобиколница Гевгелија-Богданци-Дојран.
   На територијата на Општина Богданци има 30 km локални патишта.

Образование

 

      Во општина Богданци редовно функционираат  2 основни училишта: ООУ "Петар Мусев“-Богданци (https://www.facebook.com/ooupetar.musevbogdanci?fref=ts) и  ООУ "Кирил и Методиј" - Стојаково (https://www.facebook.com/profile.php?id=100003785868677) и 2 подрачни училишта. На територијата на општината континуирано функционира и 1 средно училиште гимназија С.О.У Богданци.
    Образованието е сегмент кој значително ќе придонесе за добробит на нашата општина. Инвестициите во образованието на општината и целокупната заедница им носат најмногу на среден и долг рок.

Здравство

 

     Здравствената заштита на населението во Општината се извршува во Здравствен дом во Богданци. Во населените места Стојаково, Селемли и Ѓавото здравствената заштита се извршува во здравствени амбуланти. Генерално гледано здравствената состојба на населението е добра, до сега некои поконкретни податоци за поврзаноста на нарушувањето ( загаденоста ) на животната средина со здравствената состојба на населението во одредени населби или на подрачјето на целата Општина нема.
      Меѓутоа се чувствува потреба од една поиздржана анализа за поврзаноста на здравјето на луѓето со состојбата на животната средина со што би се добила пореална слика за најчести заболувања, професионални заболувања, најчести заразни болести, морталитет и друго.
     Добрата здравствена состојба на населението е резултат на добра здравствена заштита, начинот на живеење и релативно незагадената животна средина. За да се ззадржи оваа  поволна здравствена  состојба на населението треба да се превземат мерки за отстранување на потенцијалните загадувачи и на животната средина и на човекот : депониите и отпадните води.
    Загадувањето доаѓа од градската депонија која не ги задоволува санитарно техничките услови, нејзината локација, постоењето на диви депонии и нивното палење. Состојбата со цврстиот отпад може да се оцени како исклучително штетна и епидемиолошки опасна за човековото здравје. Опасноста започнува уште од домовите на граѓаните поради непостоење на соодветни канти и контејнери за отпадоци, возилата и начинот на кој се транспортира сметот до депонијата.
    Сериозен ризик по здравјето на граѓаните е и отпадната вода од домаќинствата и индустријата која се испушта во реципиентите без соодветен третман.
     Водата за пиење во изворот ги задоволува  хигиенско санитарните стандарди, но до нејзиното загадување може да дојде во мрежата поради чести дефекти поради застареност.
     Нестручна и неконтролирана употреба на ѓубрива и хемиски средства во земјоделието може да доведе до присуство на штетни материи во земјоделските производи и на тој начин да претставува ризик по човековото здравје и можности од разни заболувања. Поради тоа неопходна е постојана контрола на употребата на овие средства и ориентација кон помалку штетни алтернативни препарати (био - технологија ).
     Според податоците кои ги дава Заводот за Здравствена заштита кој ја следи и состојбата на прехранбените производи кои се продаваат и консумираат на подрачјето на Општината, смета дека се продаваат голем број на производи без проверен квалитет, се транспортираат на неадекватен начин и се чуваат и продаваат на сонце.
    Индиректно здравјето на населението зависи и од здравјето на добитокот. Кај добитокот најчесто заболување, но не во големи размери е бруцелозата. За заштита на животните од заразни болести, се превземаат превентивни мерки според препораките од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Култура

 

    Традиционални културни настани кои ги одбележува општината:
 
      Веќе 60 години за празникот 1-ви Мај во Стојаково се одржуваат традиционални и единствени на овие простори  трки на коњи и магариња. Влечење на јаже, скокање со вреќа, велосипедска и атлетски трки се исто така дел од дисциплините на првомајските трки. 
      Богданските средби е традиционална културно-уметничка манисфестација која се одржува од средината на месец јули до почетокот на месец септември секоја година. Во оваа манифестација земаат учество реномирани уметници од земјата и странство изведувајки арии, театарски и балетски претстави како и концерти на популарни инструментални композиции.
     Коледарскиот Хепенинг традиционално се одржува на 5 јануари во Богданци и на 6 јануари во Стојаково. Покровител на оваа манифестација на која гостуваат домашни естрадни уметници е општината.

