Општина Богданци                                                                                          

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

      Почитувани,

     Ве известуваме дека втората седница на Советот на општина Богданци е закажана за ден 10.11.2017 година (Петок) со почеток во 15.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.    

      На седницата ќе се работи по следниот        

ДНЕВЕН  РЕД

            1. Предлог – Одлука за определување членови на Советотна Општина Богданциза присуство при склучување брак во Општина Богданци;

            2. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за статут и прописи;

            3. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;

            4. Предлог – Решение за  избор на претседател и членови на Комисијата за јавни дејности;

            5. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;

            6. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите;

            7. Предлог-Решение за разрешување на член од Управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;

            8. Предлог-Решение за разрешување на член од Надзорниот одбор на ЈП „Комунална чистота“-Богданци;

            9. Предлог –Решение за разрешување на член од Училишниот одбор на СОУ „Богданци“-Богданци.

Истата може да ја проследите во живо на следниот You tube канал: https://www.youtube.com/channel/UCD0CQMnCCARc9UUgAW6RAgg?disable_polymer=true.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО

ПОЧИТУВАНИ,

Ве известуваме дека на ден 04.11.2017 година (САБОТА) во град БОГДАНЦИ од 08:00 часот ќе има прекин во испораката на вода до корисниците. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради интервенција на главниот цевковод и главни линии.

Се надеваме на Ваше разбирање

 

ДРАГИЦА ЃАВОЧАНОВА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

На денешната конститутивна седница на Советот на општина Богданци, на која присуствуваше и новоизбраниот градоначалник Блаже Шапов, советничката Драгица Ѓавочанова од СДСМ, со  11 (единаесет) гласа “ЗА“ беше избрана  за нов претседател на Советот на општина Богданци.

Новиот Совет на општина Богданци брои 11 (единаесет) членови, и тоа 7 (седум) од Коалицијата предводена од СДСМ и 4 (четворица) членови од коалицијата  предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Конститутивната седница до изборот на Претседател на Советот ја водеше најстариот советник, Снежана Енџекчева, по што беше извршена верификација на мандатите на советниците и избор на претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања. По изборот седницата ја водеше новоизбраниот претседател, Драгица Ѓавочанова.

Во своето обраќање Таа им ги честита мандатите на советниците, им се заблагодари за добиената поддршка и ја изрази својата надеж за плодна и успешна соработка во наредниот четиригодишен мандат.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЕМЕН ДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Почитувани,

Ве известуваме дека за приемен ден на Градоначалникот, Блаже Шапов е определен секој Четврток во месецот во периодот од 09.00 до 13.00 часот, во просториите на Кабинетот во општинската зграда.

Се замолуваат граѓаните да се придржуваат на дадениот распоред, со цел ефикасно и ефективно работење на општинската администрација и успешно одговарање на граѓанските потреби и барања.

 

Со почит,               

                                                                                                                                                                                                                                 Општина Богданци

 

                                                                                                        

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВАТА (КОНСТИТУТИВНА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 02.11.2017 година (Четврток) со почеток во 13.00 часот во салата на Советот на општина Богданци ќе се оддржи првата (Конститутивна) седница на новоизбраниот Совет на општина Богданци. Решение за свикување на истата согласно Законот за локалната самоуправа и Деловникот за работа на Советот на општина Богданци донесе Претседателот на Советот на општината од претходниот состав, Блаже Шапов.

 На седницата ќе се работи по следниот Дневен ред:

            1. Избор на Верификациона комисија;

            2. Верификација на мандатите на новоизбраните членови на Советот;

            3. Избор на Кандидациона комисија;

            4. Избор на претседател на Советот на Општина Богданци;

            5. Избор на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања.

Истата ќе може да ја проследите во живо на следниот You Tube канал: https://www.youtube.com/channel/UCD0CQMnCCARc9UUgAW6RAgg?disable_polymer=true.

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
859800

Посетители

1400099
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1326
677
7416
43692
1400099

Server Time: 2018-02-24 11:47:43

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com