Општина Богданци                                                                                          

Културно уметничка програма на ООУ „Петар Мусев“

 

   По повод Денот на сесловенските просветители и учители или Денот на светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј, синоќа (22.05.2013) ООУ „Петар Мусев“ од Богданци одржа свечена приредба со Програма каде учениците ги презентираа своите музички и фолклорни успеси во текот на учебната година која изминува.
   Воедно овој празник, Денот на сесловенските просветители и учители кој е и државен беше повод на наставниците кои оствариле дваесет години работно искуство во образованието, да им се доделат Признанија.
 
   Вовед во прославата за 24 Мај дадоа учениците од училишниот хор, а „Песна за солунските браќа“ од Видое Подгорец ја рецитираа Милена Милошевиќ и Христина Попѓоргева. Потоа следуваа настапите на балетските групи Twist dance и изведбата на песната „Дечкото од втората клупа“ од Софија Ичкова со која настали на фестивалот „Калинка 2013“.
Со фолклорни игри и ора се претставија членовите на културно-уметничките друштва од Богданци, ЗКУД „Бранд Петрушев“ и ФА „Мегдан“. ЗКУД „Бранд Петрушев“ се претстави со ората Пајдушко, Деветка и Егејски игри, а ФА „Мегдан“ со ората Тресеница и Водарки.
  Денеска во склоп на празнувањето на 24 Мај, на најуспешните 150 ученици од ова училиште кои во текот на учебната 2012/2013 година постигнале успеси во различни области им беа доделени награди.
 
 

Ден на пожарникарството

 

   По повод Ден на пожарникарството во Република Македонија, 20 мај, вечерва со почеток во 19.00 часот во просториите на ДППД Богданци ќе се одржи пригодна свеченост каде што доброволните пожарникари од Богданци ќе го одбележат својот ден во знак на нивната секојдневна борба со пламените јазици.
 
   20 мај е ден на пожарникарството во Република Македонија, бидејќи  на овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред. Во светски рамки денот на пожарникарите се слави на 4 мај во сеќавање на пожарникарите кои го изгубиле животот во борба со огнот. Овој ден прв пат е одбележан на 4 јануари 1999 година како комеморијална средба во чест на петте пожарникари кои починале додека гаснеле пожар во Австралија. Но, подоцна овој ден е преместен на 4 мај бидејќи на европското тло на овој ден се слави Св. Флоријан, заштитникот на пожарникарите.

Караван за климатски промени

 

   Денес, Караванот за климатски промени организиран од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, во Богданци го организираше третиот од вкупно шесте планирани настани во различни рурални места во земјава.
   Под мотото „ПОПЛАВА, СУША, СТУД, ДА ГО СПАСАМ МОЈОТ ТРУД“ со презентација на претставници од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени и професори од Земјоделскиот институт овој Караван успеа преку непосредна средба со индивидуалните земјоделци да ги едуцира во врска со предвидените ефекти и да ја потенцира важноста на преземање проактивни чекори како одговор на ваквите последици, почнувајќи од основното ниво, од малите земјоделски заедници.   Караванот го поздрави градоначалничката на Општина Богданци, Анастасија Олумчева:
 
   „Сакам да ја изразам мојата најискрена желба да овој проект ги постигне поставените цели и надмине очекуваните резултати.“

Официјално почна изградбата на ветерниот парк „Богданци“

 

   Со поставување камен-темелник денеска и официјално е означен почетокот на изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Овој прв од ваков тип капацитет во земјава ќе обезбеди чиста енергија од обновлив извор, користејќи го ветерот како погонска сила.
   Проектот се очекува да профункционира за неколку месеци. Во првата фаза е предвидено да има 16 ветерници, моќност од 36,8 мегават-часови и годишно производство од 100 гигават-часови ветерна енергија. Ќе снабдува 15.000 домаќинства или вкупно 60.000 граѓани.

Чествување на Свети Атанасиј Велики

   Во духот на црковните и традиционалните обичаи, вчера како и секоја година се чевствуваше патронот на Православната црква “Свети Атанасиј Велики“ во Богданци. 

   На претпразничната богослужба која се одржа на 14.05.2013 присуствуваше градоначалничката на општина Богданци, Анастасија Олумчева.

Повеќе...

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
728390

Посетители

1187251
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
69
1396
8509
32292
1187251

Server Time: 2017-10-22 00:27:28

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com