Општина Богданци                                                                                          

Проект за подобрување на општинските услуги - МСИП

Република Македонија

 

Проект за подобрување на општинските услуги - МСИП

 

ИПА инвестициски грантови

  MSIP-IPA-NCB-004-16

 

1.     Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена  електронски на 06 Јануари, 2010 година.

2.    Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: „РЕГУЛАЦИЈА НА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ ВО С.СТОЈАКОВО – I ФАЗА “

3.    Општина Богданци ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат РЕГУЛАЦИЈА НА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ ВО С.СТОЈАКОВО – I ФАЗА .

4.    Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.        Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Адреса: Општина Богданци

Град:Богданци

Поштенски број: 1484

Држава: Република Македонија

Телефон: +0038934222333

Факс: +0038934222333

Електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

6.       Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмено апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од  3.000,00МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

a) За плаќање во денари:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 840 104 03182

Приходно конто: 722315

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Богданци.

7.         Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 24/03/2016. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 24/03/2016.

8.       Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 350,000.00 МКД.

9.       Адреса:Општина Богданци

          Град: Богданци  

          Поштенски број: 1484

          Архива

         Држава: Република Македонија

 

ЗАВРШЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКАТА САЛА НА ДК БРАНД ПЕТРУШЕВ БОГДАНЦИ

Завршена е реконструкцијата на повеќенаменската сала во ЈОУ Дом на Култура „Бранд Петрушев“ Богданци.

Салата има 145 седишта и сценски простор од 70м2 кој овозможува услови за театарски претстави, музички, танцови и јавни настапи, кино и други визуелни проекции.

Реконструкцијата е овозможена со средства од Буџетот на општина Богданци и Европски фондови преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија.

Со ова е целосно завршена реконструкцијата на внатрешниот простор на постоечкиот објект на ДК „Бранд Петрушев“, со вкупна нето површина од 715м2.

 

ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД БОГДАНЦИ ВО ПОСЕТА НА САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

На ден 29.01.2016 Општина Богданци - ОДделението за Локален Економски Развој организираше еднодневна посета на Меѓународниот саем за земјоделство, техника и опрема, механизација, градинарство, преработка, лозарство, овоштарство, винарство, храна, пчеларство, ветеринарство во Солун- Агротика. Целта на посетата е земјоделците да се информираат за новитети на земјоделската механизација и новите технологии на производство кои ја зголемуваат продуктивноста на земјоделското стопанство.

Во рамките на посетата организирана од општина Богданци присуствуваа претставници од земјоделска задруга Агро Богданци и индивидуални земјоделци.  Посетата е реализирана согласно Годишниот План за посета на саеми за 2016 година кој е составен дел на Програмата за активности на општина Богданци во областа на Локалниот Економски Развој во 2016 година. 

 

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА ВО ЈОУДГ „Коста Поп- Ристов Делчев“ БОГДАНЦИ

Врз основа на Одлуката за обезбедување на средства за субвенционирање на престој на деца во ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ Богданци  бр.08- 2501/21од 28.12.2015 година (Службен гласник на општина Богданци бр.15/2015), Градоначалникот на општина Богданци објавува : 

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА ВО ЈОУДГ „Коста Поп- Ристов Делчев“ БОГДАНЦИ

Општина Богданци ќе врши обезбедување на остварувањето на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на општина Богданци, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на престој на деца на самохрани родители со месечни примања во висина до 12.000 денари во ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов“ Делчев Богданци.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  1.500денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за престој во детска градинкаод1.500денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот имаат лица со статус насамохрани родители на деца до петгодишна возраст  и тоа:

Ø  Невработени или вработени лица со месечни примања во висина до 12.000 денари.

Со барањето за субвенционирање на престој во детската градинка се доставува следната документација:

Ø  Фотокопија од Извод од матичната книга на родените (за дете) ;

Ø  Потврда за невработеност/ потврда за плата;

Ø  Изјава дадена под морална, материјална и кривична одговорност дека лицето, подносител на барањето е самохран родител;

Ø  Лична карта (на увид);

Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архиватана општина Богданциили преку пошта, на адреса : општина  Богданциул.„Маршал Тито“ бр.62Богданци;

Јавниот оглас ќе трае 10 дена од денот на објавувањето на веб страната на општината  www.bogdanci.gov.mk, и на огласната табла на општината, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 05.02.2016год.

 

Број 04-171/1                                                                                                                                                                           Градоначалник

26.01.2016                                                                                                                                                                           на општина Богданци

Богданци                                                                                                                                                                          Анастасија Олумчева с.р.        

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08- 2501/26 од 28.12.2015 година (Службен гласник на општина Богданци бр.15/2015), Градоначалникот на општина Богданци објавува : 

ЈАВЕН ОГЛАС 
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ 

 

Општина Богданци ќе врши обезбедување на остварувањето на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на општина Богданци, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици.

Вкупниот  износ на субвенцијата   ќе изнесува  300,оо денари  месечно за секој корисник  и е составена од една компонента и тоа:

  1. покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење од300,оо денари за секој корисник на услугата односно субвенцијата;

Право да поднесат  барање за субвенционирање од средствата на  Буџетот имаат лица со статус на:  корисници напостојанапарична помош  и тоа:

Ø  Лица на возраст над 65 години без никакви приходи ниту тој ниту семејството

Ø  Лица на возраст над 26 години со психофизички хендикеп и без примања;

Ø  Да се корисник на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци, корисникот на постојана парична помош или член на неговото семејство ;

Со барањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги се доставува следната документација:

Ø  Потврда дека е корисник на постојана парична помош;

Ø  Потврда за користење на услуги од ЈП „Комунална Чистота“ Богданци;

Ø  Лична карта (на увид);

Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават директно во архиватана општина Богданциили преку пошта, на адреса : општина  Богданциул.„Маршал Тито“ бр.62Богданци;

Јавниот оглас ќе трае 10 дена од денот на објавувањето на веб страната на општината  www.bogdanci.gov.mk, и на огласната табла на општината, а барањата ќе можат да се достават најдоцна до 05.02.2016год.

 

Број 04-170/1                                                                                                                                                                                                               Градоначалник

26.01.2016                                                                                                                                                                                                              на општина Богданци

Богданци                                                                                                                                                                                                               Анастасија Олумчева                                                                                                           

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
655305

Посетители

1066216
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
902
939
5214
26730
1066216

Server Time: 2017-07-21 22:32:48

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com