Општина Богданци                                                                                          

Дискусија за придобивките и можностите од формирање на водна заедница

   Среда 24.07.2013 со почеток во 20.30 часот Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци организира јавна дискусија за можностите и придобивките за формирање на водна заедница во населено место Селемли. Дискусијата ќе се оддржи во просториите на основното училиште во населено место Селемли.

 

Отворање на Културно лето „Богдански средби“

   Во Градски парк на Општина Богданци, на ден 19.07.2013 со почеток во 21.00 часот се отвори Културно лето „Богдански средби“.
   На отворањето се обрати Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци која го изрази своето задоволство за организацијата на овогодинешните „Богдански средби“ и на граѓаниет на Општина Богданци им порача прекрасен помин и убаво лето.
   Настанот го отвори ансамблот за народни песна и ора „Мегдан“ додека во текот на Јули и Август 2013 година ќе се оддржуваат настапи и од областа на рок и латино џез музиката, театарски претстави и пеења. „Богдански средби“ ќе ги затвори Културно уметничкото друштво „Бранд Петрушев“ од Богданци.
   Програмата на „Богдански средби“ оваа година е следната, сепак организаторот најави и неколку изненадувања кои нема да бидат дел од програмата.
 
19.07.2013 / 21:00 ч. Отворање: Ансамбл на народни песни и ора „Мегдан“
26.07.2013 / 21:00 ч. Концерт на Филип Стефановски бенд од Штип (латино џез)
03.08.2013 / 21:00 ч. Концерт на оркестар за народни инструменти и ора „Етно плус“
08.08.2013 / 21.00 ч. Рок концерт на „Пиксел“
10.08.2013 / 21:00 ч. Концерт на староградски песни на пејачки групи „Весела тајва“ од Богданци и „Распеани Валандовчани“ од Валандово
17.08.2013 / 21:00 ч. Млад театар Струмица со претстава „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс во режија на Кире Ѓеорѓиев
24.08.2013 / 20:30 ч. Настап на балетско студио „Свит денс“ (модерен балет)
31.08.2013 / 20:30 ч. Концерт на КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци
 
   „Богдански средби“ и оваа година ќе го оддржи исклучителниот епитет на традиционално зближување на граѓаните од Општина Богданци со спој на музика, театар и игри. Настанот го организира Дом на културата „Бранд Петрушев“ додека покровител е Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци.
 
 
 

Средба со бизнис сектор на Општина Богданци

   Петокот, 19.07.2013, Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци оствари средба со бизнис секторот во Општина Богданци.
   Целта на состанокот беше да се обезбеди поголема комуникација и соработка помеѓу бизнис секторот и општината преку воспоставување на механизми за подиректен пристап помеѓу засегнатите ентитети. Бизнисмените ја поздравија иницијативата и ја изразија желбата за почесто нејзино искористување од страна на Општина Богданци. За да се остварат интересите на бизнис секторот и Општина Богданци, за поголема соработка ќе се искористат механизмите за подиректна комуникација кои беа разгледани за време на средбата.
   На средбата се претставија повикот за доставување предлози за развој на проекти во рамките на ефикасност врз основа ПБГ Грант, иницијативата за вклучување во процес на добивање сертификат за поволно деловно опкружување во Југоситочна Европа и актуелната состојба со постапката за донесување на Генерален урбанистички план на град Богданци.
   Најголем интерес и дискусија се оствари за време на презентирањето на актуелната состојба со постапката за донесување на ГУП на град Богданци. Се истакнаа иницијативи за повторно разгледување на дел од предвидените индустриски зони, нивната достапност и комунална интеграција.
   Остварената средба и развојот на комуникацијата која се оствари со бизнис секторот овозможи да Општина Богданци оствари поекспедивно разгледување на интереси кои ги засегнуваат бизнисмените. За да се продолжи истото ниво на комуникација Општина Богданци ќе се труди во иднина да организира уште средби од ваков вид.

И ти можеш да бидеш волонтер, Општина Гевгелија

   Во периодот од јули 2013 до декември 2013 година во Гевгелија ќе се спроведува проектот „И ти можеш да бидеш волонтер“. Проектот ќе го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондација Отворено општество-Македонија.
   Главна цел на проектот е да се оцени имплементацијата на Законот за волонтерство на локално ниво преку  следење и анализа на законот во локалните институции и информирање на јавноста.
 

Инфо ден за измени на ИПАРД Програмата

   Се известуваат сите заинтересирани страни и пошироката јавност од  Општина Богданци дека Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на ден 03 јули 2013 година (среда) со почеток од 15.30 часот во просториите на СОУ Богданци (кабинет по музичко) ќе спроведе на територијата на нашата општина активност - инфо ден - на кој ќе бидат презентирани кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
615587

Посетители

1000941
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
948
925
8952
16987
1000941

Server Time: 2017-05-29 15:08:06

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com