Општина Богданци                                                                                          

СООПШТЕНИЕ

 
СООПШТЕНИЕ
 
Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Креирање можности за работа за сите и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2017) да се пријават во центарот за вработување Гевгелија– дисперзирана канцеларија Богданци со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.
 
На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:
- Млади лица до 29 години со ниски квалификации
- Жртви на семејно насилство
- Деца без родители и родителска грижа
- Самохрани родители 
- Роми
- Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година
- Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци
- Родители на деца со пречки во развојот
- Родители на 3 и повеќе деца
 
За проектот во општина Богданци ке се ангажираат 3 (три) лица за период од 6 (шест) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со месечен надоместок од 7200 денари со вклучен персонален даноки осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:
- Помошник негувател (деца со посебни потреби)
- Општ работник (грижа за стари лица)
- Хигиеничар за стамбени и деловни простории (грижа за стари лица)
 
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.
Јавниот оглас е отворен од 14.09.2017 до 19.09.2017 година.
 

ЈАВЕН ОГЛАС

 
 
 
 
 
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Богданци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 14.09.2017година се објавува:
 
Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во 
Програмата Општинско - корисна работа
 
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Поддршка од ранливите за најранливите”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија.
 
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
 
За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.
 
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
 
- млади лица до 29 години со ниски квалификации
- жртви на семејно насилство
- деца без родители и родителска грижа
- самохрани родители
- Роми
- невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година
- млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
 
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
 
- Хигиеничар (Одржување на хигиена во домовите  услуга наменета за старите и изнемоштените лица)
- Општ работник (Одржување на хигиена и уредување на дворни површини, набавка на намирници   услуга наменета застарите и изнемоштените лица)
- Помошник неговател (Асистирање при пружање на различни видови нега од страна на негувателите (стручните лица) во дневниот центар за деца со посебни потреби- Гевгелија)
 
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија во периодот од 14.09.2017година до 19.09.2017година.
 
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Богданци и избраните кандидати.
 
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Богданци кај лицето Марјан Пеев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Гевгелија  кај лицето Даница Гавриловска,  Центар за социјлна работа Гевгелија кај лицето Лазо Трајков.
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

СЕ ИЗВЕСТУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ ДЕКА ЈАВНИОТ УВИД НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 21.08.2017 г. ДО 09.09.2017 г. ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ, СЕКОЈ ДЕН ОД 08.30 ДО 19.00 часот. ИСТО ТАКА И СОБИРАЊЕТО НА ПОТПИСИ ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА ЛИСТА НА КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК И ЛИСТИ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА ОПШТИНАТА ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНАТА ВО ПЕРИОД ОД 21.08.2017 г. ДО 04.09.2017 г., СЕКОЈ ДЕН ОД 08.30 ДО 19.00 часот.

ЈАВЕН ОГЛАС за доделување на компостери

 

Центарот за равој на Југоисточен плански регион, во рамките на проектот “Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир” бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.

Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:

·         Кандидатот да биде жител на една од погоре наведените 10 општини на Југоисточниот регион;

·         Живеалиштето на кандидатот да биде во куќа;

Потребни документи за пријавување се:

1.    Пријавен лист кој може да го превземат на следниот линк:http://www.rdc.mk/southeastregion или во просториите на Центарот за развој на ЈИПР на  ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на секоја од општините во Југоисточниот регион.

2.    Копија од лична карта/пасош;

3.    Копија од имотен лист(за луѓето кои живеат во град).

 

Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   или истите да ги достават во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на десетте општини на Југоисточниот регион најдоцна до 20.08.2017 година.

Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.

За дополнителни информации контактирајте го следното лице:

Маја Дончева – Центар за развој на Југоисточниот плански регион

Тел: 071 251 205

Е-мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Лица за контакт за дополнителни информации од секоја од општините се:

Општина Богданци

Јованка Ампова

078 321 586

Општина Босилово

Стојан Милчев

071 998 253

Општина Валандово

Катерина Николов

078 565 659

Општина Василево

Георги Цонев

076 444 617

Општина Гевгелија

Мите Кречев

072 227 159

Општина Дојран

Катерина Кадиева

071 382 863

Општина Конче

Ацо Митев

075 496 017

Општина Ново Село

Туше Стојанов

075 356 565

Општина Радовиш

Роберт Донев

075 309 370

Општина Струмица

Томислав Андреев

075 395 914

 

 

* Во секоја општина бројот на компостери кои се доделуваат се одредува процентуално спрема бројот на жителите во таа општина. Доколку во некоја општина има недоволен број на пријавени лица, компостерите ќе се доделат во некоја од останатите општини од регионот каде бројот на пријавени лица е најголем.

 

*Имотниот лист, не е задолжително да биде оригинал, може да биде копија од веќе постоечки или истиот да се превземе со внесување на податоците од следниот линк: http://www.katastar.gov.mk/prebmk/


Пријава за доделување на компостер

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
859800

Посетители

1400099
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1326
677
7416
43692
1400099

Server Time: 2018-02-24 11:47:43

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com