Општина Богданци                                                                                          

Најави

Новости

Настани

ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ЧИСТЕЊЕ НА РЕКА ЛУДА МАРА

     

    Општина Богданци согласно Акциониот План за чистење на речни корита за 2013 година, денес, 19.02.2014  година започна со активностите околу чистење на река „Луда Мара“ во атарот на село Ѓавото.

     Изведувач на активностите е правното лице „Млаз Инжинеринг“.

   Чистењето на река „Луда Мара“ се одвива на оваа локација поради оштетеноста на насипот од поројните дождови кои ја зафатија нашата општина во периодот од 24 до 26 Февруари 2013 година и предизвикаа поплавување на обработливите земјоделски површини.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВНИ ОБЈЕКТИ ЗА ЖИТЕЛИТЕ ОД НАСЕЛЕНО МЕСТО СТОЈАКОВО, СЕЛЕМЛИ И ЃАВОТО

   

     Имајќи ги во предвид одредбите од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, единиците на локалната самоуправа се должни да донесат урбанистичко-планска документација со која се врши вклопување на бесправните објекти во истата согласно донесено Решение за утврдување на правен статус.

   Бидејќи во општина Богданци во тек е постапка за избор на фирма за изработка на урбанистички планови за села, се известуваат жителите од населените места Стојаково, Селемли и Ѓавото кои имаат поднесено Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти да ги дополнат во најкраток можен рок, со цел вклопување на истите во идната урбанистичкио планска документација.

 

ПРОЕКТОТ „ПАЉУРЦИ – АМФИТЕАТАР“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

При крај е изградбата на „Паљурци-Амфитеатар“, чија главна цел е oбезбедување простор каде што ќе се одржуваат традиционални културниманифестации,семинари,симпозиуми, забава, театар, концерти, предавања.

Проектот е со времетраење од 7 месеци, носител на истиот е Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион додека Проектни партнери се општина Богданци и општина Гевгелија. Средствата потребни за реализција на проектот се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој преку преку Биротоза регионален развој, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општина Богданци и општина Гевгелија.

Преку овој проект општина Богданци ќе добие амфитеатар од  400 места со кој ќе се овозможи развој на туризмот и кој ќе биде центар на одржување на досегашните традиционални културни манифестации во Богданци и околината: Богданските средби, Коледарскиот хепенинг, Првомајски трки на коњи и магариња, Богданско културно лето, како и одржување семинари, симпозиуми, забава, театар, концерти, предавања.

Врз основа на климатските услови во Југоисточниот плански регион се предвидува амфитеатарот на отворено да се користи од Март до Ноември. Овој период е клучен за сите активности што се случуваат во таа област.

 Резултати од проектот:

•     Изграден амфитеатар за потребите од културен карактер на локалното население;

•    Зголемен број на посетители - туристи  во руралниот дел на регионот;

•    Зголемена туристичка понуда во Југоисточниот плански регион;

•    Подобрен квалитетот на живот на жителите од општина Богданци;

•    Подобрено партнерство помеѓу приватниот сектор, општините, невладините организациии и граѓаните, особено во поглед на одржливоста на проектните резултати, подобрување на економската ситуација и покачување на потенцијалот за идни домашни и странски инвестиции.

Откако ќе завршат сите активности ќе се изврши промоција на проектот.

IPA PROGRAM FOR CROSS-BORDER COLLABORATION BETWEEN REPUBLIC OF BULGARIA AND REPUBLIC OF MACEDONIA,CCI NO.2007CB16IPO007

Within the framework of IPA program for overborder collaboration between Republic of Macedonia and Republic of Bulgaria, CCI NO.2007CB16IPO007 approved for financing is the project “Open Gate for cultural exchange-Building mutual European future”.

The leading partner of the project is the municipality of Kustendil,Republic of Bulgaria while municipality of Bogdanci is the partner of Repiblic of Macedonia. The project’s duration is 24 months with a total budget of 295 597,14 Euros.

 One of the most important activities for the municipality of Bogdanci as a partner within the framework of this project, is the reconstruction of the Cultural centre “Brand Petrushev” Bogdanci.

 Insight of the project’s resume can be made on the following link : Project Summary

ОДДРЖАНА ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

На ден 12.02.2014 година во општина Богданци беше оддржана шестата седница на Локалниот Совет за Превенција по иницијатива на Градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева. На седницата беа присутни претставници од СВР Струмица, претставници од ПС ОН Гевгелија, ОБСЕ, претставници од образованието, членови на Советот на општина Богданци, членови на НВО, претставник од Независен весник „Поглед“ Богданци  како и претставници од општинската администрација.

На седницата свое обраќање имаше Градоначалникот на општина Богданци, Командирот на ПС ОН Гевгелија, Илија Делев, претставникот од ОБСЕ, Дејан Стевановиќ како и Николчо Јованов, Виш инспектор за превенција.

Локалниот совет за превенција претставува алатка за подобрување и зајакнување на партнерството помеѓу граѓаните и компетентните органи на власта за тие да можат да изградат заеднички цели, да ги решат локалните безбедносни проблеми и да обезбедат подобри услуги за граѓаните.

„ЛСП не е обврска, но е мудар пристап при решавање на проблемите заедно со граѓаните“ – истакна началникот на СВР Струмица, Ѓорги Божинов.

Седницата  заврши со кооптирање на нови членови и потпишување на Договорот за локална превенција.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1010536

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com