Општина Богданци                                                                                          

Средба со бизнис сектор на Општина Богданци

   Петокот, 19.07.2013, Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци оствари средба со бизнис секторот во Општина Богданци.
   Целта на состанокот беше да се обезбеди поголема комуникација и соработка помеѓу бизнис секторот и општината преку воспоставување на механизми за подиректен пристап помеѓу засегнатите ентитети. Бизнисмените ја поздравија иницијативата и ја изразија желбата за почесто нејзино искористување од страна на Општина Богданци. За да се остварат интересите на бизнис секторот и Општина Богданци, за поголема соработка ќе се искористат механизмите за подиректна комуникација кои беа разгледани за време на средбата.
   На средбата се претставија повикот за доставување предлози за развој на проекти во рамките на ефикасност врз основа ПБГ Грант, иницијативата за вклучување во процес на добивање сертификат за поволно деловно опкружување во Југоситочна Европа и актуелната состојба со постапката за донесување на Генерален урбанистички план на град Богданци.
   Најголем интерес и дискусија се оствари за време на презентирањето на актуелната состојба со постапката за донесување на ГУП на град Богданци. Се истакнаа иницијативи за повторно разгледување на дел од предвидените индустриски зони, нивната достапност и комунална интеграција.
   Остварената средба и развојот на комуникацијата која се оствари со бизнис секторот овозможи да Општина Богданци оствари поекспедивно разгледување на интереси кои ги засегнуваат бизнисмените. За да се продолжи истото ниво на комуникација Општина Богданци ќе се труди во иднина да организира уште средби од ваков вид.

И ти можеш да бидеш волонтер, Општина Гевгелија

   Во периодот од јули 2013 до декември 2013 година во Гевгелија ќе се спроведува проектот „И ти можеш да бидеш волонтер“. Проектот ќе го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондација Отворено општество-Македонија.
   Главна цел на проектот е да се оцени имплементацијата на Законот за волонтерство на локално ниво преку  следење и анализа на законот во локалните институции и информирање на јавноста.
 

Инфо ден за измени на ИПАРД Програмата

   Се известуваат сите заинтересирани страни и пошироката јавност од  Општина Богданци дека Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на ден 03 јули 2013 година (среда) со почеток од 15.30 часот во просториите на СОУ Богданци (кабинет по музичко) ќе спроведе на територијата на нашата општина активност - инфо ден - на кој ќе бидат презентирани кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.

Јавен оглас за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места

   Владата на Република Македонија преку Агенцијата за вработување на Република Македонија од 2012 година започна со реализација на Проектот за кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места.

   За таа цел, ги известуваме правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис како и невработените лица кои сакаат да го решат своето вработување, а со тоа да бидат дел од овој Проект на Владата на РМ, дека Агенцијата за вработување на Република Македонија објавува јавен оглас кој може да го симнете на следниот линк: 

   1. ЈАВЕН ОГЛАС за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места

   Истиот може да го симнете и на страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија: www.avrm.gov.mk и директниот линк: http://avrm.gov.mk/?ItemID=C4693E19EF37E04E9A7DD087D774050B

 

Јавен повик за субвенционирање на приватни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди

   Министерството за економија го објави Јавниот повик за субвенционирање на приватни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди. Повикот ќе трае до 15.10.2013 година, истиот е објавен на веб страните www.konkurentnost.mk и www.economy.gov.mk.

 

   Директни линкови до јавниот повик и документите:

   http://www.economy.gov.mk/javni_konkursi/oglasi/3706.html

   http://konkurentnost.mk/JavenpovikDetailView.aspx?idmer=67141069-e2e0-48d7-8e81-316e406449bc

   Јавниот повик и потребното барање можете и директно да ги симнете на следните линкови:

   1. Јавен повик за субвенционирање на приватни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди.

   2. Барање за надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на систем за квалитет според ISO стандарди.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981192

Посетители

1556098
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1289
1620
9668
41297
1556098

Server Time: 2018-05-26 17:23:30

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com