Општина Богданци                                                                                          

Вонредна информација за најава на топлотен бран

Се предвидува најава на топлотен бран за ден 25.07.2013 година.
    Топлотниот бран е со ниво на алерт 1 и е со изразен интензитет во регионите МК.ОP, MK.PE, МК.РР, MK.OM, MK.SV и MK.NV. Потребно е да се превземат акциите од Здравствениот акционен план за фаза 1.
    Детални информации за превземање заштитни мерки од Фаза 1 можат да се најдат на http://toplotnibranovi.mk/mk_faza1.asp или во печатениот Здравствен акционен план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на луѓето. Препораки за заштита од топлотниот бран и можни ризици по здравјето при високи температури може да се најдат на печатените флаерите или на следниот линк http://toplotnibranovi.mk/mk_preporaki_opsti.asp.
 
   Оперативен центар на Центарот за управување со кризи на Р. Македонија телефон 02/3249-211, 02/3249-212; телефонски број на ДАТЦ на МО 23-10; телефонски броеви на ДАТЦ на МВР 20-24,35-11 и 35-02; факс: 02/3249-213, 02/3136-226; факс на ДАТЦ на МО 23-09; факс на ДАТЦ на МВР 35-05; e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
 
Најавата може да ја симнете од следниот линк:
 

Се одржа втората јавна трибина од областа не земјоделието на тема „Почва“

   Во просториите на СОУ „Богданци“ - Богданци, вчера со почеток во 20.15 часот се оддржа Јавна трибина од областа на земјоделието на тема „Почва“.
   Предавач и гостин на трибината беше Атанас Василев дипломиран агроном инженер. 
   Атанас Василев ја истакна значајноста на на анализата на почвата. Анализата на почвата им дозволува на земјоделците да ефикасно ги искористат биолошките и хемиските средства кои се достапни за поквалитетно и поефикасно производство на земјоделски производи.  

На трибината се зборуваше за елементи во почвата, исхрана на растенијата, почвена анализа, техники и обработка на почвата, ѓубрива и нивна примена и апсорбативна способност на почвата. Заклучокот беше дека мора да постои строго менаџирање во начинот на хранење, наводнување и прскање на производите.   Достигнатите резултати и заклучоци од трибината ја имаат можноста да екстремно влијаат на работата на земјоделците во Општина Богданци и за таа цел Општина Богданци ќе организира повеќе јавни трибини кои подиректно и подетално ќе ги запознаат земјоделците со решенија за нивните проблеми.
 
 

Јавна трибина „Почва“

   Во просториите на СОУ„Богданци“ – Богданци, на ден 23.07.2013 година  (вторник), со почеток од  20:15 часот, општина Богданци  организира Јавна трибина на тема: Почва (елементи во почвата, исхрана на растенијата, почвена анализа, техники и обработка на почвата, ѓубрива и нивна примена, апсорбативна способност на почвата).

 

Дискусија за придобивките и можностите од формирање на водна заедница

   Среда 24.07.2013 со почеток во 20.30 часот Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци организира јавна дискусија за можностите и придобивките за формирање на водна заедница во населено место Селемли. Дискусијата ќе се оддржи во просториите на основното училиште во населено место Селемли.

 

Отворање на Културно лето „Богдански средби“

   Во Градски парк на Општина Богданци, на ден 19.07.2013 со почеток во 21.00 часот се отвори Културно лето „Богдански средби“.
   На отворањето се обрати Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци која го изрази своето задоволство за организацијата на овогодинешните „Богдански средби“ и на граѓаниет на Општина Богданци им порача прекрасен помин и убаво лето.
   Настанот го отвори ансамблот за народни песна и ора „Мегдан“ додека во текот на Јули и Август 2013 година ќе се оддржуваат настапи и од областа на рок и латино џез музиката, театарски претстави и пеења. „Богдански средби“ ќе ги затвори Културно уметничкото друштво „Бранд Петрушев“ од Богданци.
   Програмата на „Богдански средби“ оваа година е следната, сепак организаторот најави и неколку изненадувања кои нема да бидат дел од програмата.
 
19.07.2013 / 21:00 ч. Отворање: Ансамбл на народни песни и ора „Мегдан“
26.07.2013 / 21:00 ч. Концерт на Филип Стефановски бенд од Штип (латино џез)
03.08.2013 / 21:00 ч. Концерт на оркестар за народни инструменти и ора „Етно плус“
08.08.2013 / 21.00 ч. Рок концерт на „Пиксел“
10.08.2013 / 21:00 ч. Концерт на староградски песни на пејачки групи „Весела тајва“ од Богданци и „Распеани Валандовчани“ од Валандово
17.08.2013 / 21:00 ч. Млад театар Струмица со претстава „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс во режија на Кире Ѓеорѓиев
24.08.2013 / 20:30 ч. Настап на балетско студио „Свит денс“ (модерен балет)
31.08.2013 / 20:30 ч. Концерт на КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци
 
   „Богдански средби“ и оваа година ќе го оддржи исклучителниот епитет на традиционално зближување на граѓаните од Општина Богданци со спој на музика, театар и игри. Настанот го организира Дом на културата „Бранд Петрушев“ додека покровител е Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци.
 
 
 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981340

Посетители

1556319
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1510
1620
9889
41518
1556319

Server Time: 2018-05-26 19:44:10

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com