Општина Богданци                                                                                          

Започна новата учебна година

   Денеска, за нешто помалку од 1000 основци и средношколци, започна новата учебна 2013/2014 година во основните и средното училиште во Општина Богданци. 

   Од нив 63 дечиња се првачиња, од кои 45 (+3 Ѓавото) во ООУ “Петар Мусев“ – Богданци, а 11 (+3 Селемли) во ООУ “Кирил и Методиј“ – Стојаково. 

   Инаку во ООУ “Петар Мусев“-Богданци наставата во новата учебна година ќе ја посетуваат вкупно 483 ученика, а во ООУ “Кирил и Методиј“ – Стојаково вкупната бројка  изнесува 132  ученика плус 14 ученика од подрачното училиште во с. Селемли.

   Во СОУ “Богданци“- Богданци новата учебна година започна за вкупно 327 средношколци од кои 91 се новозапишани во прва година средно образование. Од нив, две паралелки се со гимназиско образование, една паралелка текстилна струка со трет степен стручна подготовка и една паралелка сообраќајна струка со четврт степен на стручна подготовка.

   Овој ден беше посебен и среќен и за најмалите згрижени деца во јаслите на ЈОУДГ “Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци. Вкупно 58 дечиња во Богданци, 16 во подрачната единица во Стојаково и 20 во Дојран денеска беа топло примени во големата група за предшколска возраст. Инаку оваа детска градинка згрижува вкупно 118 дечиња во Богданци, 20 во подрачната единица во Дојран и 46 дечиња во с.Стојаково.

   Општина Богданци на сите ученици, наставници и професори им посакува среќна и успешна учебна 2013/2014 година!

 

Трет „Отворен ден“ во населено место Стојаково

   Во просториите на Месна заедница - Стојаково, на ден 03.09.2013 во 10.00 часот, по трет пат Општина Богданци организира „Отворен ден“ со Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева. Целта на „Отворен ден“ е да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите на општината и да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните кои се во надлежност на Општина Богданци.

 

Успешна соработка помеѓу Општина Богданци и АДСДП

   Среда, 21.08.2013 преку успешна соработка помеѓу раководителот на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката од Струмица, Александар Маџаров и градоначалникот и службите на Општина Богданци успешно му беше доделен стан на лице од категоријата на деца кои користат право од 18 до 26 години како деца без родители и родителска грижа, Драган Костиќ.

   Поради личната вклученост на Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева вчера во придружба на службите кои беа директно инволвирани во соработката со Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката заедно со раководителот Атанас Маџаров го посетија доделувањето на станот на Драган. 

   При посетата градоначалникот на Општина Богданци, Анастасија Олумчева и раководителот на Акционерското друштво, Александар Маџаров, ја истакнаа значајноста на помошта на лица чии личен карактер и развој, како Драган Костиќ, придонесуваат кон поголема општествена реафирмација на децата без родители. 

 

Втор Отворен ден за граѓаните на населено место Селемли

   Во просториите на ОУ „Стојан Вујановиќ“ - Селемли, на ден 20.08.2013 со почеток во 10.00 часот до 12.00 часот, Општина Богданци организира „Отворен ден“ со Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева и службите на Општина Богданци. Целта на „Отворен ден“ е да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до службите на општината и да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните кои се во надлежност на Општина Богданци.

Прскање против комарци

   Во Петок, на 16 Август 2013 почнувајќи од 05:00 часот на територија на Општина Богданци ќе се прска против комарци.
   Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство продолжува со прскање против возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) и терестрична апликација на средство за уништување на ларви од комарци на стоечки водени површини (ларвицидна дезинсекција).

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
756028

Посетители

1232367
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
653
1353
11924
32127
1232367

Server Time: 2017-11-20 07:40:57

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com