Општина Богданци                                                                                          

Грешка
  • Грешка при вчитување на компонентата: com_imageshow, 1

Економија

 

Бруто домашниот производ во општина Богданци според податоците за Југоисточниот регион изнесуваат 6050 ( ПКМ во USA $ ) и е помал од БДП на РМ кој изнесува 6850 USA $.
 
     Потенцијали
 
      Метални и неметални суровини: По својата местоположба територијата на Општината припаѓа на вардарската геотекстонска зона и во овие рамки се среќаваат следните геолошки супстрати :
 - дијабаз на мали површини што гравитираат кон граничниот премин Богородица, 
- биотитски гнајсеви (во поголемиот дел на Пугана),
 - кварц-кератопорфири (северно од р. Вардар),
 - амфиболитски шкрилци ( северно од Богданци), 
- гнајсеви од седиментно потекло (кај Стојаково и грчката граница), 
- лиас (кон северозападните падини на планината Карабалија).
 
     Потенцијали за развој на туризмот 
 
    (бански, планински, езерски, ловен и др) 
Спортско-рекреативен туризам:
     Спортско стрелачки клуб Магнум од Богданци секоја година е организатор на Меѓународен Гран-При турнир во летачки мети (глинени гулаби). На овој турнир учествуваат стрелачи од соседните земји и тоа репрезентативци на Република Бугарија, Србија, Грција а за 2007 година се најавени и репрезентациите на Република Хрватска и Босна и Херцеговина. На овој турнир учествуваат 40-50 натпреварувачи.Стрелачките терени со кои располага овој клуб се единствени од ваков вид во Македонија и едни од ретките на Балканот. 
    На територијата на Општината е регистирано Ловечкото друштво “Тигар” Стојаково со ловна територија која се протега и на соседните три општини (Дојран, Гевгелија). Дивечот што е застапен во регионот по својот состав е мошне атрактивен и го привлекува вниманието на голем број ловци – туристи од поширокиот простор на Европа. Богата орнитофауна во регионот се истотака привлечни на немалиот број вљубеници на сафари – туризмот. Само во еко системот на Дојранското езеро се среќаваат над 80 видови на птици, а поголемиот број од нив се со статус на ретки и загрозени видови од прва, втора и трета категорија во Европа. Ловечкото друштво располага и со сопствен репроцентар за диви свињи кој се наоѓа во месноста Грамади. Со развојот на ловниот и сафари туризмот ќе се овозможи продолжено и порационално искористување на другите туристички инфраструктурни објекти во регионот надвор од главната туристичка сезона.
 
Доминантни стопански гранки: 
 
       На територијата на Општината постојат повеќе стопански субјекти. Има десетина текстилни фабрики кои спаѓаат во категоријата на лесна текстилна индустрија. Постои фабрика за производство на приколки и полуприколки,млечни капацитет за преработка на млеко и производство на производи. Исто така има и погон за преработка и конзервирање на земјоделски производи. Постои и погон за производство на средства за лична хигиена.
      Во рамките на земјоделското производство постојат посебно климатско-педолошки услови за производство на раноградинарски производи, како на отворено, така и во заштитен простор (стакленици и пластеници). На овие простори се застапени следниве видови култури: домати, краставици, зелка, кромид, пиперка, лубеници и друго. Лозарството е исто така многу застапено. Се одгледуваат повеќе сорти на асталско и винско  грозје. За складирање и одржување на раноградинарските и лозарските производи во општина Богданци постојат и одредени капацитети (ладњачи).
    Од доменот на сточарството постои и краварска фарма, како и фарма во која се одгледува специјален вид на француска коза.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1010493
Joomla template by Joomlashine.com