Општина Богданци                                                                                          

ДОИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА ВО СЕЛО СТОЈАКОВО

ЈП „Комунална Чистота“ Богданци започна со работа на доизградба на канализационата линија за „Фериева Мала“ во с.Стојаково. Работите се одвиваат на полскиот пат Стојаково, м.в. „Каменот“.

Ги известуваме жителите на село Стојаково дека на наведениот полски пат градежните активности може да траат три дена, почнувајќи од денес, 10.08.2018 година, што значи дека истиот нема да биде прооден.

Општината  и понатаму продложува со активностите за целосно покривање на домаќинствата со фекална канализација на територијата на Општина  Богданци.

 

соопштение за прекин во испораката на вода во с.Селемли на ден 09.08.2018 година

ПОЧИТУВАНИ,

Ве известуваме дека на ден 09.08.2018 година (Четврток) во населено место Селемли во периодот од 09.00 до 13.00 часот ќе има прекин во испораката на вода до корисниците поради интервенции на екипи на ЕВН.

Се надеваме на Ваше разбирање !

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ЧИСТЕЊЕ

Почитувани,

На 15 септември 2018 година, милиони волонтери во мрежа од 150 земји ќе се обединат да го исчистат светот во еден ден.

За таа цел, ја споделуваме оваа информација со Вас за активно вклучување во глобалната акција за мапирање на диви депонии, користејќи ја апликацијата за мапирање WorldCleanup (https://www.worldcleanupday.org/map-it)Доколку не сте во можност да ја користите апликацијата, пријавете депонија во Општина Богданци на број 034 222 333 (со напомена за акцијата што ќе се одржи на 15.09.2018г).

Акцијата за мапирање трае до средината на месец август, по што  следува процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика.

Во периодот од 10 септември до 13 септември, Општината ќе излезе со информации за текот на акцијата.

ЈАВЕН ОГЛАС ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ОКР

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Богданци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Поддршка од ранливите за најранливите 2”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месецизаради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месецистатусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денаримесечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-   Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)

-   Млади лица до 29 години

-   Лица постари од 50 години

- Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност

- Лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование

-   Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-   Жртви на семејно насилство

-   Инвалидни лица

-   Жени припадници на помалите етнички заедници

-   Лица припадници на ромската етничка заедница

-   Самохрани родители

-   Родители на деца со пречки во развојот

-   Родители на 3 и повеќе деца

-   Лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

- Општ работник (Одржување на хигиена и уредување на дворни површини, набавка на намирници   услуга наменета застарите и изнемоштените лица)

- Помошник неговател (Асистирање при пружање на различни видови нега од страна на негувателите (стручните лица) во дневниот центар за деца со посебни потреби- Гевгелија)

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелијаво периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Богданции избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Богданцикај лицето Марјан Пеев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија  кај лицето Тодор Ристов,  Центар за социјлна работа Гевгелија кај лицето Лазо Трајков.

 

 

СООПШТЕНИЕ

Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на Oпштина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за опшптинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2018) да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.

На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:

-   Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)

-   Млади лица до 29 години

-   Лица постари од 50 години

-   Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност

-   Лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование

-   Лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-   Жртви на семејно насилство

-   Инвалидни лица

-   Жени припадници на помалите етнички заедници

-   Лица припадници на ромската етничка заедница

-   Самохрани родители

-   Родители на деца со пречки во развојот

-   Родители на 3 и повеќе деца

-   Лица со незавршено средно или пониско образование

За проектот во Oпштина Богданци ке се ангажираат 2 (две) лица за период од 6 (шест) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 9000 денари со вклучен персонален даноки осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:

-           Помошник негувател (деца со посебни потреби)

-           Општ работник (грижа за стари лица)

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.

Јавниот оглас е отворен од 01.08.2018 до 14.08.2018 година.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1090820

Посетители

1717974
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
185
1934
3838
39719
1717974

Server Time: 2018-08-22 02:08:08

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com