Општина Богданци                                                                                          

Соопштение по нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за ГУП за град Богданци

   Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1  од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр.53/2005, Сл.весник РМ бр.81/2005, Сл.весник на РМ бр.24/2007 Сл.весник на РМ бр.159/08 Сл.весник на РМ бр.83/2009, Сл.весник на РМ бр.48/2010, Сл.весник на РМ бр.124/10 и  Сл.весник на РМ бр.51/11) и член 3, став 1 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. весник на РМ бр. 147/2008), Градоначалникот на општина Богданци го објавува следното 
 
С О О П Ш Т Е Н И Е
 
 по Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за ГУП за град Богданци, општина Богданци
 
 
   Извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната средина е изложен во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и јавни дејности, административна зграда на општина Богданци, приземје, соба бр.5 и 6, од 08 до 16 часот.
 
   Јавниот увид ќе трае 30 дена сметано од денот на објавувањето на соопштението на веб страната на општина Богданци.
 
   Заинтересираните граѓани и правни лица своите забелешки, предлози и мислења по Извештајот за стратегиската оцена на влијанието на животната средина за ГУП за град Богданци, можат да ги достават писмено до архива на општина Богданци, по пошта, на адреса: ул.„Маршал Тито“, бр.62 или електронски на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и opstina Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
 
Нацрт извештајот може да го симнете преку клик на следниот линк: Нацрт извештај за стратегиска оцена на животната средина за ГУП на град Богданци

Соопштение за проектот „Општинско - корисна работа“ до здружение на пензионерите - Богданци

   Започнувајки од 16.09.2013 година општинското здружение на пензионерите-Богданци започна соработка со општина Богданци според која за членовите на здружението ќе се обезбеди еден основен пакет на услуги со работно ангажирање на 3 лица (хигиеничар за стамбен и деловен простор,општ работник и молер) во рамките на програмата за општинско корисна работа (Проект: Промовирање на одржливи вработувања 2 и поддршка на Владата во спроведување на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување 2013) при што се повикуваат сите пензионери членови на ОЗП-Богданци кои се заинтересирани за добивање на овој пакет услуги да се пријават во канцеларијата на ОЗП-Богданци во Богданци.
 
 

Соопштение за проектот „Општинско - корисна работа“

   Општина Богданци ги повикува сите евидентирани невработени лица (активни баратели на работа) жители на општина Богданци кои своето вработување сакаат да го решат во рамките на програмата за опшптинско корисна работа (Проект: Промовирање на одржливи вработувања 2 и поддршка на Владата во спроведување на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување 2013) да се пријават во центарот за вработување на АВРМ Гевгелија со пополнување на пријава за учество во програмата за ОКР и изјава за согласност.
 
На јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:
- Деца без родители
- Жртви на семејно насилство
- Бездомни деца
- Поранешни корисници на дрога
- Родители на деца на улица
- Самохрани родители 
- Собирачи на ПЕТ отпадоци
- Роми
- Осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
- Други тешко вработливи категории невработени лица
 
   За проектот во општина Богданци ке се ангажираат 3 (три) лица за период од 6 (шест) месеци со скратено работно време (20 работни часови неделно) со  месечен надоместок од 7000 денари со вклучен персонален данок и осигурување од слулај на несреќа при работа и професионално заболување за следните работни места:
- Молер
- Општ работник
- Хигиеничар за стамбени и деловни простории.
 
   Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучувањето на договор со невработените лица.
 
Прегледете го јавниот оглас на следниот линк: Јавен оглас за пријавување на „Општинско - корисна работа“

Јавен оглас за пријавување на “Општинско - корисна работа„

   Врз основа на Договорот за соработка склучен помеѓу општина Богданци и УНДП Бр. 03-1446/5 од 16.10.2013 а за потребите на Проектот „Промовирање на одржливи вработувања 2 и поддршка на Владата во спроведување на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување 2013“-Општинско-корисна работа, Општина Богданци,
 
ОБЈАВУВА
 
ЈАВЕН ОГЛАС
до невработени лица (активни баратели на работа) кои се заинтересирани своето вработување привремено да го решат со учество во
 
Општинско-корисна работа
Грижа за стари лица
 
1. Се повикуваат невработените лица кои се заинтересирани своето вработување привремено да го решат со ангажирање во општинско-корисна работа, грижа за стари лица да се пријават во центарот за вработување Гевгелија.
 
