Општина Богданци                                                                                          

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТ ЗА АВТО – ТАКСИ ВОЗАЧ

Согласно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Р.Македонија бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16 I 71/16) и Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за автотакси возач, формата и содржината на Уверението за положен испит и на сертификатот за авто – такси возач („Службен весник на Р.Македонија бр.98/14), општина Богданци Ве известува дека ќе спроведе испит за добивање на сертификат за авто такси возач.

Истиот ќе се спроведе на ден 13.05.2016 година (Петок) со почеток во 12.00 часот.

Испитот ќе го спроведе посебна комисија за полагање на испит за авто – такси возач, формирана од Градоначалникот.

Кандидатите (авто – такси возачи) освен пријава, потребно е да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од општината за стручно оспособување на кандидатите.

Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Богданци најдоцна до Среда, 11.05.2016година, 12.00 часот.

Соопштение

Врз основа на заклучокот донесен од страна на Советот на општина Богданци со бр. 08 – 764/13 од 27.04.2016 се известуваат сите жители на општина Богданци што имаат штета од врнежи од град што ја зафатија општината (24.04.2016) да достават до општината:

1. барање за проценка на штета,

2. фотокопија од лична карта,

3. имотен лист или копија од имотен лист,

4. лицата кои се оштетени а површините не се во нивна сопственост да достават и договор за закуп,

5. потврда од лозов катастар,

6. фотокопија од трансакциска сметка.

Барањата да се достават до општина Богданци најдоцна до 10.05.2016. Некомплетните барања нема да се разгледуваат.

 

Комисија за процена и утврдување на висината

на штетата од природни непогоди и други несреќи

Известување за палниран прекин на напојување со електрична енергија 20.04.2016 Богданци

Ве известуваме дека без напојување со електрична енергија на 20.04.2016 од 08:30 до 10:30 часот ќе бидaт сите стопански и нестопански корисници од централниот дел на Богданци (ТС Полиција и ТС Општина), заради интервенција на водот.

Општина Богданци се стекна со сертификатот Поволно деловно опкружување

        Општина Богданци се стекна со сертификатот „Поволно деловно опкружување“ од Програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (BFC SEE).

      На 10.03.2016 година Акредитационото тело на BFC SEE потврди дека општина Богданци ги исполнува критериумите од програмата за сертификација на градови и општини со поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа во согласност со стандардот BFC SEE : 2014, и од наведениот датум на одлуката на Регионалниот совет , единицата на локална самоуправа се стекнува со називот „ Поволно деловно опкружување “ односно „ Business Friendly Municipality( на англиски јазик ), со право на користење и истакнување на логото за Сертификација во согласност со стандардот.

       Добиениот сертификат потврдува дека општина Богданци има соодветен капацитет и стратешки е определена да ја подобри деловната клима, да привлече инвестиции и да го стимулира локалниот економски развој.

МАКЕДОНИЈА ПО СЕДМИ ПАТ СЕ ВКЛУЧУВА ВО АКЦИЈАТА ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

              Во акцијата часот на планетата Земја се вклучуваат над 170 земји, меѓу кои и Македонија. Акцијата има еколошки карактер, односно преку симболично исклучување на осветлувањето во рок од еден час, се дава порака за спас на планетата Земја.
Општина Богданци ја подджува акцијата за симболично исклучување на осветлувањето. За таа цел, на ден 19 март во 20:30 часот, во времетраење од 1 час, ќе се исклучи јавното осветлување во Богданци.
              И Вие можете да се вклучите во акцијата Часот на планетата Земја со симболично исклучување на светилките во Вашите домови.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
677458

Посетители

1101294
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
969
575
1544
24255
1101294

Server Time: 2017-08-22 14:35:15

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com