Општина Богданци                                                                                          

Општина Богданци организира “Марш со велосипеди, тротинети, ролери, скироли и пешачење„

   На 20.09.2013  година, со почеток во 10.30 часот, а по повод 22 септември – “Меѓународен ден без автомобили“ Општина Богданци организира “Марш со велосипеди, тротинети, ролери, скироли и пешачење„. Овој настан е дел од Европската недела на мобилност која трае од 16-22 септември 2013 година.
   Учество во Маршот ќе земат учениците од основните и средното училиште во Богданци и населените места како и најмалите од детската градинка во Богданци, тргнувајќи од три локации: “Чавдарова чешма“, “Бреботекс“ и Детската градинка “Коста Поп Ристов – Делчев“.
   Сите учесници на крајот од Маршот ќе се соединат во Градскиот парк во Богданци каде ќе се одржи наградната игра, а присутните ќе ги забавува музичката ѕвезда Александар Белов.
   Целта на настанот е подигнување на свеста кај граѓаните за влијанието на транспортот врз локалниот квалитет на воздухот и да ги охрабри истите за подобрување на нивното здравје и благостостојба со промена на еден нивен ден, во ден на мобилно однесување.
   Со надеж дека пораката “Со чист воздух, до подобро здравје“ ќе биде примена, општина Богданци ги покани сите физички и правни лица да земат учество во Маршот и да се приклучат на една од наведените локации.
   Во оваа манифестација се вклучени повеќе од 2.000 града во 43 земји во светот кои одржуваат различни активности за оддржливост на мобилна култура. Под мотото “За почист воздух, помалку бучава, повеќе пари – користете помалку автомобили“ за прв пат годинава, Општина Богданци ќе биде дел од овие случувања.
 
   Покануваме новинари, фоторепортери, во 10.00 часот пред зградата на општина Богданци.
 

Известување за повик за доделување неповратни средства

   

 

   Ве известуваме дека Секторот за централно финансирање и склучување  договори во Министерството зa финансии, објави повик за доделување на неповратни средства (грантови) за предлог проекти во следниве области:

  • Поттикнување на социјалното вклучување на лицата во неповолна положба на пазарот на трудот
  • Интеграција на немнозинските етнички заедници на пазарот на трудот со посебен фокус на жените
  • Зајакнување на улогата на релевантните актери во областа на социјалното вклучување

  Повикот е отворен и за невладините организации. Општина Богданци врз основа на покана од страна на Министерството за труд и социјала политика има превземено обврска да ги информира сите невладини и други организации. Повеќе информации на следниот линк: http://cfcd.finance.gov.mk/HomeMK.html

 

„Фотографирај и реагирај“ во Општина Богданци

   “Фотографирај и Реагирај” е шестмесечен проект поддржан од Проектот на USAID за граѓанско општество, кој е спроведуван од Фондација Отворено Општество – Македонија. Проектот го имплементира Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија.
   Во предвидениот временски период, граѓаните во три пилот- општини (Центар, Богданци и Виница) ќе имаат можност да го користат бесплатниот јавен сервис за пријавување на проблеми поврзани со животната средина.
   Самиот јавен сервис се состои од три компоненти и тоа: мобилна апликација, веб страница и бесплатна телефонска линија. Целта на овој сервис  е што поголем број пријавени проблеми од страна на граѓаните и решени проблеми од страна на надлежните поврзани со животната средина.   
   Сервисот ќе служи како корисна алатка во секојдневниот живот на сите кои сакаат да пријават проблем, а притоа ќе имаат можност  да го следат и статусот на решавање на истиот. Со помош на мобилната апликација корисниците ќе можат да го фотографираат проблемот што го забележале и истиот да го препратат до посебна база на податоци, од каде истиот ќе биде пренасочен до најсоодветниот надлежен орган за решавање на проблемот.
   Самата апликација содржи и геолоцирање на пријавениот проблем со што дополнително се олеснува постапката за пријавување. Исто така, покрај апликацијата сервисот нуди и пријавување  на проблемите преку веб страница и преку јавување на бесплатна телефонска линија  080 023 023.

Започна новата учебна година

   Денеска, за нешто помалку од 1000 основци и средношколци, започна новата учебна 2013/2014 година во основните и средното училиште во Општина Богданци. 

   Од нив 63 дечиња се првачиња, од кои 45 (+3 Ѓавото) во ООУ “Петар Мусев“ – Богданци, а 11 (+3 Селемли) во ООУ “Кирил и Методиј“ – Стојаково. 

   Инаку во ООУ “Петар Мусев“-Богданци наставата во новата учебна година ќе ја посетуваат вкупно 483 ученика, а во ООУ “Кирил и Методиј“ – Стојаково вкупната бројка  изнесува 132  ученика плус 14 ученика од подрачното училиште во с. Селемли.

   Во СОУ “Богданци“- Богданци новата учебна година започна за вкупно 327 средношколци од кои 91 се новозапишани во прва година средно образование. Од нив, две паралелки се со гимназиско образование, една паралелка текстилна струка со трет степен стручна подготовка и една паралелка сообраќајна струка со четврт степен на стручна подготовка.

   Овој ден беше посебен и среќен и за најмалите згрижени деца во јаслите на ЈОУДГ “Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци. Вкупно 58 дечиња во Богданци, 16 во подрачната единица во Стојаково и 20 во Дојран денеска беа топло примени во големата група за предшколска возраст. Инаку оваа детска градинка згрижува вкупно 118 дечиња во Богданци, 20 во подрачната единица во Дојран и 46 дечиња во с.Стојаково.

   Општина Богданци на сите ученици, наставници и професори им посакува среќна и успешна учебна 2013/2014 година!

 

Трет „Отворен ден“ во населено место Стојаково

   Во просториите на Месна заедница - Стојаково, на ден 03.09.2013 во 10.00 часот, по трет пат Општина Богданци организира „Отворен ден“ со Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева. Целта на „Отворен ден“ е да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите на општината и да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните кои се во надлежност на Општина Богданци.

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
655305

Посетители

1066216
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
902
939
5214
26730
1066216

Server Time: 2017-07-21 22:32:48

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com