Спорт

 

   ФК Вардарски (Богданци), во сезона 1992/93 настапува во 1 МФЛ (Прва Македонска Фудбалска Лига), но завршува како последнопласиран тим и испаѓа од лигата. Во Вардарски својата кариера ја има почнато, младинскиот репрезентативец на Македонија, Цветан Чурлинов.
    ФК Вардарски е единствена екипа во Македонија која континуирано играше во Македонска фудбалска лига во периодот 1978 – 1993 година.
   Во 1984 година во Богданци се одржа Младинско првенство на Југославија во фудбал. Учествуваа репрезентациите на 6 републики и 2 покраини и беа поделени во 2 групи по 4.      Тогаш на Градскиот стадион Под Каменот играа Просинечки, Бобан, Шукер, Мијатовиќ, Комочар, Ѓорѓевиќ, Бабунски. Првенството го освои Црна Гора.
   Цветан Чурлинов не единствениот репрезентативец кој играл за Вардарски. Ги има многуНикола Филипов, Мојсеј Морарцалиев, Мирослав Ѓокиќ, Тони и Трајче Никови, Младен Марков, Љупчо Василевски, Цилев, Станчев, Пане Блажевски, Драган Христовски, Јанко Карајанов, Никола Секулов, Перо Ранготов, Љубе Велковски, Неџат Хусеин, Наум и Љупчо Љамчевски, Драган Илиевски, Ангел Кимов, Пане Недев, Бегановски... Сите тие имаат играно за репрезентација (пионерска, младинска, кадетска, сениорска). Мора да се споменат и богданските легендиДронов, Брдаров, Благој Шимов, Миле Пеев, Петрушев, Шапкарев, Владо и Јован Мишеви ...
   За Вардарски имаат двајца селектори на фудбалската репезентација на Македонија – Ѓоко Хаџиевски и Никола Илиевски – Џиџи.
   Титулата најдобар стрелец во првенството на МФЛ, како играчи на Вардарски ја освоилеТрајче Петровски ( 2 пати, 1978/79 и 1980/81), Никола Секулов – 1981/82, Кочо Атанасовски – 1982/83, Мојсеј Морарцалиев – 1983/84, Петар Ранготов – 1985/86.
     Во 1992 година Вардарски избори пласман во Првата македонска државна лига. Податокот дека сме биле последно пласирани никако не треба да стои на веб сајт. Тука треба да има само афирмативни работи. Таа сезона Вардарски освои само 9 бодови (победа носеше само 2 бода), но истите ги освои во првите 7 кола, а потоа Млаз се откажа од спонзор.
    Сезони за одбележување во Вардарски:

-          1966 кваликации за влез во Македонска лига со Овче Поле

-          1978 првак на регион и влез во Македонска лига

-          1992 влез во Прва македонска државна лига

-          1980/81. Вардарски беше убедливо најдобра екипа во првенството и само заради тоа што немаше дозвола од директорот на Млаз, Шимов, не влезе во Втората  југословенска лига. Долго време беше прв, на крајот заврши трет зад Победа Прилеп и Брегалница Штип. Таа година Радио Скопје (Македонско радио) два пати вршеше директен радио пренос од натпреварите Вардарски – Победа Прилеп 1:0 и Вардарски – Брегалница Штип 1:0. Опстанок во лигата таа Година му го должат на Вардарски: Koжуф, Металург, Победа Валандово и Саса. Состав: Славковски и Тодоров – Бенкс (голмани), Василев, Стефанов, Томе Георгиев, Ѓоко Хаџиевски, Орце Атанасов, Илиев, Морарцалиев (одбрана), Шапкарев, Христовски, Тристовски, Левајковски, Кимов, (средина), Пеев, Тушкаловски, Недев, Благој Георгиев (крила) и Трајче Петровски, Гугов (центарфори). Тренер - Блажо Малинков.

-          1985/86. Од истите причини Вардарски мораше да заврши трет, иако само неколку кола пред крајот на првенството беше прв. Состав Славковски, Митевски, Ников (голмани), Василевски, Настев, Јанчев, Невеселов, Морарцалиев, Попов (одбрана), Павлов, Тодоров, Бегановски, Наумовски,Тодоров (средина), Ранготов, Лазаревски, Пеев, Атанасовски (напад). Тренер Диме Георгиев. Таа година Вардарски беше есенски шампион.

 

 
   РК Младост (Богданци), член на најјаката ракометна лига на Македонија и тим кој секогаш е при врвот на мак ракометот. Повеќе пати има настапувано во Европските ракометни купови.
 
   ЖРК Млаз (Богданци), порано има настапувано во женската ракометна супер лига, моментално настапува во Прва Женска Ракометна Лига (втор ранг на натпреварување). Има настапувано во Европските ракометни купови.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
634634

Посетители

1034129
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
573
1085
7913
30805
1034129

Server Time: 2017-06-26 13:41:31
Joomla template by Joomlashine.com