Општина Богданци                                                                                          

Известување по Закон за домување

   Општина Богданци Ве известува дека доколку сопствениците на посебните делови од станбената зграда немаат назначено Управител или регистрирано Заедница на сопственици, должни се согласно член 134 од Законот за домување („Службен весник на РМ“ бр.99/09...55/13) да го извршат истото.
 
   Доколку не се постапи по истото, а имајки го во предвид член 45 од Законот за измени и дополнувања на Законот за домување („Службен весник на РМ“ бр.36/11), во кое е пропишано дека „доколку сопствениците на посебните делови не определат управител или не регистририраат заедница на сопственици во рок од една година од денот на влегување во сила на овој закон, тогаш на барање на овластениот инспектор за домување, Управителот го определува судот во вонпарнична постапка избран од регистарот на управители на станбени згради од членот 109 ст. 1 т. 6 на овој закон.

Претстава на Драмско атеље СОУ „Богданци“

   Со влез од 100 денари вечерва во 19.30 часот во просториите на ООУ „Петар Мусев“ премиерно ќе се изведе претстава базирана на „Љубовна приказна“ од Јукио Мишима. Преставата во режија на Кире Ѓорѓиев ќе ја изведат Ели Минева, Мартин Крлевски и професорот Бранко Сапламаев од Драмско атеље СОУ „Богданци“ во соработка со Дом на Култура „Бранд Петрушев“. 

Одржана работилница „Климатски промени и планирање на мерки за прилагодување“

  Изминатиов викенд, поточно во саботата на 02.11.2013 година, во  просториите на СОУ “Богданци“ во рамките на проектот УСАИД Општински стратегии за климатски промени  се одржа  работилница на тема: „Климатски промени и планирање  на мерки за прилагодување“.
 
  Како што е познато овој проект во Општина Богданци се спроведува веќе неколку месеци наназад, а крајна цел е да се изработи Стратегија за климатските промени  во Општина Богданци. Истиот е финансиран од УСАИД и го спроведува Милиеуконтакт Македонија.
 
   Општина Богданци е една од четирите општини во Р. Македонија кои што се избрани за спроведување на овој проект, така што после изготвувањето на Стратегијата, треба да произлезат предлог-проекти кои ќе бидат финансирани од УСАИД.
   

   Во рамките на овој проект, како што рековме, неколку месеци наназад, работат неколку работни групи во различни области, кои ги идентификуваат , анализираат и предложуваат предлог мерки за намалување на влијанието на климатските промени во скоро сите области од општественото живеење.
 
   Конкретно оваа работилница беше осврт на досега сработеното, со учество како на претставници од работните групи, така и претставници од  јавните институции и жители на Богданци. Работилницата ја водеа претставници од Милеуконтакт Македонија, а искуството од работата на овој проект во Казахстан со присутните го сподели гостинот од Вашингтон г-нот Глен Андерсон.
 

Нов систем за парно греење во ООУ „Петар Мусев“

  Новата грејна сезона ООУ “Петар Мусев“ од Богданци ќе ја започне со комплетно реновиран систем за парно греење. 
 
  Имено овој проект кој спаѓа во капиталните инвестиции на Министерството за образование и наука опфаќа нови котли за парно греење, дополнување со радијатори во просториите каде што имаше потреба и други пропратни елементи.
 
  Вчера, 04.11.2013 од страна на Комисија при Министерството за образование и наука беше извршен технички прием на реновираниот систем за парно греење со што воедно беше и предаден во употреба. Целокупната тендерска постапка се водеше преку МОН.
 
  Со оваа капитална инвестиција од страна на МОН во ООУ “Петар Мусев“ ќе се подобрат условите за затоплување на просториите.

Кампања “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

   Во рамките на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, а  како дел од Националната стратегија за унапредување на состојбите во безбедноста на сообраќајот, во координација на Републичкиот Совет за безбедност, Општина Богданци се вклучи во оваа кампања во делот на сообраќајното уредување на пешачките премини пред образовните институции.
 
   Акцијата беше изведена вчера и завчера со сообраќајно уредување на пешачките премини пред средното и основните училишта во општината, како и пред детската градинка во Богданци.
 
   Учество во акцијата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ зедоа учениците од сообраќајната струка при СОУ “Богданци“ и вработени во локалната самоуправа.
Пешаците и понатаму се една од најранливите категории во сообраќајот, каде што во голем број се присутни децата – пешаци, затоа како критични точки се земени премините пред самите образовни институции.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1090627

Посетители

1717576
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1721
1719
3440
39321
1717576

Server Time: 2018-08-21 21:54:17

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com