Општина Богданци                                                                                          

ОТВОРЕН ДЕН НА АВРМ ВО БОГДАНЦИ

              Во рамки на активноста отворени денови со Агенцијата за вработување директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, на ден 16.11.2016 во 13:30 часот во Богданци се сретна со невработени лица и работодавачи од
општина Богданци.
 
       Состанокот беше организиран преку дисперзираната канцеларија на Центарот за вработување Гевгелија во Богданци, на средбата присуство зеде и раководителот на центарот за вработување Гевгелија, Даница Гавриловска.
 
         Целта на оваа активност и посета е да се запознаат невработените и работодавачите со активните мерките и програмите за вработување како и идните планови за намалување на невработеноста односно зголемување на вработеноста.
 

Деловни субјекти од општина Богданци изложувачи на Агрофуд 2016

На овогодинешниот саем за широка потрошувачка Агрофуд 2016 изложувачи од општина Богданци беа деловните субјекти: Таурус Фармс Богданци и Монета Стојаково.
 
На саемот од изложувачите од општина Богданци беа претставени палета на органски производи произведени од Таурус фармс Богданци и дел од традиционалните преработки од овошје и зеленчук (Зимница) на Монета од Стојаково.
 
Оваа активност беше во организација на општина Богданци (одделение за ЛЕР) реализирана во рамки на годишниот план за посета на саеми за 2016 составен дел на програмата за локален економски развој.
 
На изложбено, продажните штандови, освен прехранбените производи за широка потрошувачка, посетителите можеа да се информираат и за најновата опрема за амбалажирање и друга земјоделска механизација.
 
 

Медицинари од општина Богданци на саем за медицина во Белград

 

        Во периодот од 08-09.10.2016 претставници од приватниот сектор од областа на медицина, стоматологија и фармација од општина Богданци го посетија мегународниот саем за медицина во Белград.
              Посетата ја организираше општина Богданци (оделение за ЛЕР) во рамки на годишниот план за посета на саеми за 2016 составен дел на програмата за локален економски развој. Целта на посетата беше медицинарите да се информираат за новитетите во медицинската, лабораториската, стоматолошката опрема и средства, фармацевски и други производи и услуги од областа на медицинатa.
  .

ОБУКА ЗА НАПРЕДНИ IT ВЕШТИНИ ОД АВРМ

ЈАВЕН ОГЛАС         
до
евидентирани невработени лица

Се повикуваат евиденираните невработени лица – активни баратели на работа, да се пријават најдоцна до 31.12.2016 година во работните клубови на Центрите за вработување каде се евидентирани како невработени за Обука за странски јазици со сертификати (БУЛАТС).

Критериуми кои треба да ги исполнуваат невработените лица за учество во обуките се:
• лицата заинтересирани за учество во обуката да се од евиденцијата на активни баратели на работа во АВРМ        
• Лицата корисници на оваа мерка треба да имаат познавање од странски јазик и ќе бидат претходно тестирани од страна на обучувачкиот центар за проверка на знаењето.


Предвидено е обуките да се реализираат во Скопскиот и во други региони во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во програмата.Услов за одржување на обуките во одреден регион е да има минимум 5 (пет) кандидати за посетување на настава кои го поминале процесот на селекција.

Времетраењето на обуката е до 3 месеци 2 пати неделно со 90 минути обука. Полагањето на завршниот испит треба да се реализира во рок од еден месец од завршување на обуките. По успешниот завршен испит учесниците се упатуваат да подигнат ваучер за полагање на сертификатот Булатс во соодветниот центар за вработување.

Лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата, полагаат завршен испит и добиваат можност за полагање на меѓународно признат јазичен сертификат БУЛАТС.На корисниците на социјална помош за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.


Детални иформации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување, или на контакт телефон 02/3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk .

Се повикуваат евиденираните невработени лица – активни баратели на работа,  да се пријават најдоцна до 31.12.2016 година во работните клубови на Центрите за вработување каде се евидентирани како невработени за Обука за странски јазици со сертификати  (БУЛАТС).

Критериуми кои треба да ги исполнуваат невработените лица за учество во обуките се:

 лицата заинтересирани за учество во обуката да се од евиденцијата на активни баратели на работа во АВРМ

 Лицата корисници на оваа мерка треба да имаат познавање од странски јазик и ќе бидат претходно тестирани од страна на обучувачкиот центар за проверка на знаењето.

Предвидено е обуките да се реализираат во Скопскиот и во други региони во зависност од пројавениот интерес на таргетираната категорија на евидентирани невработени лица за учество во програмата.

Услов за одржување на обуките во одреден регион е да има минимум 5 (пет) кандидати за посетување на настава  кои го поминале процесот на селекција.

Времетраењето на обуката е до 3 месеци 2 пати неделно со 90 минути обука. Полагањето на завршниот испит треба да се реализира во рок од еден месец од завршување на обуките. По успешниот завршен испит учесниците се упатуваат да подигнат ваучер за полагање на сертификатот Булатс во соодветниот центар за вработување.

Лицата кои редовно посетувале обука по завршување на истата, полагаат завршен испит и добиваат можност за полагање на меѓународно признат јазичен сертификат БУЛАТС.

На корисниците на социјална помош  за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Детални иформации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување, или на контакт телефон 02/3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk

Општина Богданци започна со реализација на програмата Општинско корисна работа 2016

     Општина Богданци во рамки на проектот “Креирање на можности за работа за сите и поддршка на владата во спроведување на оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за 2016” – Програма Општинско корисна работа 2016 започнува со реализација на проектот „Подадена пријателска рака кон најранливите” (грижа за стари и изнемоштени лица, грижа за лица со посебни потреби)„ Во овој проект партнери на локално ниво се Општинското здружение на пензионерите Богданци и Мегуопштинскиот центар за социјални услуги Гевгелија.
     Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, а сe со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд. Програмата, исто така, преку обезбедување на услуги од социјални сфера треба да помогне на лица од ранливи категории на територијата на локалната самоуправа или нејзин дел.
      Во Општина Богданци оваа Програма се реализира преку ангажирање на 3 (три) невработени лица кои спаѓаат во категоријата невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година, во времетраење од 6 месеци почнувајќи од 15 Септември 2016 година. Ангажираните лица ќе пружаат услуги од социјалната сфера односно грижа на стари лица услуга наменета за Стари лица членови на ОЗП Богданци и болни и изнемоштени стари лица жители на општина Богданци и грижа на деца со посебни потреби услуга наменета за Децата со посебни потреби згрижени во дневниот центар за деца со посебни потреби Гевгелија.
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
677458

Посетители

1101294
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
969
575
1544
24255
1101294

Server Time: 2017-08-22 14:35:15

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com