Општина Богданци                                                                                          

Официјално почна изградбата на ветерниот парк „Богданци“

 

   Со поставување камен-темелник денеска и официјално е означен почетокот на изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Овој прв од ваков тип капацитет во земјава ќе обезбеди чиста енергија од обновлив извор, користејќи го ветерот како погонска сила.
   Проектот се очекува да профункционира за неколку месеци. Во првата фаза е предвидено да има 16 ветерници, моќност од 36,8 мегават-часови и годишно производство од 100 гигават-часови ветерна енергија. Ќе снабдува 15.000 домаќинства или вкупно 60.000 граѓани.

Чествување на Свети Атанасиј Велики

   Во духот на црковните и традиционалните обичаи, вчера како и секоја година се чевствуваше патронот на Православната црква “Свети Атанасиј Велики“ во Богданци. 

   На претпразничната богослужба која се одржа на 14.05.2013 присуствуваше градоначалничката на општина Богданци, Анастасија Олумчева.

Повеќе...

Акција „Садница плус“

 

   Денес во основните училишта и детските градинки се оддржа пролетната акција „Садница плус“ како дел од активностите на здружението „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ во соработка со Министерството за образование и наука.
 
   Во  основните училишта и детските градинки во Општина Богданци и населените места беа посадени вкупно 510 желади од семенскиот материјал доставен до образовните институции. Засадениот семенски материјал наесен може да се пресади на отворен простор во училишните дворови или на соодветна локација одредена од општината.
   Целта на овој проект е преку масовно дружење и сопствено искуство да се поттикне еко-свеста кај најмладата популација, да се почувствуваат одговорни за доверената задача.
   На првиот одделенски час во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци, на акцијата „Садница плус“ учествуваше и градоначалничката Анастасија Олумчева:
- Ентузијазмот кој денес го споделивме со децата кои ги засадија семките за дрвца ме убедува дека иднината на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ е цврсто вкоренета во желбата и свеста на младите учесници.

Потпишани изјави на соработка

 

   На 30ти април, со почеток во 11:00 во Клубот на новинари во Скопје, се одржа свечено потпишување на изјави за соработка и разбирање помеѓу здружението за одржлив развој – Милиеуконтакт Македонија и осумтте партнерски општини во проектот на УСАИД – Општински стратегии за климатски промени.

Анастасија Олумчева официјално стапи на функција Градоначалник на Богданци

 

   Денеска 19.04.2013 година, Анастасија Олумчева со врачувањето на Уверението за Градоначалник од страна на Претседателката на Општинската изборна комисија, Соња Маџирова, официјално стапи на функција Градоначалник на Богданци и со тоа стана првата жена Градоначалник, која ќе ја води Општина Богданци во наредниот четиригодишен мандат.
   Уверението ѝ беше врачено во присуство на досегашниот градоначалник Ристо Ичков, членовите на Општинската изборна комисија и вработените во Општина Богданци на приемот организиран во Кабинетот на Градоначалник во Општина Богданци.
   За време на приемот Анастасија Олумчева ја изрази својата желба за експедитивно и одговорно работење за време на мандатот кој што ѝ го доверија граѓаните на Општина Богданци: „Јас како прва жена Градоначалник на Општина Богданци, и најмлада Градоначалничка во Македонија ќе се залагам за оправдување на довербата и извршување на одговорностите кои ги очекувам и се очекуваат од мене.“
   Честитки за стапувањето на функцијата со желби за многу успеси во работењето, Анастасија Олумчева доби од досегашниот градоначалник Ристо Ичков.
„Општина Богданци треба да си го продолжи својот пат рамо до рамо со другите општини, бидејќи Општина Богданци го заслужува тоа, и сигурен сум дека и сега е во добри раце и ќе продолжи понатаму за доброто на сите граѓани.“
   Исто така Анастасија Олумчева доби честитки од членовите на Општинската изборна комисија, вработените во Општина Богданци, ОК на ВМРО-ДПМНЕ, локалните претставници на Демократски сојуз, на ДОМ и СДУ. Честитките лично ѝ ги упатија претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Стојан Воданов и носителката на листата за советници на ДОМ, Гонца Коцева.

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
981228

Посетители

1556163
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
1354
1620
9733
41362
1556163

Server Time: 2018-05-26 17:38:46

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com