Општина Богданци                                                                                          

Занимливости за Општина Богданци

Крсте Таушанов - музичар

 

   Се родил во 1939 година, а починал во 1991 година.
    Како гитарист и пејач бил член на вокално инструменталната група "Мањифико", од нејзиното основање во 1959 година, до нејзиното расформирање во 1990 година..
    Со " Мањифико " го негувал латино - американскиот мелос и снимил 360 песни, издавајќи 34 сингл плочи. 6 лонгплеј плочи, едно ЦД, една видеокасета и одржал 3000 концерти во 30 земји.
    Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век тој бил член и на семејниот состав " Фамилија".

Економија

Економија

 

Бруто домашниот производ во општина Богданци според податоците за Југоисточниот регион изнесуваат 6050 ( ПКМ во USA $ ) и е помал од БДП на РМ кој изнесува 6850 USA $.
 
     Потенцијали
 
      Метални и неметални суровини: По својата местоположба територијата на Општината припаѓа на вардарската геотекстонска зона и во овие рамки се среќаваат следните геолошки супстрати :
 - дијабаз на мали површини што гравитираат кон граничниот премин Богородица, 
- биотитски гнајсеви (во поголемиот дел на Пугана),
 - кварц-кератопорфири (северно од р. Вардар),
 - амфиболитски шкрилци ( северно од Богданци), 
- гнајсеви од седиментно потекло (кај Стојаково и грчката граница), 
- лиас (кон северозападните падини на планината Карабалија).
 
     Потенцијали за развој на туризмот 
 
    (бански, планински, езерски, ловен и др) 
Спортско-рекреативен туризам:
     Спортско стрелачки клуб Магнум од Богданци секоја година е организатор на Меѓународен Гран-При турнир во летачки мети (глинени гулаби). На овој турнир учествуваат стрелачи од соседните земји и тоа репрезентативци на Република Бугарија, Србија, Грција а за 2007 година се најавени и репрезентациите на Република Хрватска и Босна и Херцеговина. На овој турнир учествуваат 40-50 натпреварувачи.Стрелачките терени со кои располага овој клуб се единствени од ваков вид во Македонија и едни од ретките на Балканот. 
    На територијата на Општината е регистирано Ловечкото друштво “Тигар” Стојаково со ловна територија која се протега и на соседните три општини (Дојран, Гевгелија). Дивечот што е застапен во регионот по својот состав е мошне атрактивен и го привлекува вниманието на голем број ловци – туристи од поширокиот простор на Европа. Богата орнитофауна во регионот се истотака привлечни на немалиот број вљубеници на сафари – туризмот. Само во еко системот на Дојранското езеро се среќаваат над 80 видови на птици, а поголемиот број од нив се со статус на ретки и загрозени видови од прва, втора и трета категорија во Европа. Ловечкото друштво располага и со сопствен репроцентар за диви свињи кој се наоѓа во месноста Грамади. Со развојот на ловниот и сафари туризмот ќе се овозможи продолжено и порационално искористување на другите туристички инфраструктурни објекти во регионот надвор од главната туристичка сезона.
 
Доминантни стопански гранки: 
 
       На територијата на Општината постојат повеќе стопански субјекти. Има десетина текстилни фабрики кои спаѓаат во категоријата на лесна текстилна индустрија. Постои фабрика за производство на приколки и полуприколки,млечни капацитет за преработка на млеко и производство на производи. Исто така има и погон за преработка и конзервирање на земјоделски производи. Постои и погон за производство на средства за лична хигиена.
      Во рамките на земјоделското производство постојат посебно климатско-педолошки услови за производство на раноградинарски производи, како на отворено, така и во заштитен простор (стакленици и пластеници). На овие простори се застапени следниве видови култури: домати, краставици, зелка, кромид, пиперка, лубеници и друго. Лозарството е исто така многу застапено. Се одгледуваат повеќе сорти на асталско и винско  грозје. За складирање и одржување на раноградинарските и лозарските производи во општина Богданци постојат и одредени капацитети (ладњачи).
    Од доменот на сточарството постои и краварска фарма, како и фарма во која се одгледува специјален вид на француска коза.

Инфраструктура

 

     Поврзаност со регионални и магистрални патишта-km
 
 
    Општината Богданци со соседните општини Гевгелија и Дојран е поврзана со регионалниот пат Р - 111. Патот почнува од градот Гевгелија, минува низ Богданци и во општината Дојран меѓу населените места Фурка, Црничани и Ѓопчели се спојува со регионалниот пат Р - 604 кој е врска меѓу градовите Валандово и Дојран. 
    Населените места Ѓавото, Стојаково и Селемли меѓусебно се поврзани со регионалниот пат Р - 123 кој е и истовремено и врска на општина Богданци со општината Валандово. Правецот на регионалниот пат Р - 123 е од Марвинци кон Ѓавото, потоа се сече со регионалниот пат Р-111 и продолжува кон Стојаково и кон Селемли. Овој патен правец од Маринци до Грчиште е асфалтиран, од Грчиште до Ѓавото е земјен, а од Ѓавото до Селемли е асфалтиран со широчина помала од 4 м. Од населеното место Селемли кон акумулацијата Паљурци постои земјен пат.
  Во функција е и регионалниот пат заобиколница Гевгелија-Богданци-Дојран.
   На територијата на Општина Богданци има 30 km локални патишта.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
613048

Посетители

996472
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
86
1295
4483
12518
996472

Server Time: 2017-05-25 04:49:13
Joomla template by Joomlashine.com