Најави

Новости

Настани

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРСКА ПОВРШИНА НА ГРАДСКИОТ ПАРК ВО БОГДАНЦИ

 

Денес, 16.04.2018 година започна реконструкција на шеталиштето на дел од градскиот парк во Богданци со бехатон плочки, која беше узурпирана од страна на ВК ГЛИГОРОВ Богданци.

Градежните активности се состојат од изградба на ограден ѕид обложен со делкан камен, изработка на шахта за атмосферската канализација, додека тротоарот ќе биде обложен со бехатон плочки со што ќе биде вратен првобитниот изглед на истиот во склоп на градскиот парк.

Активностите се одвиваат согласно спроведената јавна набавка од страна на Општина Богданци, а изведувач е правното лице ДГТУ ЕВРОГРАДБА-ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Василево.

Инвеститор: Општина Богданци.

ЗАКАЖАНА ДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Почитувани,

Ве известуваме дека десеттата седница на Советот на општина Богданци е закажана за ден 12.04.2018година (Четврток) со почеток во 14.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.    

На седницата ќе се работи по следниот     

ДНЕВЕН  РЕД

 

1. Предлог-Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на Општина Богданци;

2. Регионален  план за управување со отпад за Југоисточниот плански регион;

3. План за управување со отпад на општина Богданци за периодот  (2017-2022);

4. Предлог-Програма за управување со отпад за 2018година;

5. Предлог-Одлука за давање согласност за основање на регионална депонија и потребна инфраструктура за југоисточниот плански регион;

6. Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на основно средство (Главен потисен цевовод);

7. Предлог-Одлука за пренесување на правото на користење на основно средство (Резервоар);

8. Измени на Годишен план за вработување на Општина Богданци за 2018 година;

9. Годишен план за вработување на Општина Богданци за 2019 година;

10. Годишен план за вработување на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2019 година;

11. Годишен план за вработување на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за 2019 година;

12. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година;

13. Годишен извештајза спроведувањ на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019 за 2017 година;

14. Советнички прашања.

 

ЗАПОЧНА ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА РЕКА ЛУДА МАРА

Општина Богданци согласно спроведената постапка за чистење на речни корита,  денес, 11.04.2018  година започна со активностите околу чистење на река „Луда Мара“ во атарот на село Ѓавото.

Изведувач на активностите е правното лице „ВИКИ КОМПАНИ“ ДООЕЛ Гевгелија.

Чистењето на коритото на „Луда Мара“ ќе се врши на локации каде што има поголеми наноси од песок, трска и друга вегетација со цел непречен проток на вода во истата.

ОНЛАЈН НАТПРЕВАР ЗА НОВО ЛОГО НА ЕУ ИНФО ЦЕНТАРОТ

Почитувани,

Делегацијата на ЕУ отвори онлајн натпревар за ново име/лого на ЕУ Инфо Центарот. За најдоброто име/лого ќе биде доделена награда која се состои од патување (лет) за 2 лица до Валета, Малта (Европски град на култура 2018) и 3 хотелски ноќевања.

Повеќе информации за тоа како може да учествувате, може да најдете на линковите подолу:

FACEBOOK:

https://www.facebook.com/EUIC.mk/photos/a.134649866597019.23978.132928620102477/1795229873872335/?type=3

InfoCentre’s website:

http://eucontest.mk/

ОПШТИНА БОГДАНЦИ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА ЧАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Општина Богданци со исклучување на уличното осветлување во Богданци и годинава ќе се вклучи во одбележувањето на големата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“.

Осветлувањето ќе биде исклучено на ден 24.03.2018 година (Сабота) во периодот од  20.30 до 21.30  часот кога во мрак ќе бидат голем број на градови и држави ширум светот.

Број на гледања на артикли
1015249

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com