Општина Богданци                                                                                          

Најави

Новости

Настани

Јавна дебата во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“

                                                                  
 

 

    Во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“ – АГРАС,  финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Грција - Р.Македонија 2007-2013 година и имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе се одржуваат јавни дебати во сите десет општини од Југоисточниот плански регион. Тема на дискусија ќе бидат изработените анализи за постоечката патна инфраструктура во регионот. Истите ќе се дискутираат и анализираат со помош на надворешни експерти во поглед на техничките прашања и  дизајнот.
    Дебатите ќе ги организира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во координација со општините. Учество ќе земат сите заинтересирани страни (бизнис сектор, експерти, граѓани итн.)
    Целта на јавните дебати е да се добие целосен увид и преглед на моменталната  состојба на инфраструктурата во регионот и да се подобри истата преку анализите од дискусиите во општините со помош од соодветни експерти. Истите ќе послужат за изработка на стратешки документ Студија на можности која ќе послужи за подобрување на патната инфраструктура во Југоисточниот регион.
    Студијата на Можности ќе биде подготвена и доставена до сите заинтересирани страни во иднина.
 
    Во вторник,10.12.2013 година, во просториите на Општина Богданци со почеток од 11.30 часот ќе се одржи една од предвидените десет јавни дебати од овој вид.
 
Агендата можете да ја симнете од дадениот линк:
 
 
 

Успешно затворени „Отворени денови за социјална заштита во рурални средини“

   Врз основа на Програмата за спроведување на проектот „Отворени денови за социјална заштита во рурални средини“ од Министерството за труд и социјална работа Центарот за социјална работа – Гевгелија и Општна Богданци оддржаа Отворени денови во населените места Стојаково, Ѓавото и Селемли.
 
   Директорот на центарот за социјална работа – Гевгелија, г – н Лазар Трајков изјави дека:
   „Информативните средби имаа за цел информирање на граѓаните за условите, начинот и постапката за     остварување на права од социјалната заштита.“
 
   Покрај информативните средби службите заедно со директорот од Центарот за социјална работа – Гевгелија ја искористија можноста да лично посетат неколку семејства и граѓани кои се вклучени во ранливите социјални категории.

Се оддржа Форум со работодавачи

   Во Четврток 28.11.2013 година во Кабинетот на Градоначалник на Општина Богданци се оддржа форум со работодавачи. Претставници од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центрите за вработување на Националниот совет за претприемништво и конкурентност во соработка со Општина Богданци ги презентираа Активните програми и мерки за вработување на работодавачите со цел јакнење на соработката во планирањето и имплементирањето на политиките за вработување на локално ниво.
 
   По поздравните говори на Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци, Претставниците на Министерството за труд и социјала, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Одделението за локален економски развој се пристапи кон презентирање на логистика за потребите на малите и средните претпријатија, подобрувањет на претприемништвото и Анализа на профили за потребите на пазарот на труд.
 
   Во рамките на форумот претставник од Агенцијата за вработување на Република Македонија на работодавачите од Општина Богданци ги претстави Активните програми и мерки за вработување за кои се одлучи да истите бидат редовно споделувани низ медиумите на општината.
Целта на форумот беше да се истакнат програмите и мерките од Агенцијата за вработување на Република Македонија кои се овозможени за работодавачите од Општина Богданци.
 
   Успешно беше извршено и појаснување и мапирање на проблемите со кои се соочуваат локалните работодавачи и преку изјаснување на истите се наметна потребата за поголема соработка помеѓу работодавачите и Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Општина Богданци.
 

Се оддржа Форум со матичните лекари од Општина Богданци

   Во Четврток 28.11.2013 година во Кабинетот на Градоначалник на Општина Богданци се оддржа форум со матични лекари од Општина Богданци. Целта на домаќинот на форумот беше да се воспостават подиректни и поконзистентни начини на соработка помеѓу матичните лекари и Општина Богданци.
 
   На форумот гостуваа директорот на Фондот за здравствено осигурување Гевгелија и претставници од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа. Присуството на гостите придонесе кон остварување на подиректна соработка со службите од претставените институции.
 
   За време на форумот беше воспоставена успешна соработка помеѓу инволвираните страни. Со цел навремено информирање на јавноста за работата на матичните лекари, Фондот за здравствено осигурување и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа редовно ќе се пренесуваат информации на општинските медиуми.

Се оддржа „Ден на дрвото“ во Општина Богданци

   Под мотото „Засади здравје! Засади здрава иднина!“, традиционално како и секоја година, Општина Богданци се вклучи во ноемвриската акција на „Ден на дрвото“ која се оддржа на 27.11.2013 год.
 
   Со оваа акција,  со засадување на што повеќе садници во близина на урбаните средини, се придонесува кон унапредување на животната средина и се дава акцент на сите придобивки од пошумувањето за здравјето на луѓето, животните и целиот био-свет.
 
   Секој  мал придонес на нашата земја, Република Македонија, со посадување на еден садник се зачувува  животна средина што е и единствен концепт во светот.  Со  масовно засадување во само еден ден од сите граѓани во Македонија нашите граѓани стануваат активни учесници во остварувањето на милениумските цели на донесените документи на ООН со која жителите на планетата земја се спротивставуваат на климатските промени, загадувањето и глобалниот раст на индустријализацијата.
   За да се остварат целите на акцијата на локалитетите каде што беше предвидено пошумувањето учествуваа и Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци, Тахир Хани, Министер за локална самоуправа, вработените во Општина Богданци, ученици и професори од општинските училишта СОУ „Богданци“, ООУ „Петар Мусев“ и ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково, како и членовите од локалниот мото клуб „Риперс“.
 
Акцијата „Ден на дрвото“ се изврши на КО Богданци ШСЕ „Карабалија“ оддел 16,17 мв Воденичар, Самовилец, на површина од 6 ха, 4 км кај што се планирани да се посадат 13 000 садници. Според извештајот на ЈП „Македонски шуми“ на „Денот на дрвото“ беа засадени 5 000 садници (чемпрес, багрем, црн бор, јасен).
 
 
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1010127

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com