Општина Богданци                                                                                          

Втор Отворен ден за граѓаните на населено место Селемли

   Во просториите на ОУ „Стојан Вујановиќ“ - Селемли, на ден 20.08.2013 со почеток во 10.00 часот до 12.00 часот, Општина Богданци организира „Отворен ден“ со Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева и службите на Општина Богданци. Целта на „Отворен ден“ е да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите на општината и да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните кои се во надлежност на Општина Богданци.

Прскање против комарци

   Во Петок, на 16 Август 2013 почнувајќи од 05:00 часот на територија на Општина Богданци ќе се прска против комарци.
   Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство продолжува со прскање против возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) и терестрична апликација на средство за уништување на ларви од комарци на стоечки водени површини (ларвицидна дезинсекција).

Се одржа четвртата јавна трибина од областа не земјоделието на тема „Болести на растенија“

   Во просториите на СОУ „Богданци“ - Богданци, вчера со почеток во 20.10 часот се оддржа Јавна трибина на тема „Болести кај растенијата“.
   Предавач и гостин на трибината беше Атанас Василев дипломиран агроном инженер. 
   На повеќечасовната трибина се адресираа и теми од областа на семенски материјал, болести кај доматите и влијанието на климатските промени. Агрономот Атанас Василев ја истакна значајноста на изборот на семенски материјали кои влијаат врз квалитетот на производите. Постојат одредени семенски материјали кои се имуни на одредени болести. Во нашиот регион треба да се искористува семенски материјал кој е имун на најчестите болести во нашиот регион.
   Одредени болести се најчести во овој регион и за истите се претставија разни решенија за кои се оддели поголем дел од времето. Сепак заклучокот беше дека мора да постои строго менаџирање и превенција преку начинот на хранење, наводнување и прскање на производите.
   Неизбежен беше заклучокот дека климата е променета во Општина Богданци и за неа се истакна дека треба да се решава со строго менаџирање на хранењето и наводнувањето на производите.
   Достигнатите резултати и заклучоци од трибината ја имаат можноста да екстремно влијаат на работата на земјоделците во Општина Богданци и за таа цел Општина Богданци ќе организира уште јавни трибини кои подиректно и подетално ќе ги запознаат земјоделците со решенија за нивните проблеми.

Втор „Отворен ден“ во населено место Стојаково

   Во просториите на Месна заедница – Стојаково по втор пат се  одржа „Отворен ден“ со Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева и службите на Општина Богданци.

   Можноста за разговор со службите и градоначалникот на Општина Богданци ја искористија граѓаните на населено место Стојаково кои во најголем број ги 
истакнаа проблемите од комунален аспект со кои се соочуваат секојдневно. Исто така се разговараше и за проблеми со вработувањето, легализација на имот и останати прашања поврзани со имотно правни односи.   
„Отворен ден“ се организираше со цел да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите и градоначалникот на општината и поради природата на остварената комуникација истиот настан ќе се организира редовно секој прв Вторник во месецот.
 

Втор „Отворен ден“ во населено место Стојаково

    Во просториите на Месна заедница - Стојаково, на ден 06.08.2013 во 10.00 часот, Општина Богданци организира „Отворен ден“ со Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева. Целта на „Отворен ден“ е да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите на општината и да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните кои се во надлежност на Општина Богданци.

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
615587

Посетители

1000941
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
948
925
8952
16987
1000941

Server Time: 2017-05-29 15:08:06

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com