2. На Јавниот оглас може да се пријават невработени лица од следните целни групи:
- Деца без родители
- Жртви на семејно насилство
- Бездомни деца
- Поранешни корисници на дрога
- Родители на деца на улица
- Самохрани родители 
- Собирачи на ПЕТ отпадоци
- Роми
- Осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
- Други тешко вработливи категории невработени
 
3. Пријавите се однесуваат за  проектот:
 
- „Промовирање на одржливи вработувања 2 и поддршка на Владата во спроведување на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување 2013“-Општинско-корисна работа“
 
4. За проектот во општина Богданци ќе се ангажираат 3 (три) лица за период од   6 (шест) месеци со скратено работно време (20 работни часа неделно) за следните работни места:
- Молер
- Општ работник
- Хигиеничар за стамбени и деловни простории
 
5. Огласот трае до 30.10.2013 година.
 
                                                                                                                                                                              Општина Богданци

Помислете и на нас

   Кампања под мотото „Помислете и на нас“ преку која ќе се организираат хуманитарни активности за обезбедување храна за ранливите групи, е промовирана денеска, а ја организира Црвениот крст на Република    Македонија по повод 16 Октомври, Меѓународниот ден на гладта.
 
   Храната ќе се дистрибуира преку општинските организации на Црвениот крст, а хуманитарните активности ќе се имплементираат од денеска до 23 октомври.
 
   Ова денеска на прес-конференција го истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, кој рече дека во Македонија секоја година се намалува бројот на сиромашни луѓе.
 
   - Со оваа кампања и со хуманитарните активности се приклучуваме кон напорите на Министерството за труд и социјална политика  за намалување на сиромаштијата, истакна Саити и додаде дека во светски рамки бројот на регистрирани 800 милиони гладни луѓе во последните две години е за пет отсто помал од 1991/1993 година.
 
   Потенцира дека во соработка со воспитно-образовните институции се организираат акции за обезбедување: помош во училиштата, наменета за сиромашни семејства на кои децата им учат во тие училишта, парични средства преку вредносни бонови, помош во храна во соработка со големите маркети и солидарен оброк во соработка со гостилници, ресторани, пекари во кои граѓаните можат да купат солидарен оброк за социјално загрозени семејства, како и хуманитарни продажни акции за обезбедување парични средства преку изложување предмети од рачна изработка.
 
   - Во рамки на кампањата се организира акција за обезбедување парични средства од корпоративниот сектор. Во акцијата ќе бидат опфатени над 12.000 компании во Македонија. По четврти пат и оваа година акцијата е поддржана од Македонска пошта АД Скопје која ќе овозможи бесплатно да бидат доставени флаери до компаниите за нивно учество и поддршка на акцијата, која е поддржана и од Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија, рече Саити.
 
   Донациите можат да се уплатат на жиро сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ 300000001327966, даночен број 4030984271620 АД Комерцијална банка, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви 070/075/077 143-400.
 
   За промовирање на кампањата Црвениот крст отпечати постер, флаери и вредносни бонови, а со поддршка на МРТВ изработен е и ТВ спот.
 
   Саити посочи дека минатата година преку кампањата што ја организирале биле собрани 700.000 денари, направени биле 150 пакети, а бројот на корисници на помошта изнесувал 3.000.
 
 
   Генералниот директор на Македонска пошта Рафиз Алити рече дека вработените во МП и натаму ќе се вклучуваат во хуманитарни акции.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1090627

Посетители

1717576
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1721
1719
3440
39321
1717576

Server Time: 2018-08-21 21:54:17

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com