Општина Богданци                                                                                          

ОДДРЖАН СОСТАНОК НА ЛЕСС

На ден 15.12.2015 во просториите на општина Богданци (сала на совет) се оддржа состанок на Локалниот економско социјален совет Богданци. На состанокот присуствуваа членови, заменици членови и поканети гости  од приватниот сектор, синдикатите, јавната власт како и невладините организации во општина Богданци. На дневен ред на состанокот беше разгледување на предлог Програмата за активности на општина Богданци во областа на Локалниот економски развој во 2016 година – работна верзија и Прибирање на предлози за посета на саеми за 2016 година. На состанокот исто така се продискутираа различни теми и области при што на взаемен предлог како заклучок беа иницирани неколку конкретни барања за расправа на идната седница на Советот на општина Богданци како и превземање на одредени активности согласно ингеренциите на Советот на општина Богданци и Градоначалникот на општина Богданци. 

Завршување на реконструкцијата на Домот на културата Бранд Петрушев во Богданци

По повод завршувањето со реализација на активносите поврзани со проектот Отворена врата за културна размена - Градење на заедничка европска иднинаод страна на општина Богданци на ден 18.12.2015 година беше оддржана завршна пресконференција на која присуствуваа Градоначалникот на општина Богданци – Анастасија Олумчева, проект менаџерот – Ирена Ѓоргиевска и раководителот на Дом на Култура – Марјан Карастојанов како и заинтересирана група на граѓани.

 Активностите се реализираа со средства обезбедени од ИПА - Програмата за прекугранична соработка  на Европската Унија, во соработка помеѓу општина Богданци од македонска и општина Ќустендил од бугарска страна.

Во рамки на проектот општина Богданци го реконструираше Домот на културата „Бранд Петрушев“. Активноста опфати целосно реновирање на кино салата со обнова на кровот и  ѕидовите, замена на подот, нова бина и опремување со нов мебел, аудио и видео опрема.

Во рамки на проектот од страна на општина Богданци беа реализирани и други активности меѓу кои беше подготовката на сеопфатна Студија за презентација на културните, историските и фолклорните традиции на Богданци која има за цел да ја открие, анализира, зачува и пренесе на следните генерации културната традиција од овој регион. Резултатите од истражувањето се презентирани во форма на ЦД мултимедија (1000 примероци). Електронскиот производ ќе биде користен за културна и туристичка промоција на Богданци. Изминатиот месец беше одржан и културниот настан „Денови на Ќустендилскарта култура во Богданци“ на кој се презентираа повеќе уметници од областа на ликовната, музичката уметност и поезијата од Ќустендил и Богданци.

Од страна на партнерите, во општина Ќустендил, се реновираше и опремуваше Културниот центар „Објект 366“, а се одржаа и два културни настани на кои гостуваа уметници од општина Богданци. Беше издаден и каталог со празниците во двете партнерски општини кој ги промовира традициите во Ќустендил и Богданци.

Вкупниот буџет на проектот е 295.597,14 ЕУР. Фокусот на проектот е изградба на трајно пријателство и соработка помеѓу граѓаните на Богданци и Ќустендил, преку културна размена и зачувување на културното наследство на територијата на овие две општини.

 

СООПШТЕНИЕ

Ве известуваме дека општина Богданци, започна со собирање на електрична и електронска опрема (мали домашни апарати, телефони, фенови за коса, тостери, пегли, фритези, микропечки, блендери, миксери, тестатури, глувчиња и звучници од компјутери), односно целата опрема од домаќинствата која сакаме да ја одложиме и која содржи електрика /или електроника, вклучувајќи и сијалици, ламби и останата светлечка опрема за домаќинството.

Контејнерот е поставен на паркинг просторот на Автобуската станица во Богданци.

Собирањето на електронската и електричната опрема започнува од месец декември 2015 година и ќе трае до месец јули 2016 година.

Контејнерот ќе биде отворен од 08 до 14 часот секој ден.

Лице за контакт: Александар Олумчев, тел.071 207 480.

 

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА 2015

Активностите во рамки на проектот промовирање на оддржливи вработувања 4 и поддршка на Владата во спроведување на оперативниот план за активни мерки на пазарот на трудот за 2015 спроведуван во соработка со МТСП, АВРМ и УНДП во кој општина Богданци учествуваше со партнер институциите: ОЗП Богданци и дневниот центар за деца со посебни потреби а беа одобрени 3 вработувања на социјално ранливи тешко вработливи категории на граѓани се успешно реализирани.

      

Воедно информираме дека Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година е усвоен и официјално промовиран. Една од програмите во овој план е и Општинско- корисна работа, па така општина Богданци по успешно спроведените програми за 2013,2014 и 2015 најавува активно учество.

 

 

ДОНЕСЕНА НОВА ОДЛУКА ЗА КОМУНАЛЕН РЕД ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Советот на општина Богданци на Седницата оддржана на 03.12.2015 година донесе Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување во општина Богданци, која влегува во сила од 12.12.2015 година

Со  Одлукатасе уредуваат односите и начинот на вршење комуналните дејности меѓу давателите и корисниците на услугите на подрачјето на општина Богданции мерките за нејзино спроведување.

Текстот на одлуката може да го превземете од следниот линк каде подетално ќе се информирате за правата и обврските кои произлегуваат од истата.

Инспекциски надзор над спроведувањето на Одлукатавршатовластените општински комунални инспектори и редари

 

 

 

ДЕЛОВНИ ИНФОРМАЦИИ

ЛИНКОВИ

 

 

Културни настани

 

 

 

 
 
 
 
 
 
Број на гледања на артикли
615587

Посетители

1000941
Денес
Вчера
Оваа недела
Овој месец
Вкупно
948
925
8952
16987
1000941

Server Time: 2017-05-29 15:08:06

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Joomla template by Joomlashine.com