Општина Богданци                                                                                          

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕТСТОЈНИОТ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ (ВОДИЦИ)

            Општина Богданци по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештените лица од црквите „Св.Атанасиј Велики“ Богданци и св.„Недела“ Стојаково, ќе oрганизира фрлање на  светиот крст во водите на брана „Паљурци“ во Богданци со почеток во 12 часот и брана „Селемли“ Селемли со почеток во 11.00 часот.

                 За таа цел се повикуваат сите заинтересирани граѓани на ден 19.01.2014 година (Недела) да присуствуваат на оваа манифестација и со својата масовност да го одбележат овој голем ден за сите христијани.

ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРИЕМ ЗА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ДИПЛОМАТСКИОТ КОР

           Градоначалникот на општина Богданци, Г-ца Анастасија Олумчева ќе присуствува на Традиционалниот прием по повод Новогодишните и Божиќни празници за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија кој го приредува Претседателот на Република Македонија, Неговата Екселенција д-р Ѓорге Иванов, на ден 18.01.2014 година во Свечената сала на Хотел „Аполонија“, Гевгелија во 19.00 часот. Исто така, Градоначалникот, г-ца Анастасија Олумчева свое присуство ќе обезбеди и во хотел „Рамада Плаза“ Гевгелија каде во организација на општина Гевгелија на ден 19.01.2014 година ќе се изврши презентација на инвестициските можности на општините Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово.

Јакнење на свеста за климатските промени – кино проекција во општина Богданци

   Во рамките на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатските промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија во вторникот, 24.12.2013 година во 17.30 часот во просториите на СОУ „Богданци“ – Богданци присуствуваше малиот караван насловен: „4C (Climate Change Cinema Caravan)“.

   Во рамките на караванот се проектираше документарниот филм „Непријатна вистина“ од Ал Гор со цел да се истакнат прашањата поврзани со климатските промени и нивното влијание на секојдневниот живот на граѓаните и идните генерации.
   „Непријатна вистина“ на Ал Гор цели да ги истакне значајните предизвици и опасности од климатските промени со кои се соочува општеството. Притоа поттикнува на надежно делување во борбата против климатските промени.
   Документарецот постигнува до толку големо влијание што ја добива наградата за оскар за најдобар документарен филм во 2007 година.
   Ал Гор ја пренесува пораката за делувањето против климатските промени со надежна страст дека истата ќе остави впечаток и мотивација за акција на највлијателните учесници на светската политичка и индустриска сцена притоа нагласувајќи ја и значајноста за младинско движење и глобала свест против климатските промени.
 
 
 

Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка

   Како резултат на спроведувањето на Проектот „Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка“, заедно со соседните општини Гевгелија и Валандово, поддржан од УНДП, Општина Богданци се најде меѓу 13-те со најзабележителни успеси во поттикнувањето и развојот на институционалните и човечки капацитети во однос на енергетската ефикасност.
 
   Во годишната публикација на УНДП покрај Хрватска, Турција, Црна Гора, Албанија, Молдавија, Бугарија, Босна и Херцеговина и некои други, детално е опишан и успехот на меѓуопштинската соработка помеѓу гореспоменатите општини преку спроведувањето на проектот поврзан со енергетска ефикасност, со што Република Македонија беше успешно претставена како земја која може да се носи со трансформационите промени, користејќи грантови за инвестирање во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. 
 
   Како што е согласно и со Законот за енергетика, Општина Богданци успеа да развие нови капацитети, обезбеди проширување на услугите вклучувајќи го зголемувањето на енергетската ефикасност.
 
   Митко Влахов, раководител на одделението за ЛЕР, за публикацијата на УНДП изјавува: 
„Ние знаеме дека овие промени носат долгорочни заштеди и знаеме дека ја подобруваат  животната средина. Но, како и со секоја тешка задача, треба да имате знаење и соодветна опрема.“
 
   Програмата на УНДП за енергетска ефикасност понуди излез од оваа проблематика, преку меѓуопштинска соработка, со здружување на ресурсите, кадарот и експертизата  обезбеди квалитетни општински услуги со намалување на трошоците и подобар квалитет. Како што е познато Република Македонија е зависна од увоз на енергија кој од 1999 година се зголеми од 37-48 %. Многу од јавните објекти се стари и емитуваат 70% од вкупната емисија на јаглероден диоксид, а исто така трошоците за енергија одземаат 10% од буџетот на општината, за сметка на други важни локални инвестиции. Со Законот за енергетика општините се правно одговорни за вршење на енергетска контрола, развој на годишни акциони планови и тригодишни програми за енергетска ефикасност, како и преземање на мерки за  зголемување на ефикасноста.
 
   Така, во 2011 година УНДП почна да работи на ова поле, преку меѓуопштинска соработка на Богданци, Гевгелија и Валандово и успешно го спроведе проектот за енергетска ефикасност кој веќе ги бележи придобивките. За прв пат вкупно 14 јавни објекти и 36 згради во овие три општини беа предмет на ревизија. Следуваа анализи на управувањето со енергијата за добивање на дополнителни заштеди, развој на маркетинг кампања за да се добие поддршка од пошироката јавност, спортски настани, изложби и разни настапи, се со цел да се допре до населението, а посебно до неколкуте илјади млади луѓе кои се жители на овие општини.
Со програмите за енергетска ефикасност беа доделени финансиски средства за шест приоритетни проекти во овие општини, вклучувајќи реконструкција на покрив на основно училиште, замена на котелот за парно греење и инсталација на штедливи електрични светилки во сите општински згради. Се очекува во следните три години, двете општини Богданци и Гевгелија да заштедат неколку стотици илјади долари и намалување на емисиите од јаглероден диоксид  до 1.3 милиони кг.
 

   Мисијата овде не застанува. Општина Богданци продолжува да работи на полето на енергетската ефикасност, а исто така следејќи ги нашите придобивки и другите општини од Вардарскиот плански регион се вклучија во вакви проекти.
   Целокупната публикација можете да ја преземете на следниот линк: 
(со преземање на пдф документот Volume 3)
 
 
 

Се одржа Јавен увид за стратегиска оцена на животната средина за ГУП

  На 23.12.2013 година во салата на Совет на Општина Богданци се одржа јавниот увид по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Генералниот урбанистички план (ГУП) за град Богданци.
 
  Стратегиската оцена пред присутните заинтересирани граѓани ја презентираше Пеце Мирчевски, експерт за стратегиска оцена на животната средина од ЕВОЛВИНГ ДОО Скопје.
 
  По извршената презентација следеше дискусија и поставување на прашања кои се движеа во правец на намените во планскиот опфат и планирањето на ГУП, а во однос на Стратегиската оцена не беа евидентирани забелешки.

Имено присутните граѓани својата забелешка ја ставија во однос на двете планирани бензински пумпи во самото населено место Богданци со потенцирање дека истите не треба да стојат во ГУП бидејќи се планирани во сржта на градот каде што местото е најгусто населено. На оваа забелешка експертот образложи дека забелешката не се однесува на самата Стратешка оцена, туку на самиот ГУП и истата требало да се даде при излагањето на јавната расправа на Генералниот урбанистички план затоа што со Стратешката оцена се утврдуваат влијанијата на ГУП врз животната средина и мерки за намалување на очекуваните влијанија.
 
  Изработувачот на Нацрт извештајот укажа дека ГУП на град Богданци претставува основа за реализација на ДУП (Детален урбанистички план) и носи насоки за изработка на ДУП, за наменска употреба на земјиштето.
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981292

Посетители

1556262
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1453
1620
9832
41461
1556262

Server Time: 2018-05-26 19:29:05

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com