Општина Богданци                                                                                          

Работна посета на министерот за надворешни работи Никола Попоски

   Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци, вчера 15.09.2013 година оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, г - н Никола Попоски.
   Во рамките на посетата на министерот Попоски Градоначалникот на Општина Богданци ја имаше можноста да ги истакне клучните проекти и приоритети на општината.
   На средбата Олумчева истакна дека најзначајни проекти за кои се залага Општина Богданци се реновирањето на Дом на културата и подобрување на инфраструктурата во општината. Истите ќе придонесат кон задржување на културното и идентитетското наследство на граѓаните во општината и поголеми можности за инвеститорите.
   Општина Богданци според територијалната поставеност претставува една од најсериозните општини кои можат да придонесат кон поголем бизнис развој за потенцијалните инвеститори. Затоа според Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева клучен приоритет е информирањето на потенцијалните инвеститори за можностите во Општина Богданци.
   Министерот Попоски укажа дека регионот и Општина Богданци ќе имаат големи придобивки кога Република Македонија ке стане членка на  Европската Унија, аргументирајќи дека  постоечката инфраструктура и локација близу границата со Република Грција и Република Бугарија се пригодни за огромен развој на економијата во регионот.
   За да се исполнат барањата на потенцијалните инвеститори министерот Попоски посочи дека е значајна и стручноста на работната сила во Општина Богданци, по што градоначалничката Олумчева информираше дека во регионот постои најголем број на квалификувани работници.
 
 
 
 

10 Октомври посветен на борците за слобода

   На ден 10.10.2013 година по повод 69 годишнината на Денот на општинате се одбележа ослободувањето на Општина Богданци од фашистичкиот окупатор. 
   Утрово во Општина Богданци Сојузот на борците и Пензионерите заедно со Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци положија цвеќиња одавајќи им достојна почит на борците кои го овозможија слободното живеење на граѓаните на Општина Богданци.

   Во детската градинка „Коста Поп  Ристов - Делчев“ малите оддржаа кратка претстава пред своите наставници и Анастасија Олумчева. Преку истата го одбележаа значењето на патронот на детската градинка Коста Поп Ристов - Делчев.Денот на општината исто така се одбележа и со свечен ручек на кој Олумчева, пренесувајќи ги своите искрените честитки по повод 10 Октомври Денот на општината, како Градоначалник на Општина Богданци на гостите им порача:
 
 
„Да продолжиме да веруваме во желбите, идеите и луѓето кои ни го овозможија овој слободен ден, овој слободен град и слободна Македонија“
 
   На свечениот ручек гостите ја имаа можноста да уживаат во настапот на прекрасните Марија Илиева и Наталија Трајкова во феноменална музика на виолина и клавир. После настапот следеше и емоционално изведен рецитал од страна на Васил Зафирчев.
   Настанот го затвори одличниот локален клавијатурист Бранко Сапламаев.
   Преку денешниот ден Општина Богданци на своите сограѓани им го честита Денот на општината, оддавајќи им достојна почит на на луѓето кои во минатото се бореле за слободата на овој  народ, за овие поколенија, за слободно Богданци.

Честитки по повод 11 Октомври

   Општина Богданци на сите граѓани на Република Македонија им го честита 11 Октомври, Денот на востанието на  македонскиот народ, за слобода од фашистичкиот  окупатор. 
   Македонија денес се гради на крилјата од своите дедовци кои некогаш биле облеани со крв и болка, но со голема љубов за  слобода, а криците на мајките и денес  се слушаат низ редовите на безброј дела кои како сведоштво зборуваат за  несебичноста и пожртвуваноста на нашиот народ.
   Честит 11-ти Октомври Македонијо, почит и слава до сите херои кои несебично ги дале своите животи во ослободувањето  на својата татковина!

Честитки по повод 10 Октомври Денот на општината

   Почитувани сограѓани!
 
   Пред нас е уште едно одбележување на годишнина од ослободувањето на Општина Богданци од фашистичкиот окупатор. 
   По тој повод годинава 69-та по ред, Општина Богданци на своите сограѓани им го честита Денот на општината, оддавајќи им достојна почит на на луѓето кои во минатото се бореле за слободата на овој  народ, за овие поколенија, за денешно Богданци.
 
 

Посета на заменик министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство г - н Зоран Коњановски

   09.10.2013 година, Среда, во 12.00 часот заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г – н Зоран Коњановски ќе оствари средба со Анастасија Олумчева Градоначалник на Општина Богданци.   

После средбата со Градоначалник на Општина Богданци во 12.30 часот заменик министерот ќе ја посети компанијата „Мил - Бос“.  

После посетата на компанијата „Мил - Бос“ во 14.00 часот е предвидена средба на земјоделците од Општина Богданци со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во СОУ „Богданци“ - Богданци.

 

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
1090627

Посетители

1717576
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1721
1719
3440
39321
1717576

Server Time: 2018-08-21 21:54:17

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com